Здраво
@Mile993 и
на форумот
За почеток уште еднаш ти посакувам пријатен престој и дружба со членовите од заедницата.
Зависи каков аквариум имаш и што е потребно да се изработи. Секој стаклар не е погоден за изработка или поправка на аквариум. Наведи димензии да знаеме колку е голем аквариумот и со која дебелина на стакло е изработен. По можност постави слики да се види дали е само дното во прашање, начинот на лепење или има уште нешто што недостасува, а тоа се евентуални појачувања. Ова се дополнителни работи кои можат многу да влијаат во сигурноста на аквариумот.
За крај да те замолам да внесеш возраст на твојот профил, тоа е правило кое сите го почитуваме.