collapse

* Prebaruvanje


* Posledni Postovi

DOBRO UTRO by NO CARRIER
[Yesterday at 10:05:47 PM]


"Prematurity" by NO CARRIER
[September 17, 2021, 10:01:27 PM]


Blue magic - by nikouro by DimitarJ
[August 12, 2021, 01:40:22 AM]


Baram sovet , sakam fontana so bazence vo dvor by LILJANA
[June 05, 2021, 07:30:10 AM]

The first post content
Здраво,

Нов сум во хобито па не ми замерувајте ако прашам и по некоја глупост :)

Ќе споделам видео, ме интересира тоа што се појавува на каменот дали е ок или сепак смета на водата и аквариумот?
Живи растенија има, филтер, греач..

Видео: [Login or Register]

Link

Author Topic: Камен  (Read 446 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline FD1

  • Neaktiven
  • *
  • Join Date: Dec 2019
  • Location: Skopje
  • Age: 26
  • Posts: 8
  • Activity:
    0%
  • Country: mk
  • Karma: 0
Камен
« on: December 27, 2019, 01:14:56 AM »
Здраво,

Нов сум во хобито па не ми замерувајте ако прашам и по некоја глупост :)

Ќе споделам видео, ме интересира тоа што се појавува на каменот дали е ок или сепак смета на водата и аквариумот?
Живи растенија има, филтер, греач..

Видео: [Login or Register]

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Re: Камен
« Reply #1 on: December 27, 2019, 01:44:18 AM »
Добредојде уште еднаш.  :icon_thumright:

Не постои глупаво прашање, глупаво е да не се праша. :icon_thumright:
Форумов затоа постои и некои прашања се веќе одговорени... така да тука имаме одговори за многу разни ситуации. :happy:

Не се гледа најдобро дали одозгора има точки, но од страна гледано претпоставувам дека станува збор за диатом и дека каменот го имаш ставено во аквариум во скоро време што е сосема нормална појава кога се ставаат нови елементи во аквариумот. Стави анциструси и ќе ја средат за една ноќ. Можеш да го извадиш каменот да го исчистиш или промени вода 20-30% вода...

Најдобро е целосно да го претставиш аквариумот како другите членови што го направиле тоа... можеби има уште други работи што треба да се променат за да нема некои несакани последици.
 
Уште еднаш ти посакувам пријатен престој и дружба.    56805

Offline FD1

  • Neaktiven
  • *
  • Join Date: Dec 2019
  • Location: Skopje
  • Age: 26
  • Posts: 8
  • Activity:
    0%
  • Country: mk
  • Karma: 0
Re: Камен
« Reply #2 on: December 27, 2019, 03:06:45 AM »
Фала ти.

Мал 30л аквариум е и нема нешто многу да се претстави..  :laugh:
Моментално има само бета борец, и следно што ќе прашав е дали е паметно да се додаде уште нешто..? Сепак не е голем простор па страв ми е да не ги напаѓа другите..




Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Re: Камен
« Reply #3 on: December 27, 2019, 03:19:15 AM »
Нема врска дали е мал или голем аквариум, секој аквариум си бара некои основни правила да се применат за да немаме поголеми или помали проблеми... и поентата е да имаме што е можно помалку проблеми.

Не пиша дали каменот што го стави е нов во аквариумот или таму се наоѓа од самиот старт?
Доле под аквариумот дали има стиропор? Или директно легнува стаклото на дрвото?
Песокот не е многу соодветен бидејќи е крупен, а со крупен песок се создава талог кој со текот на времето прераснува во „темпирана бомба“ од штетни бактерии кои можат да доведат до помор на рибите. Најдобро е да се користи кварцен песок. Башка таа количина на песок кај тебе е мала, треба повеќе да има за тревките да можат да го развиваат нивниот корен во него. Дали користиш некаква прихрана за нив?

Тревките делуваат одлично. Осветлувањето какво е? Претпоставувам тоа е лед поклопец.
Има доста потенцијал во аквариумот. Претстави го во нова тема со сите информации како кај другите членови... ќе видиш дека има доста за пишување за него (нека не те мрзи само), тука сме, ќе одговориме на твоите мислења.  :icon_thumright:

Offline FD1

  • Neaktiven
  • *
  • Join Date: Dec 2019
  • Location: Skopje
  • Age: 26
  • Posts: 8
  • Activity:
    0%
  • Country: mk
  • Karma: 0
Re: Камен
« Reply #4 on: December 27, 2019, 03:26:27 AM »
Важи, ќе отворам како нова тема покасно.

Да, каменот е нов и само на тие се јавува тоа што го пратив претходно, на останативе нема ништо иако и тие се стаени пред брзо време.
Нема стиропор, не ставив бидејќи има подлога од самиот аквариум.
За песокот знам, планирам да го сменам во скоро време, од каде би ми препорачал да набавам таков? Прихрана не користам, советувајте и за тоа :)

ЛЕД светлото е висечко не е поклопецот, мислам дека доволно.

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Re: Камен
« Reply #5 on: December 27, 2019, 03:52:59 AM »
Каква е таа подлога на аквариумот? Биди попрецизен кога ќе го претставиш во нова тема.   :D
Песок можеш да земеш од било каде... кварцен е кварцен... нема подобар за слатководен аквариум. Можеш да најдеш и по другите теми на членовите. Гледај да биде средна гранулација... да не биде многу ситен или да не биде многу крупен.

За светлото можеби си во право, но тука споделуваме информации каква опрема користиме, можеби јас или некој друг ќе сака да направи аквариум и да знаеме какви опции постојат за 30 литри аквариум... т.е. некој да може да планира и такво осветлување како твоето. Форумов за тоа постои да размениме информации и искуства и да се дружиме.  :icon_thumright:

Offline FD1

  • Neaktiven
  • *
  • Join Date: Dec 2019
  • Location: Skopje
  • Age: 26
  • Posts: 8
  • Activity:
    0%
  • Country: mk
  • Karma: 0
Re: Камен
« Reply #6 on: December 27, 2019, 04:13:24 AM »
 :laugh: :laugh:
Пуштам после друга тема, па ќе пробам таму да пишам се што знам  :dontknow: :embarrass:

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    4%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Re: Камен
« Reply #7 on: December 27, 2019, 04:27:34 AM »
 :icon_thumright:

Tags:
 

Users Online Users Online (25)
Members Google (4)
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2021, SimplePortal