Добредојде
@Tima и уште еднаш ти посакувам пријатен престој и дружба со заедницата.
Проблемот што го опиша е сосема нормален при стартување на аквариум. Имај во предвид дека потребен е период за циклирање кој трае околу 3-4 недели. Тоа значи го оставаш аквариумот без риби да циклира и да се формираат бактерии со кои се формира рамнотежа во водата.
Во оваа тема се опишани неколку проблеми што секој почетник се соочува:
[Login or Register]На форумот има многу пишувано за циклирањето. Искористи ја формата за "search" и ќе најдеш многу теми поврзани со ова. Што се однесува до белата алга таа ќе ја снема со текот на времето. После можеш да ставиш анциструси и тие можат да помогнат пошто со неа се хранат.
Најдобро е да отвориш нова тема, претстави го аквариумот со димензии, прибор, декорација, стави слики и ќе ти помогнат членовите. Во меѓувреме погледни ги аквариумите на другите членови, погледни како се претставени, што користат за нив, т.е. како се креирани и почни некои работи да ги применуваш.
Тука сме за се што треба.