Познато ни е дека формулата со шеќер и квасец е најефтината варијатна за продукција на СО2 за потребите на нашите тревнати аквариуми, но поради неконстантноста и нестабилноста на оваа смеса наидуваме на проблеми при растворањето на гасот. Секој дифузер кој работи на принцип на ситнење на гасот не е ефикасен за растворање на истиот. Затоа, ќе ви претставам еден друг модел кој 100% функционира, независно од степенот на активност на квасецот.
Станува збор за пластична кутија на која од горната страна се наоѓа влезот за СО2, а самата кутија се наоѓа во вода (како на сликата).

Димензијата на кутија т.е. допирната површина гас-вода, како и kH на водата, претставуваат клучни параметри за одржување оптимална концентрација на СО2 во аквариумот.
Пример: За аквариум од 100L, во кој kH на водата е 10, потребна е допирна површина од 30см2. Доколу се работи за кружна кутија, истата треба да биде со дијаметар од 6см.
При секој начин на додавање на СО2 во аквариумот, задолжително е следење на рН на водата, на пример со drop checker, кој ни овозмужува континуиран мониторинг на концентрацијата на СО2.