collapse

* Prebaruvanje

* Posledni Postovi

DOBRO UTRO by NO CARRIER
[Yesterday at 09:13:54 PM]

Baram sovet , sakam fontana so bazence vo dvor by LILJANA
[June 05, 2021, 07:30:10 AM]

"Prematurity" by DimitarJ
[June 04, 2021, 12:11:34 AM]

Dekoracii vo akvariumot by NO CARRIER
[April 28, 2021, 09:11:09 PM]

Hrana za Omnivori by DimitarJ
[April 23, 2021, 10:46:46 AM]

The first post content
Здраво пријатели,

Би сакал да отворам дискусија за тоа каква е општо акваристиката во Македонија, па еве неколку теми. Подточките се мои мислења што не мора да се точни :). Би било убаво да видиме каде сме, што сме, и на кое ниво :)

1. Дали генерално мислите дека бројот на луѓе што се занимаваат со ова е во пораст, пад или горе долу исто како секогаш. Колку од луѓето што ги познавате имаат дома аквариуми?

 - Од сите луѓе јас што ги познавам во МК и SWE, имам точно еден пријател со аквариум, и да не е тој, немам со кого да направам муабет за овие работи.

 -Јас го следам форумот речиси редовно, и приметувам дека последно време активноста некако се намалува. Имаме ретко претставување, малку дискусии и слично. А можда и не е така, не знам, таков впечаток имам. Се согласувам дека многу теми се покриени убаво, па можда членовиве наоѓаат решенија пред воопшто да отворат тема. Или едноставно целово хоби оди кон надолна линија и интересот опаѓа. Навистина не знам, и затоа сакав да слушнам мислења. Не знам дали админ има некоја аналитика и би сакал да сподели колку активни корисници има, колку посети и слично.

- На [Login or Register] има гoдишен натревар за аквариуми, и во 2019 имало точно една прифатена апликација од Македонија. [Login or Register] . Дечкото се вика Bobi Mitrevski , и не знам дали е член на форумов. Ако е, нека се каже да го видиме аквариумот :) За претходните години не знам како било.

2. Дали е скапо денес чување аквариум во однос на други миленици?
- Пред 10 или 15 години, можеби да, но мислам дека денес можеш да најдеш се што ти треба, прилично лесно, и по прилично конкуренти цени. Барем онлине.
 - Не знам сега колку физички продавници постојат кај нас со релативно добар избор на опрема, риби и треви.
 - Да имаш друг миленик, на пример некое расно куче, претпоставувам дека трошоците во текот на една година не се мали. Тука зборам за храна, вакцини и не знам што се други трошоци има. Јас ко бев мал , чував уличарски кучиња, така да немав трошоци, и не сум стручен да споредувам :). Еве ако некој има нека каже.
 - Факт е дека кај аквариумот на почеток ти требаат повеќе средства, ама после тоа трошоците се намалуваат ако добро ги поставиш работите.

3. Дали е помачно чување аквариум во однос на други домашни миленици.
- Ако ја исклучиме мачката што дреме по цел ден во некој ќош, и земеме други животни како домашно куче или папагал, и тие бараат многу нега и грижа. Имаш чистење, па да го шеташ кучето, па да го капеш и слично. Исто така ако одиш на подолго време, не можеш да ги оставиш сами. Секое си има своја тежина, но дали аквариумот е толку многу потежок од другиве, па затоа ги одвраќа луѓето да влезат во ова хоби. Можеби стравот , зошто зад ова стои цела наука во позадина, а кај другите миленици е сепак поедноставно

4. Дали аквариумот го сметате како хоби или го ставате во група со домашни миленици?

Поздрав

Link

Author Topic: Акваристика во МК (2019)  (Read 693 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline marjanmic

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Oct 2011
  • Location: Stockholm
  • Age: 37
  • Posts: 45
  • Activity:
    0%
  • Country: se
  • Karma: 11
Акваристика во МК (2019)
« on: October 16, 2019, 02:18:31 AM »

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7509
  • Activity:
    5%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Re: Акваристика во МК (2019)
« Reply #1 on: October 16, 2019, 09:29:38 AM »
Здраво на тебе и баш пријатно изненадување да се отвори ваква дискусија. applause :icon_thumright:
Ќе се обидам да дадам малку подетално мислење, но ќе оставам простор и другите колеги да се изјаснат пошто сите имаме различни видувања.

1. Дали генерално мислите дека бројот на луѓе што се занимаваат со ова е во пораст, пад или горе долу исто како секогаш. Колку од луѓето што ги познавате имаат дома аквариуми?
Генерално земено неактивноста на членовите по форумите, се социјалните мрежи кои привлекоа многу внимание. На форум претежно се регистрираат членови кои имаат допирни точки со акваристиката или љубители на домашни миленици, додека социјалните мрежи се далеку пошироки, но во исто време и хаотични во отварање на дискусии. На форум дискусиите можат да бидат поделени во бордови, категории, теми... etc.... а со тоа прегледноста на дискусиите е многу поквалитетна.

Јас можам да направам споредба со Словенија, а тука нема веќе форуми, ниту пак нешто посебно дискутираат по социјални мрежи. Иако животниот стандард е повисок, цените се скоро исти како во Македонија, сепак акваристи нема ниту во Словенија и кога влегувам во аква-шоп имам чувство како да сум се вратил назад во времето кога акваристиката се пробиваше на балканов преку списанијата на ZOV ([Login or Register]) во печатена форма. Опремени се, но нема интерес, брзото темпо на живот со многу информации и обврски кои мора да се направат во денот исто така влијае дали имаме или немаме време за аквариум.

Јас на пример во моментов уште немам аквариум, планирам да направам, но тоа ќе биде кога ќе обезбедам сопствен кров, пошто под кирија во странство и уште аквариум да правам ми е "too much".   :no:
- На [Login or Register] има гoдишен натревар за аквариуми, и во 2019 имало точно една прифатена апликација од Македонија. [Login or Register] . Дечкото се вика Bobi Mitrevski , и не знам дали е член на форумов. Ако е, нека се каже да го видиме аквариумот :) За претходните години не знам како било.
Што се однесува до акваристот што го спомна, претпоставувам дека станува збор за mitrevski, но за жал уште пред неколку години го прекрши единственото правило на форумот (толеранција) и му беше забранет пристапот. Јас директно не бев вклучен во отстранувањето, но бев активен и ја следев ситуацијата. Беше некоја банална работа која не сакаше членот да ја примени и на крајот се случи тоа што се случи. Ако има интерес од негова страна да се врати, тоа барање сигурно ќе биде разгледано од сите во администрација, но до сега такво барање јас не сум забележал.

2. Дали е скапо денес чување аквариум во однос на други миленици?
- Пред 10 или 15 години, можеби да, но мислам дека денес можеш да најдеш се што ти треба, прилично лесно, и по прилично конкуренти цени. Барем онлине.
Цените беа драстично различни пред и после појавата на овој форум. Голема заслуга за секој да има можност да си направи на пример еден дискус аквариум се претходните админи и целиот кредит или заслуга е кај нив. Бидејќи е опаднат интересот за пишување по форуми, и тие послабо се уклучуваат да пишуваат текстови, но од време на време го отвораат форумот колку да видат што има ново. 
- Не знам сега колку физички продавници постојат кај нас со релативно добар избор на опрема, риби и треви.
Не знам ниту јас бидејќи Македонија е мал пазар и тешко се успева во ова хоби.
Старите продавници кај нас се уште постојат, се отвараат нови, но и се затвараат така да нормално е оваа бројка на продавници да варира од година во година.
3. Дали е помачно чување аквариум во однос на други домашни миленици.
- Ако ја исклучиме мачката што дреме по цел ден во некој ќош
Мачката во тој ќош ќе застане да зјапа во ѕид по цел ден. Се прашувам дали мисли дека може да го помрдне!? boske  aha
[Login or Register]

и земеме други животни како домашно куче или папагал, и тие бараат многу нега и грижа. Имаш чистење, па да го шеташ кучето, па да го капеш и слично. Исто така ако одиш на подолго време, не можеш да ги оставиш сами. Секое си има своја тежина, но дали аквариумот е толку многу потежок од другиве, па затоа ги одвраќа луѓето да влезат во ова хоби. Можеби стравот , зошто зад ова стои цела наука во позадина, а кај другите миленици е сепак поедноставно
Другите домашни миленици имаат потреба од присуство на човек. Постојат нели и хотели за домашни миленици каде сопствениците ги оставаат на чување кога не се подолго време дома и не се во можност да ги направат основите работи за нив, хигиена, храна, изнесување надвор...

За акваристиката кај некого е страв, кај некого непознато, кај некого премногу информации кои треба да се направат за да функционира... но сметам дека аквариумот ако се опреми во старт, тогаш е полесен за одржување отколку некој друг домашен миленик.

4. Дали аквариумот го сметате како хоби или го ставате во група со домашни миленици?
За мене е хоби, но прашањево може некој да го толкува на пример како „спорт и шах“. Сега на пример шахот не е спорт ама е најблиску до таа категорија па затоа порано дел од вестите беа со тој наслов. Затоа и во продавниците за миленици има акваристика.

Се надевам доволно пишав со простор и некој друг да даде свој коментар.
 :happy:

« Last Edit: October 16, 2019, 09:41:03 AM by p »

Offline marjanmic

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Oct 2011
  • Location: Stockholm
  • Age: 37
  • Posts: 45
  • Activity:
    0%
  • Country: se
  • Karma: 11
Re: Акваристика во МК (2019)
« Reply #2 on: October 18, 2019, 05:41:30 AM »
Генерално земено неактивноста на членовите по форумите, се социјалните мрежи кои привлекоа многу внимание. На форум претежно се регистрираат членови кои имаат допирни точки со акваристиката или љубители на домашни миленици, додека социјалните мрежи се далеку пошироки, но во исто време и хаотични во отварање на дискусии. На форум дискусиите можат да бидат поделени во бордови, категории, теми... etc.... а со тоа прегледноста на дискусиите е многу поквалитетна.
Точно разбирам како функционира, и баш ради тоа малку ми е нејасно зошто би се префрлале по фб групи кога таму едноставно нема никаква структура на постовите. Сега гледаш нешто, и никогаш веќе. Дури не можеш ни да најдеш ако ти треба. И јас сум член на такви групи, и таму целата поента не е дискусија, туку лајкови, плукање, моментална сатисфакција без некоја вредност.

Јас можам да направам споредба со Словенија, а тука нема веќе форуми, ниту пак нешто посебно дискутираат по социјални мрежи. Иако животниот стандард е повисок, цените се скоро исти како во Македонија,....
Истото би го кажал и за Шведска, со таа разлика што цените се повисоки.

Што се однесува до акваристот што го спомна, претпоставувам дека станува збор за mitrevski, но за жал уште пред неколку години го прекрши единственото правило на форумот (толеранција) и му беше забранет пристапот. Јас директно не бев вклучен во отстранувањето, но бев активен и ја следев ситуацијата. Беше некоја банална работа која не сакаше членот да ја примени и на крајот се случи тоа што се случи. Ако има интерес од негова страна да се врати, тоа барање сигурно ќе биде разгледано од сите во администрација, но до сега такво барање јас не сум забележал.
Појма немав, одпосле го побарав овде и видов што се случувало. Дури и тој пишувал за истиот натрпевар на некој постоби, па веројатно за истиот се работи. Ама не е ни битно.  Контекстот ми беше за МК присуство на такви настани :)

Другите домашни миленици имаат потреба од присуство на човек. Постојат нели и хотели за домашни миленици каде сопствениците ги оставаат на чување кога не се подолго време дома и не се во можност да ги направат основите работи за нив, хигиена, храна, изнесување надвор...
Па точно на тоа мислев. Дека и другите миленици бараат посвета, време, и пари. Така да кога ќе земеш односот на пари+време , не е дека аквариумот ќе ти одзема повеќе од двете. Збориме долгорочно.

...како „спорт и шах“. Сега на пример шахот не е спорт ама е најблиску до таа категорија па затоа порано дел од вестите беа со тој наслов...
Е тука не се согласувам. Јас како љубител на шах, и што следам доста, физичката подготвеност е многу важна исто како и умствената :). А инаку, признаен е како спорт
[Login or Register]

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7509
  • Activity:
    5%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Re: Акваристика во МК (2019)
« Reply #3 on: October 18, 2019, 09:07:27 AM »
малку ми е нејасно зошто би се префрлале по фб групи
Затоа што ФБ е наменет за сите кои умеат да читаат/пишуваат што му падне на памет.
Не е наменет да се пребаруваат теми, туку само пишување и стегање лајкови или „кезење“.
ФБ живее од реклами кои му се нудат на корисниците. Тие „бесплатно“ се регистрирале за „кезење“ со сите свои лични податоци, а овие ги продаваат на трети страни. Кембриџ Аналитика скандалот е само капка во морето од тоа што го прават.

по фб групи кога таму едноставно нема никаква структура на постовите.
Структурата не му е да се пребаруваат стари теми подредени во бордови или категории... се е хронолошки, едно врз друго... а згора на тоа search-box-от е така заматен да не може да се погледне и затоа корисниците само пишуваат/прашуваат иако таа тема е веќе решена работа.

без некоја вредност.
Вредноста е многу поголема, следење на корисниците и продавање на нивните податоци.
Чување на plaintext лозинки!? wtf!? катастрофа! :no:

Збориме долгорочно.
Долгорочно аквариумот според мене е многу полесен за одржување отколку домашен миленик. Тој бара секојдневно да му се посвети внимание. Затоа се миленици нели, а акваристикава повеќе ја сметам за хоби.

Е тука не се согласувам. Јас како љубител на шах, и што следам доста, физичката подготвеност е многу важна исто како и умствената :). А инаку, признаен е како спорт
[Login or Register]
„Жолти портали“ одамна не следам затоа што нивниот контекст е сосема различен од правата суштина.
Не ме сфаќај погрешно за мојот став за овој вид на портали, а дополнително и во шах многу-многу не се разбирам, но знам дека не е спорт бидејќи нема физичка активност. А за спорт имам и доста пишувано во печатени медиуми, така да на тоа поле имам искуство. :happy:

пс.- се надевам ја користиш опцијата за цитирање со селектирање или потемнување на текстот и кликање на копчето "Quote(selected)" ;)

« Last Edit: October 18, 2019, 09:57:42 AM by p »

Offline marjanmic

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Oct 2011
  • Location: Stockholm
  • Age: 37
  • Posts: 45
  • Activity:
    0%
  • Country: se
  • Karma: 11
Re: Акваристика во МК (2019)
« Reply #4 on: October 18, 2019, 11:24:41 AM »
Затоа што ФБ е наменет за сите кои умеат да читаат/пишуваат што му падне на памет.
Не е наменет да се пребаруваат теми, туку само пишување и стегање лајкови или „кезење“.
ФБ живее од реклами кои му се нудат на корисниците. Тие „бесплатно“ се регистрирале за „кезење“ со сите свои лични податоци, а овие ги продаваат на трети страни. Кембриџ Аналитика скандалот е само капка во морето од тоа што го прават.
Верувај јас точно ја знам целата состојба со социјалните мрежи и маркетингот. Имено тоа ми е професија. Развој на софтвер, при што претходната фирма беше online advertisement платформа, па точна знам како функционира и следење и таргетирање. Баш на тој систем работев.

Вредноста е многу поголема, следење на корисниците и продавање на нивните податоци.
Знаеш како викаат.Ако продуктот што го користиш е бесплатен, тогаш ти си продуктот :) .Точно ја знам вредноста на корисникот за компанијата. Јас повеќе мислев за краткотрајните безвредни задоволства на луѓето опседнати со лајкови и слично.

Не ме сфаќај погрешно за мојот став за овој вид на портали
Таман работа :). Можев некое клипче да пратам и од chess.com или youtube. Иначе младичот десно е Магнус Карлсен, дваесет и нешто години, светски шампион, и веројатно најјакиот играч во историјата според сите рејтинзи.

но знам дека не е спорт бидејќи нема физичка активност
На светско ниво не е, но "The International Olympic Committee has recognized chess as a sport." , ама не за да биде пуштен по олимпијади. Замисли овие играат шах, а до нив некој скока во далечина и ги прска со песок. Или ѓуле во глава :D. Ама многу земји официјално го признаваат како спорт и подлежи под истите правила како и сите други спортови.

се надевам ја користиш опцијата за цитирање со селектирање или потемнување на текстот и кликање на копчето "Quote(selected)"
Да речев да, ќе излажев  :embarrass: . Не знаев дека може да се селектира дел по дел. Првично копирав еден quote таг и рачно копирав текст, ама сега знам ;)

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7509
  • Activity:
    5%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Re: Акваристика во МК (2019)
« Reply #5 on: October 18, 2019, 11:52:49 AM »
Верувај јас точно ја знам целата состојба со социјалните мрежи и маркетингот. Имено тоа ми е професија. Развој на софтвер, при што претходната фирма беше online advertisement платформа, па точна знам како функционира и следење и таргетирање. Баш на тој систем работев.
Ајде тогаш дај совет како да го промовираме форумот на социјалниве мрежи.
Јас пробав едно време ама тешко оди. Луѓево се замаени од ФБ или инстаграм и неќат форуми, а јас ги неќам социјалниве мрежи.  5805 :no:

Таман работа :). Можев некое клипче да пратам и од chess.com или youtube. Иначе младичот десно е Магнус Карлсен, дваесет и нешто години, светски шампион, и веројатно најјакиот играч во историјата според сите рејтинзи.
Не го знам и не го познавам.  :dontknow:

Да речев да, ќе излажев  :embarrass: . Не знаев дека може да се селектира дел по дел. Првично копирав еден quote таг и рачно копирав текст, ама сега знам ;)
Се надевам не си сериозен и дека си ироничен.  :embarrass:
Или некој нека се обиде да цитира одреден дел од пост на социјалниве мрежи... да го видам.  :laugh:

Offline URAN2

  • Owner
  • Super clen
  • *
  • Join Date: May 2008
  • Location: Struga
  • Age: 55
  • Posts: 506
  • Activity:
    1%
  • Karma: 21
    • AquaPark
Re: Акваристика во МК (2019)
« Reply #6 on: October 20, 2019, 10:58:45 AM »
Zdravo Marjan, da ti odgovoram na kratko :)

1. Дали генерално мислите дека бројот на луѓе што се занимаваат со ова е во пораст, пад или горе долу исто како секогаш. Колку од луѓето што ги познавате имаат дома аквариуми?

Od deset novi akvaristi 1 ostanuva :) Akvaristika e obemen zbor, i toj sto cuva karas vo tegla i toj so reef se vikaat akvaristi, i da poznavam mnogu koi se zanimavaat so ova hobi

2. Дали е скапо денес чување аквариум во однос на други миленици?

Pak, akvaristika e obemen zbor i toj so tegla i toj so morski se akvaristi :) Dali e skapo? Zavisi sto ke cuvas, primer, jas mojot reef go prodadov za 3000 evra, samo ziviot svet, sega ti pogodi dali e skap :)
 
3. Дали е помачно чување аквариум во однос на други домашни миленици.

Pak, akvaristika e obemen zbor i toj so tegla i toj so morski se akvaristi :) Cuvanje tegla e "turanje" hrana 1-2 pati dnevno (ako ne zaboravis) no cuvanje biotopi, trevnati i morski reef-ovi se....ne bi go koristel tvojot zbor "pomacni" tuku po izazovni. Kuceto ke go prosetas, ke se pomoca i poseri i ke go vratis nazad :) No vo akvarium toa treba da go iscistis :)
 
4. Дали аквариумот го сметате како хоби или го ставате во група со домашни миленици?

ZARAZA

Offline marjanmic

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Oct 2011
  • Location: Stockholm
  • Age: 37
  • Posts: 45
  • Activity:
    0%
  • Country: se
  • Karma: 11
Re: Акваристика во МК (2019)
« Reply #7 on: October 21, 2019, 12:17:35 AM »
Ајде тогаш дај совет како да го промовираме форумот на социјалниве мрежи.
Јас пробав едно време ама тешко оди. Луѓево се замаени од ФБ или инстаграм и неќат форуми, а јас ги неќам социјалниве мрежи.
Па размислувам што може да се направи околу ова

Се надевам не си сериозен и дека си ироничен. 
Сериозно, стварно не знаев дека со селектирање дел по дел може да се цитира  :embarrass:

i toj sto cuva karas vo tegla i toj so reef se vikaat akvaristi,
Генерално мислев на нормален слатководен аквариум со основни елементи како осветлување и филтрација. А морски не го ставив во равенката воопшто. Тоа си е посебна приказна :)

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7509
  • Activity:
    5%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Re: Акваристика во МК (2019)
« Reply #8 on: October 21, 2019, 01:25:10 AM »
Па размислувам што може да се направи околу ова
Пиши кога можеш или отвори нова тема по ова прашање.  :icon_thumright:

[ You must login or register to view this Off-Topic! ]
« Last Edit: November 03, 2019, 09:33:51 AM by p »

Tags:
 
Users Online Users Online (38)
Members Google (7)
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2021, SimplePortal