Нека биде односно колку што успеав да разберам правило е за претставување со пишување-отварање пост-тема па во случајов две-во едно...
Почетник сум во акваристикава и сеуште сум во фаза на прибирање информации но има едно нешто што од самиот почеток ме двоумеше а и сеуште се прашувам (иако веќе изработив еден стаклен аквариум) е што е подобро за аквариум СТАКЛО ИЛИ ПЛЕКСИГЛАС?
Ваши искуства и информации ме интересираат, чичко гугл веќе го прочешлав, и таму кога ќе дојде делот на споредба односно прос енд конс (pros & cons) во скоро секоја споредба позитивното оди кон плексигласот а сепак сеуште преферираат и изработуваат стаклени аквариуми...
п.с. Се извинувам ако е повторувачко прашање и веќе постоечка тема, ќе ми треба малку време додека се снајдам со навигацијата на форумот...