collapse

* Prebaruvanje

* Posledni Postovi

UFO таканаречен аквариум :) by p
[October 01, 2024, 05:53:49 AM]

DOBRO UTRO by NO CARRIER
[December 08, 2023, 11:53:36 PM]

staklen pesok za akvariumi by p
[September 05, 2023, 11:48:43 PM]

The first post content
Здраво на сите.
Конечно после неколку години и после преселбата во Шведска. дојде време да се вратам на тоа што го сакам :)
Уште на почеток да кажам дека овој пат одев многу внимателно, со читање, учење, трпение, многу youtube. Потрошив доста време пред воопшто да појдам до продавница да купам нешто. И сигурно имам неколку грешки направено. Да не ја тупам и директно на главното да преминеме :)
Димензии : 121x51x66 , ~350 литри , стакло странични 8мм, под 10мм
Светло , 2х29 вати ЛЕД , итн .
Точните спецификации за келвини, лумени, филтрација, итн за аквариумот се овде за кој сака да види [Login or Register] .

Вода : температура ~25 , ph <6 , gH/kH се ок, амоњак 0 ппм , нитрати 0 ппм, нитрити 0 ппм. Првиот месец, менував вода 2 пати неделно по 20-30% , сега еднаш неделно по 20%

Подлога : Tropica aquairum soil/ powder
Позадина : То е нешто ко пурпена од истата фирма од аквариумот. Германски се. Не е постер, туку како камен. Повеќе инфо [Login or Register]
Камења : Dragon stone , Sansibar (белите)
Дрва : Mangroverot и Redmoor
Треви :
   Carpet : Eleocharis acicularis Mini
   Middle ground : Echinodorus Reni , Rotala Bonsai
   Background : Pogostemon erectus , Sagittaria subulata
   Moss : Vesicularia ferriei Weeping , Vesicularia dubyana Christmas

Риби: Кардинал тетри x8, Бели моли x4, гупи x4 + миљон мали , Siamese algae eater x8 , Tiger Nerite Snail x2  , amano shrimp x5 , cherry shrimp >30 (сами се множат)

CO2 - 1 меурче / сек за време на фотопериодот од 8 часа .  Тука направив грешка што не одев од прв ден со СО2 , туку после 3 недели, и поради тоа нормално алгите дојдоа , но и тоа беше средено за брзо време.
Алги - Се појави зелена алга како конец , и речиси секоја површина кај што стигнуваше светло стана зелена. Ништо не помагаше, ни blackout, ни h2o2. Но тоа беше очекувано бидејќи тревите беа мали, а светлото појако, плус течно ѓубриво. Знаев дека е фаза. После стабилизирање на СО2 нивото, растењето на тревите , и после додавање на Siamese algae eater и Моли, алгите ги снема и се немаат вратено до сега.  Мислам дека нема ни да се вратат со оглед на тоа дека тревите конзумираат буквално се и не останува нисто за алги. А Siamese algae eater се посебна приказна и се нешто невероватно. По внимателна риба нема. Ќе снимам видео, ќе видите на што мислам

И така. Јас сум засега многу задоволен, Во живо делува многу поубаво, боите се поживи, рибите се среќни, досега нема угинато ниту една, параметрите на водата се добри, тревите растат со убаво темпо освен една што расте поспоро од очекуваното, ама ќе стигне и таа.
Одприлика сега сме на 2.5 месеци старост.
Еве ги и сликите:

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

А вака беше на почеток
[Login or Register]

Иначе, малиот мој сака youtube многу , полека го навлекувам на аквариуми, па сакаше видеа од аквариумот да сме ставале, па сликаме/вме секој ден од различни позиции, и праевме нешто како timelapse , и на муабетот си реков кога веќе правиме, нека биде колку толку ок за гледање, па бујрум кој сака да види ден по ден како се развиваше аквариумот, ке ги видите и алгите што беа :)
https://www.youtube.com/channel/UCLJLD1fQpSNs7KRIFXGpWnA/videos

Толку од мене, ако го прочитавте цело ова, фала, и би сакал да слушнам мислења па и сугестии.
Поздрав

Link
  • Нов 350л аквариум 5 0 5 1
Currently:  

Author Topic: Нов 350л аквариум  (Read 3837 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline marjanmic

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Oct 2011
  • Location: Stockholm
  • Age: 41
  • Posts: 45
  • Activity:
    0%
  • Country: se
  • Karma: 11
Нов 350л аквариум
« on: May 03, 2019, 12:23:03 AM »

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 46
  • Posts: 7551
  • Activity:
    1%
  • Country: mk
  • Karma: 91
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #1 on: May 03, 2019, 12:57:26 AM »
Не знам што да искоментира човек после оваа убавина... едноставно и премногу убаво. :notworthy: applause  applause applause

Секој аквариум е посебна приказна, колку и да тргнеш математички точно, не знаеш како ќе се развиваат растенијата и алгата... очигледно си реагирал навремено и си спречил уште на самиот почеток да се зголеми таа алга. Браво!  applause
Можеби ќе си имал помало количество на алга ако на почеток си го уклучел системот за CO2, но си реагирал на време.  :icon_thumright:

Премногу е убаво, камењата, дрвата... абе тепихот како се развил!!!  :headbang:
Убаво срочено, смислено и убаво раскажано во еден пост... тешко е човек да реплицира понатаму со критики. Дај да поуживаме малку, петок е.  jea

Видеата се фантазија, снимајте timelaps и понатаму.  :D
Одамна не сум дал карма, оваа со задоволство.  560855
И споделено на твитер. Креирав хаштаг со твојот никнејм, ако имаш профил на твитер да се заследиме и да шеруваме. Другите членови нека не седат, шерувајте...  :headbang:

Offline marjanmic

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Oct 2011
  • Location: Stockholm
  • Age: 41
  • Posts: 45
  • Activity:
    0%
  • Country: se
  • Karma: 11
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #2 on: May 03, 2019, 01:48:44 AM »
Фала на коментарот и на убавите зборови и за твитер :)

Точно е, колку и да пресметуваш , планираш , едноставно природата си има своја математика. На пример , на почеток водата ја држев ~22 само за да превенирам алги, и со 6 часа фото период, ама па морав да ставам и жив свет како неколку рипчиња за да произведуваат амонијак, кој што ми трабаше за стартап бактериите да профункционираат за циклирањето. И пак се јави алга.  Па ајде реков амано ракчиња дека ефикасни. Па скапи пустите се овде(300ден едно, па со еден пријател сега пробуваме да размножиме амано). Па за ракчињата мораше да се зголеми температурата. Ама па од друга страна, ракчињата се добар индикатор за квалитет на водата. Па со поголема температура + светло, на алгите им викаш повелете. Па си викаш на растенијата им треба нитрати , а за тоа ти треба и риби , нели амонијак->нитрит->нитрат, ама па за тоа ти требаат развиени корисни бактерии. Знаете како одат тие работи, и дека тоа е све во круг природен процес. И многу луѓе се откажуваат и нервираат.  Ама па од друга страна , тоа е убавината , и ја гледаш природата пред очи како функционира, и во ниеден момент не ме фати никаква фрустрација бидејќи знаев дека работите ќе си дојдат на свое место.

За добри timelapse, треба да земам статив за од фиксна позиција да сликам/снимам за да биде баш како што треба.

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 46
  • Posts: 7551
  • Activity:
    1%
  • Country: mk
  • Karma: 91
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #3 on: May 03, 2019, 02:13:09 AM »
Секогаш е проблем да се заврти „првиот круг“, т.е. природата да почне да врти според нејзината „математика“, а после е полесно. Башка задоволството после успешно завршена работа е бесценето и на крајот останува само уживањето (нормално со малку одржување). :happy:

Па скапи пустите се овде(300ден едно, па со еден пријател сега пробуваме да размножиме амано).
Претерале со цената.  :no: Кажи му кај нас се поефтини.  :laugh:

За добри timelapse, треба да земам статив за од фиксна позиција да сликам/снимам за да биде баш како што треба.
Импровизирај со маса или столица и таман ќе можеш да го држиш апаратот фиксиран и да не се мрда.  :icon_thumright:

Абе навистина храброст е да направиш толку голем аквариум во странство, особено ако си сместен под кирија. Ја на пример уште го чекам моментот да се опуштам за нешто помало ама 350 литри е веќе голем аквариум.  :embarrass:

пс- не знам зошто нема слика на твојот аватар. Пробај да ставиш некоја колку да те разликуваме со нешто.  55655

ппс- ми го разубави денов со темава... и викендов.  applause :happy:

Offline marjanmic

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Oct 2011
  • Location: Stockholm
  • Age: 41
  • Posts: 45
  • Activity:
    0%
  • Country: se
  • Karma: 11
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #4 on: May 03, 2019, 03:07:21 AM »
Амано. За среќа еден мој пријател овде( од Скопје) , направи услови за размножување, комплет процесот од 45-60 дена со солена вода постепено додавање, со мерење на соленост, со светло со све. Има тој и и уред за солена вода бидејќи има и солен аквариум. Ама првиот пат пресконал ден два да ја изрегулира водата и му угинаа сите. Па баш сега пред некој ден му дадов трудна нова и ги извадил малите, па сега ќе видиме за 2 месеци дали ќе имаме барем по 100 млади.

Ќе изведам нешто за сликите, ќе земам еден сталак па ќе видиме. Наместо слики, сакав кратки видеа (2-3 сек секој ден) од иста позиција , и све то да се стави во едно видео, па ќе видам. Дур не слушнам од жена ми " Аквариумов повеќе го гледаш од мене ", добро ќе е, ќе правам повеќе експерименти  :D

А за храброста, искрено многу голема фрустрација ме беше изминативе 3 години дур живеевме под кирија не можев да земам. Гледам толку продавници, онлајн, имаш све што ти треба и се достапно, ама не можев ради дека под кирија и ради селење еден ден. Ама па затоа ко зедовме стан, една од работите што ги барав во станот е да има добро место за аквариум, и желбата ми беше да го земам тој од 450литри, меѓутоа овој од 350 беше попрактичен од повеќе аспекти.

Ќе ставам слика на аватар, не ни знаев дека треба :)

пс. фала уште еднаш на добриот коментар

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 46
  • Posts: 7551
  • Activity:
    1%
  • Country: mk
  • Karma: 91
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #5 on: May 03, 2019, 03:18:30 AM »
Амано. За среќа еден мој пријател овде( од Скопје) , направи услови за размножување, комплет процесот од 45-60 дена со солена вода постепено додавање, со мерење на соленост, со светло со све. Има тој и и уред за солена вода бидејќи има и солен аквариум. Ама првиот пат пресконал ден два да ја изрегулира водата и му угинаа сите. Па баш сега пред некој ден му дадов трудна нова и ги извадил малите, па сега ќе видиме за 2 месеци дали ќе имаме барем по 100 млади.
Таму може револуција да направите со подмладокот ако ги продавате со пониска цена. :laugh:

Дур не слушнам од жена ми " Аквариумов повеќе го гледаш од мене ", добро ќе е, ќе правам повеќе експерименти  :D
Штом до сега не си имал проблем, нема да имаш и понатаму :D

А за храброста, искрено многу голема фрустрација ме беше изминативе 3 години дур живеевме под кирија не можев да земам. Гледам толку продавници, онлајн, имаш све што ти треба и се достапно, ама не можев ради дека под кирија и ради селење еден ден. Ама па затоа ко зедовме стан, една од работите што ги барав во станот е да има добро место за аквариум, и желбата ми беше да го земам тој од 450литри, меѓутоа овој од 350 беше попрактичен од повеќе аспекти.
Честито нов стан и во добро здравје и среќа да живеете.  :icon_thumright: applause

Ќе ставам слика на аватар, не ни знаев дека треба :)
Не е никаде наведено дека треба, пожелно е да користиме за да се разликуваме и по сликичка. На крајот како сакаш така направи.  :icon_thumright:

пс. фала уште еднаш на добриот коментар
Нема проблем... тука сме да се дружиме. Благодарност до тебе што ја отвори темата со ваква прекрасна содржина.  :icon_thumright: :headbang:

Offline DimitarJ

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 49
  • Posts: 7401
  • Activity:
    0%
  • Country: 00
  • Karma: 162
    • LID
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #6 on: May 03, 2019, 03:35:20 AM »
 560855 za celiot proekt. Odlicno izvedeno.
Bi sakal da vidam sliki bez blic i bez svetlina vo prostorijata.
Probaj da slikas navecer i da sveti samo svetloto vo akvariumot
 
Offline marjanmic

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Oct 2011
  • Location: Stockholm
  • Age: 41
  • Posts: 45
  • Activity:
    0%
  • Country: se
  • Karma: 11
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #7 on: May 03, 2019, 04:34:16 AM »
560855 za celiot proekt. Odlicno izvedeno.
Bi sakal da vidam sliki bez blic i bez svetlina vo prostorijata.
Probaj da slikas navecer i da sveti samo svetloto vo akvariumot
 
Сликано е без блиц, ама има одблесот со светлото од собата. Ќе направам подобри вечерва касно зошто овде е уште дење во 21часот.

Кога сме кај светлото, за тоа би сакал да прашам нешто. Овде денов сега се зголемува многу, и некаде за месец дена, скоро и да ќе нема ноќе. се затемнува негде кон 23ч , и веќе во 2ч е дење, а сонце има во 3ч. Ремет упм. Аквариумот е далеку од прозори , но сепак дење е дење. То што правам сега за да не ги стресувам рибите па и растенијата со светло, кон 21ч (во 20ч светлото и со2 се гасат) , го прекривам со црна прекривка, за да не му свети светлото од собата + телевизорот. Дури ни за гости не го кршам тоа правило. Ќе мора за да направам добри слики, ама неколку минути нема да им биде ништо :). Само од едната помала страна е отворено за да не е 100% темно, и колку толку да им даде природно вечерно време како во природа. На сабајле пред работа го отскривам,рибите си се мирни и одморени. Значи прашањето е дали комплицирам премногу, или во ред е вака што правам? 

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 46
  • Posts: 7551
  • Activity:
    1%
  • Country: mk
  • Karma: 91
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #8 on: May 03, 2019, 04:49:20 AM »
се затемнува негде кон 23ч , и веќе во 2ч е дење, а сонце има во 3ч.
Ова е тешко за човек, а за растенијата ќе мора да погледнеш која тревка колку фото-период има потреба. Сите имаат различен третман, но можеш да балансираш горе-доле со светлината.

Offline marjanmic

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Oct 2011
  • Location: Stockholm
  • Age: 41
  • Posts: 45
  • Activity:
    0%
  • Country: se
  • Karma: 11
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #9 on: May 03, 2019, 12:20:24 PM »
Bi sakal da vidam sliki bez blic i bez svetlina vo prostorijata.
Probaj da slikas navecer i da sveti samo svetloto vo akvariumot
 
Еве неколку вечерни слики
[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

Offline URAN2

  • magsmawsVE
  • Owner
  • Super clen
  • *
  • Join Date: May 2008
  • Location: Usa
  • Posts: 509
  • Activity:
    1%
  • Karma: 21
    • Exemplary Сasual Dating - Authentic Maidens
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #10 on: May 04, 2019, 01:05:50 AM »
 desetka desetka desetka

Offline NO CARRIER

  • V I P
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: May 2009
  • Location: България, Пазарджик
  • Age: 53
  • Posts: 5648
  • Activity:
    0%
  • Karma: 61
    • Николай Цветков
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #11 on: May 04, 2019, 10:34:06 PM »
 desetka 560855

Offline DimitarJ

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 49
  • Posts: 7401
  • Activity:
    0%
  • Country: 00
  • Karma: 162
    • LID
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #12 on: May 12, 2019, 11:26:04 PM »
 :headbang:
ima golema razlika

Offline marjanmic

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Oct 2011
  • Location: Stockholm
  • Age: 41
  • Posts: 45
  • Activity:
    0%
  • Country: se
  • Karma: 11
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #13 on: July 03, 2019, 04:22:45 AM »
Мал апдејт од кај мене.

[Login or Register]

При рака ми дојде една gopro камера, и не можев да одолеам а да не пробам да снимам под вода. Видеото е максимално аматерско и шит, и не гледав што снимам  :D

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 46
  • Posts: 7551
  • Activity:
    1%
  • Country: mk
  • Karma: 91
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #14 on: July 03, 2019, 08:47:53 AM »
Таман си е видеото... супер е! desetka
Многу убаво изгледа и од внатре со камера, малку поинаква претстава ама во секој случај многу интересна, уникатна и убава.  applause

 560855

Offline Aleksandar Ilievski

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Mar 2018
  • Posts: 56
  • Activity:
    0%
  • Karma: 24
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #15 on: July 03, 2019, 01:46:21 PM »
Odlicno duri i od vnatre izgleda poubavo

Sent from my LG-D855 using Tapatalk

Offline DimitarJ

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 49
  • Posts: 7401
  • Activity:
    0%
  • Country: 00
  • Karma: 162
    • LID
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #16 on: July 04, 2019, 04:05:54 AM »
Ludilo  560855

Offline marjanmic

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Oct 2011
  • Location: Stockholm
  • Age: 41
  • Posts: 45
  • Activity:
    0%
  • Country: se
  • Karma: 11
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #17 on: July 15, 2019, 12:23:53 AM »
Конечно ги најдов.
Glass catfish/Ghost catfish. Не знам на македонски како се викаат. Баш нека напише некој дали имаме соодветно име за овие.
Многу интересна појава во природава/акваристикава. Доколку седи мирна, можеш всушност да видиш како им работи дигестивниот систем.  Не сакаат многу светло, па генерално живеат под сенка. Јас зедов 8 , и се поделија во 2 групи. Излегуваат само за јадење, но читав дека после неколку недели кога ќе се ослободат од целиот стрес, и без други агресори, нема да се кријат. Засега успеав да направам едно видео. Понатаму сакам да ги фатам сите во јато.

Поздрав, и убав ден

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 46
  • Posts: 7551
  • Activity:
    1%
  • Country: mk
  • Karma: 91
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #18 on: July 17, 2019, 12:04:12 PM »
Многу уникатни и многу нежни риби. Сега ниту за миљон евра нема да се сетам како ги нарекуваа овие разговорно по нашите аква-шопови, но сеќавам дека немаше ниту еден што не му се допаднала оваа риба. Баш убаво потсетување и многу убави видеа правиш.

 560855

Offline URAN2

  • magsmawsVE
  • Owner
  • Super clen
  • *
  • Join Date: May 2008
  • Location: Usa
  • Posts: 509
  • Activity:
    1%
  • Karma: 21
    • Exemplary Сasual Dating - Authentic Maidens
Re: Нов 350л аквариум
« Reply #19 on: July 18, 2019, 03:09:08 AM »
staklen som :)

Tags:
 
Аквариум RELOADED :)

Started by spike15_mk

Replies: 20
Views: 3600
Last post January 28, 2009, 07:10:32 AM
by spike15_mk
Анровла аквариум

Started by anrovla

Replies: 235
Views: 19556
Last post June 14, 2013, 10:55:11 AM
by anrovla
Нов аквариум

Started by Cimento

Replies: 111
Views: 8262
Last post April 06, 2010, 08:24:50 AM
by Uran
Мојот пико аквариум 100х50х50

Started by Vlatkon

Replies: 13
Views: 1964
Last post September 22, 2011, 06:21:18 AM
by nenad66
Аквариум (tiggaz)

Started by tiggaz

Replies: 242
Views: 19967
Last post June 29, 2013, 05:15:18 AM
by tiggaz
Users Online Users Online (20)
Members Google (2)
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2024, SimplePortal