Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Има многу прашања околу глината да се употрбува во аквариум или не? Многу акваристи се за и против. Јас лично сум за употреба на глина како прихрана за аквариумските растенија. До сега ја имам користено неколку пати, и не гледам некои нус појави во аквариумот, туку напротив нима подобрување кај растенијата. Хемискиот состав на глината е различен во зевисност од тоа каде таа се наоѓа. Глината може да биде во најразлични бои, бела,кафена,црвена,виолетова и сл. Бојата на глината наповеќе зависи од тоа кој минерал(читај елементи) се наоѓа во неа. На пример каолинот има бела боја поради минералите на колинитот. Хемискиот состав на каолинот е(2SiO2 x Al2O3 x 2H2O). Доколку во глината има повеќе примеси на железо бојата може да и биде кафена до црвена. До сега имам користемо глина која во нејзиниот состав има железо занчи црвенкаста глина. Последен пат бевме со Ненад да земаме глина од месноста Бањиче во Тетово. Таму има извори со минерална вода и водата изобилува со железо. Така да и самата глина е црвенакста, кафеава. Спремањето на глината не е некоја голема филозофија. доколку најдете глина и сакате да ја припремите за во аквариум доволно е прво да за “измесите“, доколку сте во можност во глината може да додадете и неколку зрнца на шалитра и да го измешате заедно со глината. Вака “измесена“ глината може да ја обликувате како на вас ви е најпогодно, стапчиња, топчиња, цинлиндри. Исто така доколку имате вишок ренде може и да ја изрендате на ситни гранули. Глината може да ја испечете во рерна или да ја оставите на собна температура да се исуши. Според некои акваристи глината би требала да се пече на 800 степени за да ја добие потребната тврдина. Јас ги практикувам вториот метод печење во рерна. Доколку се одлучите за покрупната варијанта најдобро е глината да ја ствите во коренот на растенијата, само треба да се напомене дека не теба да се преерува со ставање на глина. истата со тек на време се распаѓа и може да ја за“циментира“ подлогата во аквариум и тревите да ја немаат потребната циркулација на вода. Доколку се одлучите за рендана глина најдобро е да ја испечете во рерна. Ова е најдобро да се користи кај формирање на нов аквариум. Истата ќе ја измешате со подлогата, и над неа оди стандардниот слој на песок. Како и да колку побогата подлога во аквариумот толку ќе ви бидат и по благодарни растенијата.
禪
Author
Topic: Глина да или не? (Read 3156 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|