Добредојдовте на форумот на посветен на акваристиката.
МКРЕЕФ е форум кој е базиран на рамноправност на сите членови на кои слободно можете да им ги поставите сите ваши прашања и можете да бидете сигурни дека ќе добиете вистински и правилни одговори поткрепени со факти.
Поголемиот дел од форумот е исполнет со теми од областа на акваристиката, но тој е подеднакво отворен и за сите други теми и проблеми кои ги тангираат членовите и во една заедница во која преовладува пријателството, во интерес е секој на секого да му помогне во рамките на своите можности, знаења и професија. Тоа значи дека на форумот постои апсолутна слобода во изборот на темите. Единствен критериум кој е пожелно да се почитува, е следниот:
Задолжително е претставувањето на секој нов член во рок од 10 дена поради забележување на транспарентноста и обемното ниво на комуникација на форумот што секако допринесува и до развој на конструктивни дискусии. Тоа значи дека ИГНОРИРАЊЕ на овој критериум нема да се толерира и затоа ве молиме да ги следите инструкциите на администрацијата за полесно снаоѓање на форумот. Причината за воведување на овој критериум ја лоцираме кај одреден тип на „искусни“ и „професионални“ членови кои со помош на нивните извулгаризирани ставови предизвикуваат страв кај помладите да постават „глупаво“ прашање.
Па затоа ќе ве потсетиме дека
Нема глупаво прашање, глупаво е да не се праша!Слободно можете да прашувате се што ќе посакате бидејќи не постои таков што знае се, а оние што имаат став небаре ја „измислиле“ акваристиката или се трудат да ја искриват сликата на форумов наметнувајќи мислења кои предизвикуваат војна – за нив ќе нема место на форумот! Напротив, ова е форум кој ја развива соработката со сите други форуми кои ќе се оградат од желбата за докажување на одредени членови, односно „сезнајковци“.
Голем поздрав до сите акваристи и ве очекуваме да станете дел од
МКРЕЕФ...
Од администрацијата