Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Скоро идеално решение, затоа што ништо не е совршено, инаку се работи за STC-1000 (или некое слично) модулче, на кое што може да се прикачат и грејач и кулер, прочепкајте на eBay и YouTube, и ќе сфатите за што се работи... На едните конектори се конектира грејачот, а на другите конектори се конектира кулерот, и си тера работа... При дефект на грејачот, доколку се заглави и не исклучува, за да немате „рибља чорба“ во аквариумот, модулчето ќе ја преземе улогата на термостатот, и тој ќе продолжи да го контролира грејачот, односно ќе продолжи да го уклучува и исклучува... Во случај пак модулот да откаже, и да го заглави релето на коешто е приклучен грејачот, тогаш грејачот ќе продолжи да си функционира како нормално да е приклучен во штекер, односно неговиот термостат ќе го регулира уклучувањето и исклучувањето... Е сега, доколку се случи грејачот да откаже и да престане да грее, или пак самиот модул откаже и престане да дава струја на излезите, тогаш со еден ваков сетап и нема баш многу што да се направи, па затоа најдобра варијанта е да се имаат два вакви сетапи, и во случај едниот да откаже, другиот продолжува да функционира... Се надевам дека на некој ќе му биде од корист темава
禪
Author
Topic: Решение за регулација на температура и заштита при дефект на грејач (Read 2172 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|