collapse

* Prebaruvanje


* Posledni Postovi

DOBRO UTRO by NO CARRIER
[Yesterday at 10:05:47 PM]


"Prematurity" by NO CARRIER
[September 17, 2021, 10:01:27 PM]


Blue magic - by nikouro by DimitarJ
[August 12, 2021, 01:40:22 AM]


Baram sovet , sakam fontana so bazence vo dvor by LILJANA
[June 05, 2021, 07:30:10 AM]

The first post content
Сакам да му направам upgrade на стариот аквариум и да си земам еден околу 100л за во канцеларија (од прилика 70х40х40).

Сакам да ги задржам и старите жители (моли, платици и сл.) и растенијата и ми треба некоја рипка за "wow" момент.

Планирав да ставам 4-5 дискуси, но откако се изначитав колку биле незгодни за чување некако се премислувам. Сепак се работи за канцеларија па во недела обично нема кој да ги нахрани, вода менувам еднаш на 15тина дена итн... Значи има момент кога крцаме со работа па може да ги заборавиш. До сега имав 30тина-40 литарски со живоротки и нешто особено не се бунеа на ваквиот режим на живот, ама се плашам дека ако земам дискуси тоа би било преголем залак?

Имате ли некоја алтернатива за убави рипки кои може да живеат во канцелариска средина и тоа да не им е мачење?

 :icon_scratch:

Link

Author Topic: Дискуси за во канцеларија?  (Read 2640 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline FeelLikeFish

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Nov 2012
  • Location: Skopje, Macedonia
  • Age: 34
  • Posts: 103
  • Activity:
    0%
  • Karma: 7
Дискуси за во канцеларија?
« on: January 20, 2015, 08:35:50 AM »
Сакам да му направам upgrade на стариот аквариум и да си земам еден околу 100л за во канцеларија (од прилика 70х40х40).

Сакам да ги задржам и старите жители (моли, платици и сл.) и растенијата и ми треба некоја рипка за "wow" момент.

Планирав да ставам 4-5 дискуси, но откако се изначитав колку биле незгодни за чување некако се премислувам. Сепак се работи за канцеларија па во недела обично нема кој да ги нахрани, вода менувам еднаш на 15тина дена итн... Значи има момент кога крцаме со работа па може да ги заборавиш. До сега имав 30тина-40 литарски со живоротки и нешто особено не се бунеа на ваквиот режим на живот, ама се плашам дека ако земам дискуси тоа би било преголем залак?

Имате ли некоја алтернатива за убави рипки кои може да живеат во канцелариска средина и тоа да не им е мачење?

 :icon_scratch:

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #1 on: January 20, 2015, 09:20:46 AM »
тревнат аквариум со помали јатни риби.
на почеток ќе инвестираш нешто повеќе околу осветлување и препарати доколку тревките имаат потреба од нив, но барем за викенд ќе бидеш повеќе раат.




Offline DimitarJ

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 46
  • Posts: 7382
  • Activity:
    1%
  • Country: 00
  • Karma: 160
    • LID
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #2 on: January 20, 2015, 12:29:52 PM »
Probaj so skalari.
Investiraj vo kanister i ke nemas gajle so promeni na 2 nedeli.
Inaku wow moment moze da dade i bilen akvarium so jato od 100 neonki.

Offline viktorr

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Oct 2014
  • Location: skopje
  • Age: 33
  • Posts: 367
  • Activity:
    0%
  • Karma: 13
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #3 on: January 20, 2015, 01:36:26 PM »
ако ти е за хранењето ништо страшно 1 ден диета, а за менување вода исто така 2 пати месечно поголема количина смени и готово не се откажувај ако ти прават мерак

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #4 on: January 20, 2015, 01:41:33 PM »
ако ти е за хранењето ништо страшно 1 ден диета, а за менување вода исто така 2 пати месечно поголема количина смени и готово не се откажувај ако ти прават мерак
дали го погледна овој борд? барем големината на аквариумите... :icon_scratch:
http://forum.mkreef.com/index.php?board=111.0

Offline viktorr

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Oct 2014
  • Location: skopje
  • Age: 33
  • Posts: 367
  • Activity:
    0%
  • Karma: 13
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #5 on: January 20, 2015, 01:52:21 PM »
погледнав и ?????у  стилот мала е литражата за 4-5 дискуси

Offline FeelLikeFish

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Nov 2012
  • Location: Skopje, Macedonia
  • Age: 34
  • Posts: 103
  • Activity:
    0%
  • Karma: 7
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #6 on: January 21, 2015, 12:08:08 AM »
Идејата со јато од неонки баш ми е ок 560855

Со многу растенија и јако осветлување веројатно може да се постигне добар ефект...

Макар што пак би сакал нешто поголемо и поупадливо како индивидуално рипче во аквариумот. Денес ќе одам во Немо да видам што имаат на избор моментално.

И добро еве за скалари немам читано, не е малку ризично да земат да ги јадат неонките помали на пример?

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #7 on: January 21, 2015, 12:21:57 AM »
кај мене се случи нешто такво во аквариум од 150 литри со 5 скалари, но не успееја сите да ги „изедат“ (нападнат) туку само неколку.
ако се големи скаларите, можат да бидат незгодни кон помали риби иако по нивната природа се мирољубиви.

за комбинација од скалари и неонки во 100 литри аквариум повторно е дискутабилно за мене.
моето мислење е да се определиш помеѓу овие две опции, мада повеќе „навивам“ за неонките.

погледни на јутјуб видеа со јато неонки и направи споредба што повеќе те привлекува.
почекај да видиш што ќе ти предложат и другите колеги... не брзај...  :icon_thumright:
« Last Edit: January 21, 2015, 12:24:58 AM by pocttopus »

Offline decobt

  • Super clen
  • ****
  • Join Date: Feb 2011
  • Location: Битола-Скопје-Битола
  • Age: 30
  • Posts: 900
  • Activity:
    0%
  • Karma: 42
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #8 on: January 21, 2015, 01:50:30 AM »
Ако ги чуваш скаларите од мали заедно со ситна риба, нема да имаш воопшто проблем. Проверено!  :icon_thumright:
Како да знаеш дали рибата е машко или женско?
Фрлиш храна во аквариумот и ако ја изел е машко, а ако ја изела е женско.

Offline FeelLikeFish

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Nov 2012
  • Location: Skopje, Macedonia
  • Age: 34
  • Posts: 103
  • Activity:
    0%
  • Karma: 7
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #9 on: January 24, 2015, 11:59:35 AM »
Ај да не отварам 100 теми ќе си прашам тука.

Се фино што се изначитав по форумов и по нетов општо за првично циклирање на аквариум, ама кај да најдам кај нас тест кит за мерење на ниво на амоњак, нитрити и нитрати при првично циклирање? Од кај да знам инаку кога се развиле доволно поволни бактерии за амоњакот и нитритите да се 0?


 ebate beljata

Offline Ivan

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Aug 2012
  • Location: Skopje
  • Age: 30
  • Posts: 88
  • Activity:
    0%
  • Karma: 4
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #10 on: January 24, 2015, 03:41:49 PM »
Imas u Nemo, a i na drugi mesta sigurno

Offline viktorr

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Oct 2014
  • Location: skopje
  • Age: 33
  • Posts: 367
  • Activity:
    0%
  • Karma: 13
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #11 on: January 25, 2015, 01:06:15 AM »
или викно го Ivan да ти провери како ја што направив  :D happyy

Offline FeelLikeFish

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Nov 2012
  • Location: Skopje, Macedonia
  • Age: 34
  • Posts: 103
  • Activity:
    0%
  • Karma: 7
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #12 on: January 25, 2015, 03:56:37 AM »
Не отидов во Немо тогаш кога реков дека ќе одам, а во локалниве околу мене немаат...

Ајде утре се надевам ќе имам време да тргкнам до Карпош па ќе видиме дали имаат.

Offline viktorr

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Oct 2014
  • Location: skopje
  • Age: 33
  • Posts: 367
  • Activity:
    0%
  • Karma: 13
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #13 on: January 25, 2015, 05:21:56 AM »
 за амониумот и нитратите можеш да оцениш по однесувањето на рибите, полжавите, шримповите и по самата вода горе- доле али за тоа треба искуство малце поише иначе 0колу 500 ден мислам дека се тестовите

Offline FeelLikeFish

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Nov 2012
  • Location: Skopje, Macedonia
  • Age: 34
  • Posts: 103
  • Activity:
    0%
  • Karma: 7
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #14 on: January 25, 2015, 09:01:27 AM »
Уф малце потешко тоа со искуството а плус и не би сакал да ги малтретирам жителите во неисциклиран аквариум. Макар што по се изгледа досегашните 5-6 жители на малиот аквариум ќе мора многу брзо да сменат средина зошто за двата паралелно да работат (и стариот мал и новиот голем) ќе немам место  :no:

И уште едно прашање - гледав кај еден другар „купечки“ (сакам да кажам не лепен туку фабрички) аквариум со вградена филтрација во самиот аквариум (во капакот). Има некој искуство со ваква филтрација? Или сепак е побезбедна варијанта со надворешни филтри да се оди? Цената секако е посолена во споредба со лепен аквариум, но од друга страна ми е далеку помалку замарање во почетната фаза (некако стаклариве во близина немаат некое искуство со аквариуми и ми е страв што силикон и што стакло ќе ми стават - не од аспект на дебелина туку страв ми е да ни ми подметнат некој претходно користен отпадок...)

nuisance

  • Guest
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #15 on: January 25, 2015, 09:26:09 AM »
Уф малце потешко тоа со искуството а плус и не би сакал да ги малтретирам жителите во неисциклиран аквариум. Макар што по се изгледа досегашните 5-6 жители на малиот аквариум ќе мора многу брзо да сменат средина зошто за двата паралелно да работат (и стариот мал и новиот голем) ќе немам место  :no:

И уште едно прашање - гледав кај еден другар „купечки“ (сакам да кажам не лепен туку фабрички) аквариум со вградена филтрација во самиот аквариум (во капакот). Има некој искуство со ваква филтрација? Или сепак е побезбедна варијанта со надворешни филтри да се оди? Цената секако е посолена во споредба со лепен аквариум, но од друга страна ми е далеку помалку замарање во почетната фаза (некако стаклариве во близина немаат некое искуство со аквариуми и ми е страв што силикон и што стакло ќе ми стават - не од аспект на дебелина туку страв ми е да ни ми подметнат некој претходно користен отпадок...)
Pa odi kaj lugevo sto lepat akvariumi strogo

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #16 on: January 25, 2015, 09:29:38 AM »
има ли слика да се погледне од тој аквариум со таков филтер и која му е цената?
секое „замарање“ помалку, се плаќа поскапо... така да одлуката е твоја бидејќи самиот си одредуваш финансиски буџет за аквариумот и опремата.

стаклар за аквариум до 100 литри лесно се наоѓа што ќе се нафати и што ќе го залепи. треба да си најдеш некој што не е површен во својата работа... а силиконот можеш и самиот да си го купиш, некој поквалитетен и тој нема да влезе во цената, освен работна рака + стаклото.
 
според мене да одвоиш време и внимание да се ангажираш малку повеќе да си најдеш некој солиден филтер и осветлување и да го стартуваш полека, но сигурно... :icon_thumright:



Offline vladoma

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Oct 2012
  • Location: Skopje
  • Age: 51
  • Posts: 403
  • Activity:
    0%
  • Karma: 54
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #17 on: January 26, 2015, 04:24:59 AM »
И уште едно прашање - гледав кај еден другар „купечки“ (сакам да кажам не лепен туку фабрички) аквариум со вградена филтрација во самиот аквариум (во капакот). Има некој искуство со ваква филтрација?

Ja momentalno koristam takov 100 lit. akvarium ama so sitni ripki, imam 30 mali ripki i 3 polzavi. i mislam deka filterot si ja vrsi rabotata,  e sega so pogolemi ribi kako na primer diskusi nemam iskustvo. Inaku filcot od takviot filter vo kapakot gledam redovno da go cistam ednas nedelno, sungjerceto go cistam vo akvariumska voda ednas mesecno i prstenite gi promivam so akvariumska voda ednas do 2 pati godisno...
Plasticnite kapaci se super za izgled ama ako ti treba nesto kako pojako svetlo vo akvariumot, togas ke imas problem, edno malce mesto ima vo kapakot poradi filterot vo nego , drugo zatoa sto e plasticen kapakot so sekoe dodavanje na sijalica ima sansi da pocne da se topi kapakot  aha (mene toa mi se desi i uste baram nacin kako da go pojacam osvetluvanjeto vo kapakot)

Offline FeelLikeFish

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Nov 2012
  • Location: Skopje, Macedonia
  • Age: 34
  • Posts: 103
  • Activity:
    0%
  • Karma: 7
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #18 on: January 28, 2015, 10:18:35 AM »
ОК, разгледав и единствена опција што доаѓа предвид како купечка е 75 должина, 55 висина, 35 ширина, со вграден филтер (капацитет непознат, според продавачот „адекватен за волуменот“), 2 неонки, греач и субстрат, 11.000 денари.

Ова е од прилика дупло поскапо од опцијата „залепи аквариум кај стаклар“. На изглед е стварно поубав, ако поради ништо друго тогаш заради добро изработениот капак и заоблените „ќошиња“ (фактички нема агли).

Е сега 55 некако ми звучи премногу висок...  :dontknow:

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Одг: Дискуси за во канцеларија?
« Reply #19 on: January 28, 2015, 10:35:49 AM »
висината е таман... ама овие готови аквариуми скапи...  :dontknow:
дупло поскапо? јас мислам дека е четири-пет пати поскапо!

аквариум не се зема само поради добро направен капак.
за да го направиш навистина треба да го сакаш ова хоби и да одвоиш време и внимание...  :icon_thumright:

Tags:
 

Users Online Users Online (27)
Members Google (2)
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2021, SimplePortal