mkreef.com - Македонски форум за слатководна и морска акваристика

Freshwater Forum / Форум за Слатководна Акваристика => Слатководни Аквариуми на членови/Slatkovodni akvariumi => Topic started by: Kiko on December 20, 2015, 04:13:48 AM

Title: UFO 550
Post by: Kiko on December 20, 2015, 04:13:48 AM
Од каде ти е купен аквариумот, и по која цена, ако не е тајна, и ако ти текнува, зошто гледам од пред скоро 3 год. ти е...? :)

Кој од продавнициве во Скопје ги носи...?

Гледам по постовиве генерално позитивно мислење имаш, освен со малото затемнување што го прави горниот филтер во позадината на аквариумот, кажи ми како си задоволен од квалитетот на филтерот, брка работа за таа литража...? Има можност, со малку „гимнастика“, да се стави ектерен канистер, така...?

Слободно пиши и некоја пофалба/замерка ако ти текне, зошто за скоро 3 год. би требало да му ги знаеш сите цаки :)
Title: Re: Одг: UFO таканаречен аквариум :)
Post by: vladoma on December 20, 2015, 02:06:48 PM
Од каде ти е купен аквариумот, и по која цена, ако не е тајна, и ако ти текнува, зошто гледам од пред скоро 3 год. ти е...? :)

Кој од продавнициве во Скопје ги носи...?

Гледам по постовиве генерално позитивно мислење имаш, освен со малото затемнување што го прави горниот филтер во позадината на аквариумот, кажи ми како си задоволен од квалитетот на филтерот, брка работа за таа литража...? Има можност, со малку „гимнастика“, да се стави ектерен канистер, така...?

Слободно пиши и некоја пофалба/замерка ако ти текне, зошто за скоро 3 год. би требало да му ги знаеш сите цаки :)

Арно се сеќавам како и каде го купив, Нарачан беше од сајтот www.aquashop.com.mk. Продавничето беше од Штип, и си имаа сајт од кој можеше да си нарачаш аквариум и они ти го носеа до дома сосе фискална сметка.  Сега сајтот не функционира а бројчиња што ми се останати во телефонот се 032 613 282 и 078 584 782 па ако сакаш провери да видиш дали уште постојат и зошто сајтот не им работи. На друго место во МК го немам сретнато аквариумов. Цената ако не се лажам беше околу 17000 денари сосе сталажа (+- некоја иљадарка)
Инаку од аквариумот генерално сум задоволен ама си има и свои слабости. Мене најважно ми беше што е аголен аквариум и се продаваше сосе сталажа, и конкретно кај мене си се вклопи супер во просторот. Капакот треба цел да се дигне и да се префрли на страна (на стол, маса)  за да може да се работи во аквариумот. Има мод каде може да се подигне без да се трга од аквариумот ама тоа не е тоа, така ке смета. Филтерот во капакот си врши работа и многу едноставно се чисти и одржува ама пак поради неговите димензии мора да се чисти барем еднаш неделно, тоа највеќе подразбира промивање на синтетичката волна. И сигурно не е ефикасен како канистрите, например ако го стопирам да работи па го пуштам покасно, дел од наталоженото ѓубре се враќа во аквариумот.
Е сега недостатоците мене што ми сметаа ке ги набројам
1. Имаше слабо фабричко светло како за тревнат аквариум и за висина од 45 цм, само 2x11w PL неонки. Ја направив модификација и бутнав една 55 ватна PL неонка, ама тоа подразбира сечење/лепење и прелепување на пластиките, замена на баластите со електронски, додавање на вентилаторче итн  И се уште ке пробувам да додадам дополнително светло.
2. Затоа што аквариумот е во ќош нема многу простор за дополнителни работи како: разводници за струја, CO2 боца, големи канистри. А внатрешниот простор на сталажата е релативно мал за тие работи. така да тука треба снаоѓање :) Генерално кога чепкаш во аквариумот достапна ти е само една страна од него, што понекогаш е проблем.
3. Филтерот во капакот е вид на wet&dry филтри а тие се познати по тоа што го губат CO2 така да мислам дека кај мене и тоа е проблем, иако со 2 меурчиња во секунда во моментов си терам ок, ама пак ако сакам да ставам   CO2 атомизер не можам поради филтеров.
4. Генерално е потешко да направиш убав акваскејп во аголен аквариум отколку во коцкаст аквариум каде ги имаш на избор сите комбинации.

Има еден пост од австралиски форум за некој батка што направил гимнастика каква што тебе те интересира модифицирајќи го аквариумот на линк http://www.aquariumlife.com.au/showthread.php/37860-Advice-for-an-Aquaone-UFO-550.
И покрај сите модификации што ги направив на аквариумот сепак сеуште си изгледа убав како од првиот ден и ми прави мерак :)...
Title: Re: Одг: UFO таканаречен аквариум :)
Post by: Kiko on December 20, 2015, 05:11:55 PM
560855

Си работи сајтот, баш прееска налетав на него, а го отворив и сега откако кажа дека не работи, најверојатно било нешто моментално.

Фала ти многу за исцрпните одговори, многу значи кога некој ќе пренесе лично искуство.

Ако се решам да го земам, ќе го земам најверојатно без сталажа, зошто со разликата од 5.000 ден. ќе направам 3 сталажи, и тоа какви сакам :)

1. Уште не можам да се решам што би чувал во него, така да ќе видам што ќе правам со светлото.

2. Бидејќи планирам да ја правам сталажата сам, план ми е да ја направам на јаки, а лесно подвижни, тркалца, за полесно „одлепување“ од ќошот, со цел да може да се работи од сите страни.

3. Планот ми е механичката филтрација да ја правам со екстерен канистер, а биолошката со wet&dry филтерот, така што веќе прочистената вода од екстерниот канистер да оди во топ филтерот.

4. Ќе импровизирам нешто, па ќе видиме како ќе излезе :)

Ако не ти проблем, да те замолам да ги измериш и да ми ги кажеш точните димензии на аквариумот, т.е. според сликава:

(https://dl.dropboxusercontent.com/u/70789737/akvarium-ufo-550-dimenzii.jpg)

Должините на 3 и 4 би требало да се исти, и за 3 и 4 ми треба димензија баш како на сликата, од почетокот, до крајот, до каде што се сечат 3 и 4, за да знам колку см ќе има од ѕидот до почетокот на предното стакло од аквариумот. Ги има димензиите на сајтот, само не ми се баш многу јасно претставени :)

Ти благодарам уште еднаш.
Title: Re: Одг: UFO таканаречен аквариум :)
Post by: p on December 21, 2015, 02:39:44 AM
@Kiko

провери во „Декспорт оаза“ дали имаат ваков вид на аквариуми пошо и тие знаат да носат готови (фабрички) изработки и на крајот направи споредба која понуда повеќе ќе ти одговара.   :icon_thumright:

Title: Re: Одг: UFO таканаречен аквариум :)
Post by: Kiko on December 21, 2015, 07:52:47 AM
560855

Фала за сугестијата, ќе ѕирнам и кај нив ;)

Се чув и со дечките од Aqua Shop, моментално го немаат на залиха, ќе добијат нова роба негде кон средината на Јануари, па ќе видиме што-како-зошто тогаш, само чекам да видам @vladoma ако може да ми ги пише димензиите според сликата што ја прикачив, да видам дали и како би се вклопил во ќошот што го планирам за него, да не излезе џабе целата работа после ако не одговараат димензиите, зошто малку е специфицен тој ќош :)
Title: Re: Одг: UFO таканаречен аквариум :)
Post by: p on December 21, 2015, 09:49:02 AM
ти предлагам да си отвориш нова тема за плановите на твојот нов аквариум и таму да се продолжи дискусијата со цел да не одиме многу офтопик. ;)
Title: Re: Одг: UFO таканаречен аквариум :)
Post by: vladoma on December 21, 2015, 10:45:37 AM
Кико баш би ми било мерак ако некој има како мојот аквариум, Ако направиш сталажа за таа цена што ја спомна можеби и јас ќе ти бидам кандидат да ја купам, зошто мојава не ми одговараше по боја ама друга немаше. Со твојата идеја за тркалца и поместување јас не би си играл затоа што центарот на тежа на овој аквариум е поместен нанапред и опасно е да падне на лице, Јас конкретно ја заштрафив сталажата на ѕид за да не му ја мислам, Поголем проблем ми беше што немаше ногарки со нивелирање и морав испод секоја ногарка да ставам парчиња дрво за да го нивелирам,. И тоа трае долго многу долго затоа што сталажава имаше вкупно 10 ногари !!
Идејава со механичка филтрација  надвор а биолошката по старо е интересна и ме стави на мисла затоа што од позадина има место за влез на цевки во аквариумот...

Вака димензиите ги измерив и со незнам каква точност се
1 -. 55 цм ....а позади  се крева до 64 цм (затоа кога ќе се спојат 4 вакви аквариуми во круг изгледа како вистинско UFO.
2 -44.5 цм
3 и 4 - 55 цм (од таму називот UFO 550) , а мерено по ѕидот со процем од 3.5 цм меѓу ѕидот и аквариумот изнесува околу 60 цм
5 - 16 цм
6 - 87,5 цм

Јас живеам во тафталиџе, ако сакаш да го видиш аквариумот пред да го земеш, (а да не одиш то Штип) слободно повели кај мене....
Title: UFO 550
Post by: Kiko on December 21, 2015, 01:28:00 PM
Продолжување на дискусијата од тука:

http://forum.mkreef.com/index.php?topic=8506.0

Ја молам администрацијата, доколку може, да ги префрли сите мислења од таа тема, во оваа тема, почнувајќи од моето прво мислење во таа тема:

http://forum.mkreef.com/index.php?topic=8506.msg168351#msg168351

па се до последното.

Благодарам.
Title: Re: Одг: UFO таканаречен аквариум :)
Post by: Kiko on December 21, 2015, 01:28:59 PM
560855 (Сеуште не можам да давам карма, не гледам никакво копче за тоа, па изгледа ќе треба прво да исполнам некои услови)

Ептен е фаца аквариумот, има некој посебен шмек со тоа предната облина, плус тоа што оди во ќош, каде што во принцип ретко и што се става по ќошеви, е плус повеќе :)

Ти благодарам за понудата да поминам до кај тебе, димензиите малку ми „поматија вода“, затоа што баш накај тој ќош се отвора врата, и во најдобар случај ептен ќе биде кнап, така да кога ќе се одлучам 100% дека ќе го земам, обавезно ќе те контактирам да поминам, ти благодарам уште еднаш за понудата ;)

Што се однесува на сталажата, во право си, нешто слично како на времето кога правеа сталажи за оние старите CRT телевизори, каде што центарот на рамнотежа е поместен нанапред, а уствари никој не обрнуваше внимание на тој момент :) Планот ми е да поставам повеќе тркалца на предната страна, и со тоа би ја избалансирал тежината што тркалцата ќе треба да ја трпат, а што се однесува на цената, табла 16-ка иверица е негде околу 3.000 ден. +/-, а за оваа сталажа повеќе од пола табла не би требало да отиде, нормално сега карикирам, ама тука негде е математиката... Околу нивелирањето, има тркалца со подесување на висината, само не знам по која цена се движат... Ќе треба да се простудира малку подетално ова околу сталажата, го замислив чисто онака како идеја, али како и да е, добро си направил што си ја фиксирал за ѕидот, и јас би ја заштрафил за ѕидот, и би ја отштрафувал само кога би имало потреба да се помести...

Околу филтрацијата, wet&dry е дури и подобра варијанта за биолошка филтрација, и тој топ филтер скоро и да ќе заборавиш да го чистиш, затоа што целата нечистотија ќе ти биде во екстерниот канистер, а од друга страна пак, екстерниот канистер ќе можеш да го чистиш без многу мислење дали ќе ги уништиш корисните бактерии, затоа што нив ќе ги имаш во топ филтерот којшто скоро и нема да го пипаш :)


@pocttopus: Отворив нова тема:

http://forum.mkreef.com/index.php?topic=10539.0

така да слободно може да ги преместиш сите мислења од оваа тема во таа тема ;)
Title: Одг: Re: Одг: UFO таканаречен аквариум :)
Post by: p on December 21, 2015, 02:30:42 PM
560855 (Сеуште не можам да давам карма, не гледам никакво копче за тоа, па изгледа ќе треба прво да исполнам некои услови)
нема потреба од исполнување на посебни услови за користење на карма, потребно е да кликнеш на линкот од профилот како што е означен со стрелката на сликата, а единственото ограничување е кармата што може да се доделува само еднаш во денот (клик на сликата за подобар преглед).

[Login or Register]

@pocttopus: Отворив нова тема:

http://forum.mkreef.com/index.php?topic=10539.0

така да слободно може да ги преместиш сите мислења од оваа тема во таа тема ;)
мислењата се споени, но поради различното време на објава на последното мислење во претходната тема, оваа тема можеби малку ќе ви делува со измешан редослед за кој се надевам дека нема да претставува поголем проблем.  :happy:
Title: Одг: UFO 550
Post by: vladoma on December 21, 2015, 11:16:59 PM
   Кико ако имаш искуство дека со аквариум со сталажа на тркалца е можно и лесно да се поместува аквариумот онда е супер, одржувањето би било многу полесно, ја моментално чекам да поминат 3 години да направам ремонт на аквариумот па да поправам нешто позади аквариумот. На почетниот сетап имав залепено позадина, кога се одлепи сам знам како го исчистив стаклото во процеп од саму 3 цм  :icon_scratch:.  Ама гледајќи како лесно таласа водата од аквариумот кога има земјотрес (дури и на јако дување на ветер се осеќа, зошто сум на 14-ти спрат) некако сум скептик за тркалцата....
   Со механичката филтрација ме стави на мисла, претпоставувам тоа се обични канистри но наместо прстени и биолошки филтри ставен е само материјал за механичка филтрација, сунѓери и синтетичка вата ?.. Со тоа би се намалило одржувањето на филтерот од еднаш неделно на претпоставувам еднаш месечно ... па уште и UV ако има, мераци ...
Title: Одг: UFO 550
Post by: DimitarJ on December 22, 2015, 05:23:16 AM
 basd

Imas trkalca so kocnica
Plus imas da si izberes koja tezina treba da nosat. Ova so tezinata e mnogu bitno koga stanuva zbor za akvarium.
Title: Одг: UFO 550
Post by: Kiko on December 22, 2015, 06:44:52 AM
Немам искуство, ама како што спомна и @DimitarJ, целата финта е во квалитетот на тркалцата, за која тежина ќе бидат декларирани истите, и како ќе бидат распоредени, но како што спомнав и претходно, како дополнителна сигурност, би ја фиксирал за ѕидот, исто како ти што имаш моментално направено, и би ја отштрафувал само кога ќе има потреба за поместување... Инаку точно знам што мислиш за таласањето на водата при земјотрес, го имам искусено истото кога живеев на 4-ти (6-ти) спрат :)

Околу филтрацијата, точно така, баш тоа е идејата, екстерниот канистер да биде само за механичка филтрација, и кога ќе дојде време за чистење, само го вадиш, го чистиш убаво, го враќаш, и толку, посебно ако имаш нешто како EHEIM-овите "double tap with quick release coupling" вентили, вадењето на филтерот ќе ти биде секунда работа :) Инаку да, доколку е со UV, уште поубаво, ама може да се помине и со SUNSUN HW-603B, за 40-тина долари од eBay, зависи колку сакаш да инвестираш :)
Title: Одг: UFO 550
Post by: vladoma on December 22, 2015, 11:30:05 PM
Околу филтрацијата, точно така, баш тоа е идејата, екстерниот канистер да биде само за механичка филтрација, и кога ќе дојде време за чистење, само го вадиш, го чистиш убаво, го враќаш, и толку, посебно ако имаш нешто како EHEIM-овите "double tap with quick release coupling" вентили, вадењето на филтерот ќе ти биде секунда работа :) Инаку да, доколку е со UV, уште поубаво, ама може да се помине и со SUNSUN HW-603B, за 40-тина долари од eBay, зависи колку сакаш да инвестираш :)

Немам искуство со канистри, тс дали ке направат огромна разлика од мометалниот филтер во капакот, а генерално и сега чисењето на синтетичката волна е секунда работа и дефинитивно е поедноставно отколку користењето на канистер. Стратешки во план ми е некој де да земам за да се најде :), ама гледам кај почетните мали канистри иако пишува дека се ок за 100 лит аквариум, имаат проток од 300/400 литри на час а на пумпата од UFO 550 пишува 750 литри на час....
Title: Одг: UFO 550
Post by: Kiko on December 23, 2015, 06:24:40 AM
Зависи од канистер до канистер, и декларираната литража на час на пупмата, најчесто се однесува на празен канистер, без никакви филтри, т.е. слободен проток на водата :) Али ако чистењето ти е едноставно, и генерално си задоволен од работата на филтерот, како и квалитетот на водата со тој филтер, тогаш немаш гајле, нема потреба да си ја комплицираш работата околу чистењето, да имаш дополнително моткање на црева, и слично ;)
Title: Одг: UFO 550
Post by: DimitarJ on December 23, 2015, 09:10:43 AM
od moe iskustvo bolja stvar od sump nema.
posle ova bi dosol top filter
pa sleden bi bil kanister.

vnatresnite filtri ne se u konkurencijava. inaku tie se najlesni za odrzuvanje.

sekako kanisterot stedi prostor i ako ti treba da bide nadvor t.e. da ss gleda - licen e na oko.

Sent from my QUART QT650 using Tapatalk

SimplePortal 2.3.7 © 2008-2024, SimplePortal