Концептуално различна организација.
Дел од зеленилото се скрати, многу беше нараснато. Филтерот отиде лево, кај греачот и сега се скриени позади „џунглата”. Го решив и проблемот со премногу силната струја од пумпата - ги исчистив отворите од кои излага водата. Имаше наслаги кои ги стеснуваа. Старите викаат: лекот е пет пари, ама кој го знае.
Личи дека на Цветко му се допаѓа. Малку плива во широкото, па малку се пика во џунглата. Синко вика дека фали само уште еден камен на чистинката десно, да разбие малце. Може и тоа да се проба, некој ден.
При чистење на филтерот приметив дека делот со активен јаглен како да почнал да се „троши”. Сега сум во недоумица што да правам и дали воопшто да правам нешто.
• Може да не правам ништо дур да се потроши скроз, па тогаш да ја имам истава дилема. Сегашниов тера од летоска
• Да го баталам и наместо него да ставам уште еден слој (овој пат поситен) сунѓер или филц
• Да го баталам и место него да ставам керамика за дополнителна био филтрација
• Да ја баталам фабричката касета но не и јагленот. Наместо во касетата јагленот да го ставам испреплетен со филц/сунѓер. Ред филц, ред јаглен, ред филц... Како лазања ;-)
Ако е фактор во одлуката, водата за во аквариумот не ја третирам никако освен што ја оставам да отстои неколку дена, со идеја да се дехлорира природно.
[Login or Register]