collapse

* Prebaruvanje

* Posledni Postovi

DOBRO UTRO by NO CARRIER
[Yesterday at 10:05:47 PM]

"Prematurity" by NO CARRIER
[September 17, 2021, 10:01:27 PM]

Blue magic - by nikouro by DimitarJ
[August 12, 2021, 01:40:22 AM]

Baram sovet , sakam fontana so bazence vo dvor by LILJANA
[June 05, 2021, 07:30:10 AM]

The first post content
Конечно дојде време да го реализирам мојот аквариум. Секакви препораки се добредојдени.
Аквариумот треба да биде околу 400литри со димензии:
- должина 160cm;
- ширина 50цм;
- висина 50цм (до 60цм во зависност од горните појачувања, капакот и слично...);

Изработка на аквариумот. - аквариумот најверојатно ќе го изработуваат Делфин, гледајќи ги нивните изработки гледам дека добро си ја познаваат работата. Дали имате препорака за други изработувачи?
Стаклото најверојатно ќе биде 12мм, некое поквалитетно што не ја прекршува светлината, максимална провидност, поцврсто.... - е сега тоа што повеќе ме мачи, каква комбинација да се направи да барем предниот дел да биде отпорен од кршење - со оштри предмети. Аквариумот ќе биде во стан на 4-ти спрат и сигурноста ми е битна како од истекување на вода но повеќе за безбедност за деца.
Ламинирано стакло ми кажаа дека со изгаснато светло се однесува како огледало.
Ставање дополнително на предниот дел плексиглас, мислам деќа ќе се изгуби провидноста и бистрината.
Една идеја мене што ми иде е ставање на дополнително сигурносно стакло, допрено или малку одделено од главното стакло - да добијам нешто како прозор со дупло стакло???

Постолје - метална конструкција, најверојатно исто така изработена од Делфин.
А мајсторот што ми ја правеше кујната, ќе ја обложи металната конструкцијата со фарбан медијапан, а на горниот дел ќе биде 40мм кујнска плотна. Постолјето сакам да го направам што е можно пониско, бидејќи над аквариумот треба да биде телевизор прикачен на ѕид.

Филтрација - Ги прашав нив [Login or Register] имаат патенирани биолошки филтри, дури немало потреба и водата да се менува. Цената за опремата е 135 евра. Како што кажуваат е бесшумна, дури даваат и 5 години гаранција на чистота на водата на нивните аквариуми. Им пишав за некои детали да ми кажат ама не ми одговорија, ќе треба да им се јавам и да ги распрашам повеќе, а треба и со Делфин да разговарам за ова.

Осветлување и капак - најверојатно Делфин ќе се погрижи за ова. Би сакал да добијам што е можно подобро светло, кое добро ќе ги осветлува рибити и ќе ги потенцира нивните бои.

Трева и друга декорација - централно во аквариумот би сакал да има песочен водопад со бел песок, белиот песок ќе продолжува кон предниот дел од аквариумот. Во задниот, лево, десно, и две островчиња лево и десно ќе бидат со комбинација на темен песок, камења, природна трева, дрва..... Наредни денови ќе прикачам шема како би сакал тоа да изгледа. Не планирам да користам CO2, така да тревата ќе биде некоја што не го бара тоа.

Риби - првично сакав Малави циклиди, ама тие ќе го уништат песокот и тревите за 5 минути. Најверојатно ќе одам некој микс со џуџести циклиди (Ram cichild многу ми се свиѓаат) и некои тангањика или американси циклиди кои не јадат треви, не копаат и не се агресивни спрема помалите циклиди. Препораки за комбинации се добредојдени. Рибите добро треба да се однесуваат на тврдата скопска вода од чешма, 10-30% менувања, директно од чешма без никакви третмани на неа.

Секој совет е добредојден.
Фала.

Link

Author Topic: Препораки за правење ~400л аквариум 160x50(60)x50  (Read 3837 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline Taurus

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Sep 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 40
  • Posts: 65
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Убав проект и со среќа стартот.  :icon_thumright: applause
Малку ми се измешани работите, па затоа ќе поставам неколку прашања (подоле) и нормално по некој совет на почеток.  :happy:

Изработка на аквариумот. - аквариумот најверојатно ќе го изработуваат Делфин, гледајќи ги нивните изработки гледам дека добро си ја познаваат работата. Дали имате препорака за други изработувачи?
Стаклото најверојатно ќе биде 12мм, некое поквалитетно што не ја прекршува светлината, максимална провидност, поцврсто.... - е сега тоа што повеќе ме мачи, каква комбинација да се направи да барем предниот дел да биде отпорен од кршење - со оштри предмети. Аквариумот ќе биде во стан на 4-ти спрат и сигурноста ми е битна како од истекување на вода но повеќе за безбедност за деца.
Ламинирано стакло ми кажаа дека со изгаснато светло се однесува како огледало.
Ставање дополнително на предниот дел плексиглас, мислам деќа ќе се изгуби провидноста и бистрината.
Една идеја мене што ми иде е ставање на дополнително сигурносно стакло, допрено или малку одделено од главното стакло - да добијам нешто како прозор со дупло стакло???
Најдобро е стаклото да не го обложуваш, т.е. да го оставиш какво што е. Ништо нема да го заштити стаклото ако некој дојде и со остар предмет го изгребе, а тоа може да се направи и со магнет за чистиње алга од внатрешната страна, така да што и да правиш со него само внимателно. Ако имаш страв од стаклото или од не дај боже поголемо оштетување, тогаш подобро не се нафаќај. Со 400 литри вода треба да бидеш малку повеќе храбар и внимателен на тие луѓе (претпоставувам деца) кога се во допир со него. Не поради аквариумот, туку поради децата!!! Инаку @Ненад на форумов исто така е профи во лепење. Го има на форумов во неколку теми.

Филтрација - Ги прашав нив [Login or Register] имаат патенирани биолошки филтри, дури немало потреба и водата да се менува. Цената за опремата е 135 евра. Како што кажуваат е бесшумна, дури даваат и 5 години гаранција на чистота на водата на нивните аквариуми. Им пишав за некои детали да ми кажат ама не ми одговорија, ќе треба да им се јавам и да ги распрашам повеќе, а треба и со Делфин да разговарам за ова.
Канистри има и во Декспорт во Лептокарија. Види што има и кај нив на лагер или разговарај што можат да донесат и по која цена. Од каде и да земаш канистер прашај си дали обезбедуваат материјали за одржување пошто со текот на времето може да се случи да откаже дихтунг или сл.

Осветлување и капак - најверојатно Делфин ќе се погрижи за ова. Би сакал да добијам што е можно подобро светло, кое добро ќе ги осветлува рибити и ќе ги потенцира нивните бои.
За осветлувањето веќе неколку пати на форумов го препорачуваме AB Light во изработка на @Aleksandar B. Неговите лустери се профи. Пробај контактирај го ќе ти даде понуда и на крај ќе си одлучиш.

Трева и друга декорација - централно во аквариумот би сакал да има песочен водопад со бел песок, белиот песок ќе продолжува кон предниот дел од аквариумот. Во задниот, лево, десно, и две островчиња лево и десно ќе бидат со комбинација на темен песок, камења, природна трева, дрва..... Наредни денови ќе прикачам шема како би сакал тоа да изгледа. Не планирам да користам CO2, така да тревата ќе биде некоја што не го бара тоа.
Во овој дел не ми се јасни плановите. Каква е таа природна трева и каде ќе се наоѓа? Внатре во аквариумот? 

Риби - првично сакав Малави циклиди, ама тие ќе го уништат песокот и тревите за 5 минути. Најверојатно ќе одам некој микс со џуџести циклиди (Ram cichild многу ми се свиѓаат) и некои тангањика или американси циклиди кои не јадат треви, не копаат и не се агресивни спрема помалите циклиди. Препораки за комбинации се добредојдени. Рибите добро треба да се однесуваат на тврдата скопска вода од чешма, 10-30% менувања, директно од чешма без никакви третмани на неа.

Секој совет е добредојден.
Фала.
Мое мислење џуџести риби во 400 литри вода нема да ги забележиш од подалеку. Афричките (тангањика) се хербивори и за нив најдобро е да имаш школки, но во 400 литри можеш да ставиш риби што ќе ги забележи секој од подалеку. Јато кардинал неонки во комбинација со скалари е прво што ми паѓа на ум. 

За крај, ако можеш остави поголем простор помеѓу телевизорот и аквариумот. Телевизорот не знаеме која величина ја има, но како што треба да имаш простор да работиш околу аквариумот и да не го повлечеш со себе, така и тој (аквариумот) треба да има простор за испарување, па доаѓаме до оној момент кога нели електроника над вода многу не е препорачливо.  :embarrass:

Се надевам дека помогнав во некои сегменти во носење на конечна одлука.  :happy:
« Last Edit: September 22, 2017, 06:37:50 AM by pocttopus »

Offline Taurus

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Sep 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 40
  • Posts: 65
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Убав проект и со среќа стартот.  :icon_thumright: applause
Фала, фала за фидбекот. Ќе известувам тука за прогресот со слики со инфо....

Ако имаш страв од стаклото или од не дај боже поголемо оштетување, тогаш подобро не се нафаќај.
Точно имам страв, ама не се премислувам. Само гледам на кој начин да го изведам тоа најсигурно. А 100% сигурност, јасно ми е дека не постои. За гребење не му се секирам, јбг кога тогаш ќе се изгребит.

Во овој дел не ми се јасни плановите. Каква е таа природна трева и каде ќе се наоѓа? Внатре во аквариумот? 
Погрешно се изразив, да на растенија мислев, внатре. Ќе користам исклучиво природни, не пластика.

во 400 литри можеш да ставиш риби што ќе ги забележи секој од подалеку. Јато кардинал неонки во комбинација со скалари е прво што ми паѓа на ум.
Пред аквариумот е гарнитурата, најодалечениот дел е 3,5м, така да дефинитивно треба и некоја поголема риба.
Скалари сакам да ги скокнам овојпат, од едноставна причина што ги чував претходно 15 години.
Јато неонки дефинитивно ми се допаѓаат, посебно кога се движат во јато.

За крај, ако можеш остави поголем простор помеѓу телевизорот и аквариумот. Телевизорот не знаеме која величина ја има, но како што треба да имаш простор да работиш околу аквариумот и да не го повлечеш со себе, така и тој (аквариумот) треба да има простор за испарување, па доаѓаме до оној момент кога нели електроника над вода многу не е препорачливо.

Телевизорот ако го одалечам од аквариумот ќе дојде премногу високо. Моментално е со големина од 49". Залепен за ѕидот, не би требало да пречи при работа во аквариумот. За испарување на вода, дефинитивно ќе биде покриен со стакло + капак, за испарувањето да се сведе на минимум. Отворен не планирам да го оставам, испарувањата така се преголеми. Не само на телевизорот и мене би ми пречеле тогаш тие испарувања.

Се надевам дека помогнав во некои сегменти во носење на конечна одлука.  :happy:

Фала за фидбекот, дефинитивно некој чекор понапред сум до одлуките.

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Точно имам страв, ама не се премислувам. Само гледам на кој начин да го изведам тоа најсигурно. А 100% сигурност, јасно ми е дека не постои. За гребење не му се секирам, јбг кога тогаш ќе се изгребит.
Во тој случај само гумени играчки купувај за децата и нема да има проблем.  :D :laugh:

Погрешно се изразив, да на растенија мислев, внатре. Ќе користам исклучиво природни, не пластика.
Добро сфатив за природна трева ама каква? Која фамилија? Пошто ако правиш тепих ќе ти треба светло + прихрана, а CO2 би можел да избегнеш.

Јато неонки дефинитивно ми се допаѓаат, посебно кога се движат во јато.
Неонки има многу, кардинал неонки побарај. Малку се поскапи од другите ама и се најубави.  :)

Слободно пишувај, ќе се уклучат и другите и ќе споделат нивно искуство. Можеби на форумов немаме некоја поголема активност изминатиов период ама сите се тука и чекаат момент да се уклучат во дискусија. Твојот план е сигурно атрактивен за целата заедница и верувам дека ќе добиеш многу добри совети.  :happy:
 
« Last Edit: September 22, 2017, 07:24:07 AM by pocttopus »

Offline Taurus

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Sep 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 40
  • Posts: 65
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Деца, моментално е едно, ќерка од 1,5 години, ќе ја научам да внимава, ама во секој случај доколку направам комбинација за побезбедно ќе биде подобро. Една од работите што ја направив, е го осигурав станот во случај на пукање на аквариум ;)

Трева точно кој вид немам уште одлучено. На одредени места тепих, можно е да има. Наредни денови ќе направам отприлика скици како би сакал да изгледа сетапот.

Еден мирен циклид што го најдов тука е Cleithracara maronii(Keyhole Cichlid) http://forum.mkreef.com/index.php?topic=1186.0

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Во случај на пукање на аквариумот и истекување на 400 литри вода, на 4-кат не е проблем твојот стан, туку становите на твоите комшии под твојот затоа што кај нив водата ќе протекува и по ѕидовите. Кај тебе може да биде оштетен само подот и доколку имаш ламинат или некаква друга подлога што не е паркет, нема да имаш голема штета. Проблемот ќе биде кај комшиите, но да не одиме натаму и да не бидеме со „црни“ сценарија дека ќе се случи нешто непосакувано. Ако се планираат работите како што треба, нема да има никаков проблем.  :icon_thumright:

Убава риба, убав избор! Не знам колку е достапна кај нас.  :dontknow:

Offline Taurus

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Sep 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 40
  • Posts: 65
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Осугурувањето важи и кон трети лица, само да не дојде до тоа.

За риби, моментално правам список, па гледам барем на хартија, кои се нивни карактеристики.... Па потоа ќе видиме што може да се најде тука, евентуално до кај соседите да се појде за набавка. Наредни денови ќе ги постирам и рибите кои би сакал да ги имам па да ми кажете мислење за комбинациите.

П.С. Колку постови треба да имам за да можам карма да давам?

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
П.С. Колку постови треба да имам за да можам карма да давам?
Минимум 20 мислења и се користи само еднаш во 24 часа.

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
За ваков водопад имаш идеја?

Offline Taurus

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Sep 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 40
  • Posts: 65
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
 Нешто слично, само да биде пореалистичен

Ова е видеото кога прв пат видов водопад во аквариум и на прв момент мислев дека е видео монтажа ;)

Offline Taurus

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Sep 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 40
  • Posts: 65
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Аквариумот е порачан. Ќе биде со димензии 1.6м x 0.48м x 0.53м висина, од 12мм стакло, со максимални појачувања.
Канистерот е набавен:
WILTEC - SunSun HW-404B Aquarium External Canister Filter 2000l/h with 9W CUV:
• External Filter for Aquarium up to 1000l
• Integrated UV-Unit with 9 w UVc-Buld
• Pump Flow Rate 2000 l/h at 66 watts
• 4 Filter Stages incl. Filter Materials
• Filter Volume about 19 Liter

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Браво и ти посакувам успешен старт!  applause
Ова е канистерот? Од каде го набави ако не е тајна и по која цена?  :embarrass:
[Login or Register]

Со постолјето што направи? Дали е тоа готово?
Осветлување?

Многу те распрашав ама се е тоа чисто информативно. :embarrass:

Offline Taurus

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Sep 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 40
  • Posts: 65
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Фала.
Да, тој е канистерот. Купен е од Делфин, за 9.990 денари. Се мислев за вграденото УВ, читав има поделени мислења, сепак колку толку треба да има бенефити.
За постолјето исто ќе се погрижат од Делфин за металниот дел, кој ттеба да биде од 5цм профили.
Осветлувањето, најверојатно ќе биде од Диверса [Login or Register]
немам уште 100% одлучено за него.

Ќе информирам тука се како се прибираат деловите, а кога ќе биде готов, ќе отворам нова тема, каде целосно ќе го преставам и ќе постирам за неговиот напредок и изглед.

Фала на сите се препораките.

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Супер!  :icon_thumright:

Зависно тревките најдобро е да земеш такво осветлување. Не знам која е цената на ова од Диверса, но пробај побарај му понуда на @Aleksandar B пошто тој изработува custom осветлување, башка користи многу квалитетни лед-чипови на CREE.

6500 келвини е на горна граница, мислам дека можеш и помала топлина да поминеш ако имаш помалку захтевни тревки.

Offline Taurus

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Sep 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 40
  • Posts: 65
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Околу 4000 денари беше. За тревки не планирам некои захтевни да ставам. Можно е уште една ргб лента да ставам, со димери, па да доловувам moonlight и да си играм со боите на рибите.
Фала, ќе побарам понуда и од Александар, ќе разгледам и дргуги готови осветлувања, па ќе видам.
Аквариумот ќе биде затворен со капак, а капакот сакам да биде што е можно понизок и да не излегува светлина низ процепи од него.

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
На 400 литри вода пожелно е да имаш отвор поради испарувањето.
Инаку капакот ќе се наполни со бигор и мувла. После ќе имаш поголема мака да го исчистиш.

За одржување отворените аквариуми се полесни, не само за капакот туку и внатре во аквариумот, а за твојата потреба било кое ЛЕД осветлувањето ти нуди можност да ја насочиш светлината да оди само надоле. Нагоре нема да свети и нема да пречи на никого во очи.  :icon_thumright:

Offline Taurus

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Sep 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 40
  • Posts: 65
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Самиот аквариум ќе биде со стакло покриен, ќе има само мали засеци кај цревата од канистрите. На овој начин, капак не би требало да има влага.Вака ми беше стариот 100 литарски аквариум, немаше никаков проблем со влага во капакот.
За продирање на светлина, мислев на ситуација, каде се ќе биде темница, а единствена светлина ќе биде таа од стаклото од аквариумот, без никакво продирање низ капакот.

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Те разбирам затоа што и јас имав такво стакло поставено на 150 литри колку да го заштитам осветлувањето од испарувањето, пошто мојот капак беше custom од стакло направен со неонки на Philips Aquarelle каде светлината се простира на 360 степени па затоа светеше и позади аквариум.

Сепак ЛЕД-от е сосема друго и може повеќе да се игра со него за нашето хоби затоа што нуди други опции.
Инаку 400 литри вода ќе испаруваат без разлика дали ќе го затвориш или не. Поентата е дека со истата површина на капак можеш да имаш и 100 литри аквариум и 400 литри. Со 400 литри е многу потешко да го затвориш и изолираш од испарување отколку помал. Затоа подобро е да користиш спуштен лустер, а ЛЕД-от нема да свети на сите страни.

На крајот се зависи колку чинат двете варијанти и да видиш дали се исплати. Тоа е индивидуално за секого.

Offline Taurus

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Sep 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 40
  • Posts: 65
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Неможам да користам спуштен лустер, над аквариумот ќе биде телевизорот. Испарувања очекувам, ама се надевам тоа ќе бидат минимални, кое не би предизвикувале влага во капакот.

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Заборавив на телевизорот. Нема да можеш со спуштен лустер.
Ќе мораш да го затвориш ама од страна со кулери да излегува влагата затоа што ако позади ќе оди директно кон телевизорот.

Tags:
 
Users Online Users Online (16)
Members Google
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2021, SimplePortal