Ќе си дадам за право да отворам нова тема поврзана со фотографијата, долго време сум вљубеник во фотографија, и си сликам кога ќе начекам некој интересен момент (ова кога ќе начекам е затоа што немам Апарат, и сликам со телефонот ) Па додека не допрам до Canon 550D или 1100D сликите кои ќе ги постирам ќе бидат од Nokia N73
Ако ве бендиса темата, а знам дека има и други вљубеници во фотографијата на форумов, слободно можете да постирате и ваши слики на темава па да си се фалиме, караме, контраме и сл. Еве и некоја аматерска слика сликана од мене.