collapse

* Prebaruvanje


* Posledni Postovi

DOBRO UTRO by NO CARRIER
[Yesterday at 09:48:15 PM]


"Prematurity" by NO CARRIER
[September 17, 2021, 10:01:27 PM]


Blue magic - by nikouro by DimitarJ
[August 12, 2021, 01:40:22 AM]

The first post content
Најнапред, задраво живо за сите љубители на аквариумското хоби, се надевам дека во ова време, невреме и полициски часови, сите сте здрави, живи та весели и поминувате повеќе време покрај Вашиот аквариум. Се потрудив да пребарам околу темата што ме интересира, но ненајдов никаков одговор, ако веќе прашањето е претходно дискутирано Ве молам да ми посочите со линк ...

Прашањето гласи: колкава дебелина и какво стакло треба да се користи за аквариум со волимен од 960 литри и димензии - долг 200 см, висок 80 см и длабок 60 см ...

Однапред Ви благодарам ...   

Link

Author Topic: дебелина на стакло  (Read 1229 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline Aleksandar Jovanoski

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2020
  • Location: Ohrid
  • Age: 49
  • Posts: 38
  • Activity:
    0%
  • Country: mk
  • Karma: 2
дебелина на стакло
« on: April 01, 2020, 02:16:11 PM »
Најнапред, задраво живо за сите љубители на аквариумското хоби, се надевам дека во ова време, невреме и полициски часови, сите сте здрави, живи та весели и поминувате повеќе време покрај Вашиот аквариум. Се потрудив да пребарам околу темата што ме интересира, но ненајдов никаков одговор, ако веќе прашањето е претходно дискутирано Ве молам да ми посочите со линк ...

Прашањето гласи: колкава дебелина и какво стакло треба да се користи за аквариум со волимен од 960 литри и димензии - долг 200 см, висок 80 см и длабок 60 см ...

Однапред Ви благодарам ...   
Аква Поздрав  :icon_salut:

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    1%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Re: дебелина на стакло
« Reply #1 on: April 01, 2020, 02:25:01 PM »
Се зависи колку си спремен да го направиш, но во ова време-невреме како што го нарече малку работи можат да стигнат кај нас бидејќи границите се затворени, трговијата е она што е останато од моментот на вонредната состојба. Кај нас не знам дали ќе најдеш „такво“ стакло за толку голем аквариум. @biguran2 има повеќе искуство со стаклата и тој нарачуваше ако добро се сеќавам стакло со посебна цврстина за неговиот аквариум. Верувам дека ќе го сподели тоа искуство.

А зошто се одлучи за толку голем аквариум? 960 литри дали ќе издржи подот воопшто? Кои се плановите? Кое е претходно искуство во акваристиката? :icon_scratch:
« Last Edit: April 01, 2020, 02:31:52 PM by p »

Offline Aleksandar Jovanoski

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2020
  • Location: Ohrid
  • Age: 49
  • Posts: 38
  • Activity:
    0%
  • Country: mk
  • Karma: 2
Re: дебелина на стакло
« Reply #2 on: April 01, 2020, 04:36:08 PM »
Ептен спремен :D не е до толку страшно, за роба работат границите, кај да е ќе помине ...

Аквариумот треба да биде голем од пусти мерак  :laugh: , подот нема гајле на приземје е, масивна плоча, идејата е да биде несекојдневен украс во продажен простор, вграден во ѕид со две лица. Интересен момент е тоа што на средината има стуб 30х30см, што значи аквариумот ќе биде околу стубот, да му дадеме малку тежина на работата  :D всушност од страна на изложбениот дел во просторот ќе се има претстава дека се два помали аквариуми со должина од 85см, а од другата страна каде е приемниот дел за странки, односно моето биро, ќе се гледа целата должина, со висина на таван при што ѕидот ќе биде аранжирано со камен и растенија односно стручно кажано терминолошки треба да оформиме еден прекрасен, голем, несекојдневен паладариум, полн со диви Дискуси  :D

Со аквариуми под дома сум од далечната 1982 год. 1991 профункционира и дуќан за продажба на риби и опрема, трговија и увоз од Балканските држави, најмногу од Турција, стигнавме до мрестење на Дискуси, 1994 првиот голем аквариум од 400 литри со биолошки филтер EHEIM 2215, полн со Дискуси од Србско легло, хранети со црвен планктон од Охдридското езеро :D. За жал во 2000 година при големо реновирање во мојата куќа, поради невнимание на хигиеничарката која го исклучила продолжниот кабел со кој се напојуваше опремата, после два дена следи масивен помор на 7 Дискуси со пречник од 25 см, Плескостомус од 35 см итн... опремата демонтирана и заедно со аквариумот складирана во магацин. Во неделата после пауза од точно 19 години и 8 месеци повторно во функција. Аквариумот го наполнав со голем страв, никој од стакларите незнае да потврди дали има трајност силиконот или нема  :( трет ден денес, добар е се држи  :laugh: канистерот на EHEIM проработи како сега отпакован, составен со старите керамички цевчина и вулканските камчина, ќе видиме дополнително каква ќе биде водата. Го ставив во функција за да почнам со растење на флората и најверојатно ќе добие и подмладок на Дискуси, односно кога ќе биде готов Големиот само да го аранжирам, имаме време до Септември кога треба да биде преставен на јавноста по повод 30 годишниот јубилеј од функционирањето на фирмата.

Како што можам да видам колегата @biguran2 e од Струга, па најверојатно нема да пиеме кафе  :( бар не во овој момент, но би можеле да се слушниме на телефон  :laugh:
Аква Поздрав  :icon_salut:

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    1%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Re: дебелина на стакло
« Reply #3 on: April 01, 2020, 09:31:32 PM »
Оваа историја што ја наведе сигурно би требало @biguran2 да биде запознаен со неа. :notworthy:

Ептен спремен :D не е до толку страшно, за роба работат границите, кај да е ќе помине ...
Не знам како може да стигнува роба во вонредна состојба, можеби не сум во тек, на пример кај мене не стигнуваат обични мали предмети од АлиЕкспрес.  :no: :dontknow:

Со аквариуми под дома сум од далечната 1982 год. 1991 профункционира и дуќан за продажба на риби и опрема, трговија и увоз од Балканските држави, најмногу од Турција
Чисти информативно, кој бил дуќанот ако не е тајна? Јас малку подоцна започнав да се занимавам со акваристика, вие сте постар од мене, но другите постари членови на форумов сигурно ве познаваат.

Остатокот од постот е богата историја, навистина несекојдневна за наши простори. Секоја чест.  :icon_thumright:
Да почекаме да се уклучи @biguran2 и да даде свое мислење за потребите околу стаклото и верувам за остатокот од приказната.  :happy:

Offline URAN2

  • Owner
  • Super clen
  • *
  • Join Date: May 2008
  • Location: Struga
  • Age: 55
  • Posts: 506
  • Activity:
    0%
  • Karma: 21
    • AquaPark
Re: дебелина на стакло
« Reply #4 on: April 01, 2020, 09:49:19 PM »
dobre ni dojde Aleksandar, pokasno ke se priklucam i ke ti odgovoram :)

Offline DimitarJ

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 46
  • Posts: 7383
  • Activity:
    1%
  • Country: 00
  • Karma: 160
    • LID
Re: дебелина на стакло
« Reply #5 on: April 01, 2020, 10:32:02 PM »
 56805 uste ednas i ova definitivno ke bide interesen proekt. Ke sledam so zadovolstvo i kade sto mozam da pridonesam so sovet ke pisam.

Offline URAN2

  • Owner
  • Super clen
  • *
  • Join Date: May 2008
  • Location: Struga
  • Age: 55
  • Posts: 506
  • Activity:
    0%
  • Karma: 21
    • AquaPark
Re: дебелина на стакло
« Reply #6 on: April 01, 2020, 11:43:39 PM »
mislam deka e greska da se aktivira star akvarium, bez prethodno saniranje na silikonot, no toa e moe mislenje :) toj sto se izgorel od mleko duva i na jogurt

sto se odnesuva za proektot, predizvik e da se pravi akvarium okolu stolb no ne nevozmozno, dolnoto staklo ke bide na delovi dodeka stranicite normalno! Moze da se razmisli okolu stolbot da ima i sump koj bi posluzil za filtracija...

MINIMUM 15 mm staklo, dolzinata ne e vazna i ne igra uloga, jas imam gradeno 4 metarski akvarium so 10 mm staklo AMA 50 cm visina, visinata go odreduva pritisokot dali se raboti za 1m ili 10 m dolzina!

Za visinata... jas imav 65 cm visok i koga trebase da rabotam na nego ke morase do vrat da se navodenam da mrdnam edno kamce

Za sve sto te interesira prasaj :)

Offline Aleksandar Jovanoski

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2020
  • Location: Ohrid
  • Age: 49
  • Posts: 38
  • Activity:
    0%
  • Country: mk
  • Karma: 2
Re: дебелина на стакло
« Reply #7 on: April 02, 2020, 03:34:43 AM »
Здраво живо на сите, гледам расте интересот за новиот предизвик  :D да бидам искрен позитивно сум изненаден дека акваристиката е во голем подем, а имав чуство и претпоставка дека стагнира па дури и дека е намален интересот во сооднос со девеесетите ...

Дуќанот функционираше во склоп на основната дејност, трговија и инсталација на производи од домашните инсталации, централно греење, водовод, електрика, сончеви системи и општа железерија како и го носеше името, Јове Охрид е фирмата, а малопродажбата се одвивање под Железарија Сашко  :D на ул.Јане Сандански бр.84 во Охрид. Од Скопје во тоа време најногу сорабтока имав со Севда од Амазон, ја посетив пред нова година да видам шо имат шо немат, а ме радува дека во меѓувреме се отвориле и нови дуќани низ Скопје. Незнам каква е ситуацијата со останатите градови, но сепак останале контакти од домашни одгледувачи низ Прилеп и Куманово.

Не можам да потврдам за поштата која доаѓа преку Алиекспрес, транспортот на стоки со камион и увозни декларации преку главните гранични премини и царинските терминали се во функција.

Да се заблагодарам на коментарот од @biguran2 , предизвикот е секако голем, стариот аквариум намерно го наполнав само да се уверам во староста на силиконот, искуство, прашај паталец  :laugh: на безбедно место е во канцеларија на моето старо биро, секако треба да се реновира, минимални би биле последиците доколку се излеее, а излевањето на вода да не претерам ако речам дека ми е секојдневие во работата со основнава дејност, а од друга страна пак истиот тој аквариум еднаш веќе се излеа дома па го прелепвев, така да учен сум  :laugh:

Предизвикот е уште поголем дното да биде од едно парче, ласерски ќе се сече, а предвивдувам и бушење, заради одвод и дотур на вода. Аквариумот ќе биде отворен, односно веќе напоменав претходно дека сакам да биде паладариум според новивте термини што ги следам на најразлични сајтови. Од тие причини сакам да добиеме естетски лична ивица без дополнителни стакла за појачување. Од она што досега се информирав, стаклото најмалку треба да е 20мм и тоа калено, најверојатно ќе успееме да го составиме со Охридска фирма Џам Комерц, опремени се со ласери за сечење на стакло во најразлични форми, тоа што ќе посакаш  :D
Идејата за околу столбот да се изработи сумп филтрација, не ми се допаѓа од причина што за филтрацијата ќе се грижи EHEIM tremo PRO 3 1200 XLT , столбот е централна точка и ќе треба да се посвети поголемо внимание околу аранжирањето со камен, за да се усогласи со останатата средина.
Висината е малку проблематична за рошкање со раката внатре :laugh: но сепак ништо неможе да биде лесно, во тоа е и предизвикот да се изработи несекојдневно екстремен аквариум.

За брзо ќе Ви псотирам и некоја слика, како се одвиваат работите во привремениот - стар аквариум ... Аква Поздрав  :D 
Аква Поздрав  :icon_salut:

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    1%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Re: дебелина на стакло
« Reply #8 on: April 02, 2020, 05:24:18 AM »
Не знам, некако премногу се остава простор за ризик така да препорачуваме на стари аквариуми да не го санираме силиконот. И тој има свој век на траење, исто како гумите за коли.  :dontknow:

Но, ако си решил тоа да го правиш на свој ризик и си сигурен, терај... наше е да дадеме совет за сигурно затоа што само тој начин е исправен. :happy:

Според мене на таа литража е потребен сумп, нормално ако има можност да се направи.
Филтерот што го наведе има следна спецификација:
[Login or Register]
Quote
For aquariums of about.    400.00 l
For aquariums up to approx.    1,200.00 l

Можеби ќе требаат вакви 2 филтри или? :icon_scratch:

https://youtu.be/Gd3r8YqA6PE?t=80

Во врска со стаклото Уран има на форумот најдобро искуство со поголеми аквариуми.  :icon_thumright:

Offline URAN2

  • Owner
  • Super clen
  • *
  • Join Date: May 2008
  • Location: Struga
  • Age: 55
  • Posts: 506
  • Activity:
    0%
  • Karma: 21
    • AquaPark
Re: дебелина на стакло
« Reply #9 on: April 02, 2020, 07:16:37 AM »
kolku razbrav vo prviot post, stolbot veke e tamu? Ili gresam? dzabe secenje so laseri  no mozebi pogresno razbrav

kako i da e,  15 mm ti predloziv bidejki jas koga barav toa bese edino sto najdov i sto imase na ponuda, ako imas 20mm i toa plus kaleno togas si zavrsil golema rabota :)

sto se odnesuva do filterot, iako pisuva do 12000 litri, realno e za 400 litri no jas sum poveke za licno izraboteni filtri nad 200-300 litri volumen, so "koficka" ne se cisti/filtrira akvarium, pogotovo za diskusi! Vo filtracijata mi e bitno bioloskiot filter kade ke imam ogromna povrsina na anaerobni korisni bakteriji, izmetot mi e posledna griza.

So gospod napred i so sreka :)


« Last Edit: April 02, 2020, 07:25:38 AM by biguran2 »

Offline Aleksandar Jovanoski

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2020
  • Location: Ohrid
  • Age: 49
  • Posts: 38
  • Activity:
    0%
  • Country: mk
  • Karma: 2
Re: дебелина на стакло
« Reply #10 on: April 02, 2020, 12:08:46 PM »
#p се разбира дека е ризик, но без ризик нема адреналин, без адреналин нема авантура  :D  едноставно условите овозможуваат да го тестираме и анализираме ... разгледувам по другите сајтови, темата е за замора на силиконот е многу актуелна, но сите  :dontknow: креваат раце, нема конкретни информации од производител. На неколки пати сретнав податок за траење од " повеќе децении '' но не е наведено колку. Искуствено во голем број ги има преку 20 години, со досега најногу 28 години од кои 5 бил празен. Бидејќи е привремен аквариум слободно можеме да влезиме во ризик  :D

#biguran2 , добро си ме разбрал, столбот е постоечки, јас не те разбирам зошто џабе сечење со ласер ?
денес добив потврда за 20мм калено стакло на лагер, понеделник ќе се одлучува на лице место, дали ќе се сече со ласер или ќе се составува дното од парчина ...

Што се однесува до филтерот, од 400 до 1200 литри е препораката, измена на вода му е 1700 литри/ч, детално прерачунато, одземено стаклото, подлогата и останатиот ентериер, релано ќе има вода од 700 литри, што е скоро 2,5 измени на час, а според моето искуство е повеќе од доволно за Дискус. Него го одбирам баш поради долгогодишното искуство со EHEIM и нивните компоненти за биолошка филтрација, кофата е со волумен од 25 литри и вкупна површина од 1.800,оо м2 за колонизација на бактериите.

Место има доволно, би сакал да слушнам од Вас, колкав по димензија и негов состав за изработка на надворешен филтер - сумп  :icon_scratch: 
Аква Поздрав  :icon_salut:

Offline URAN2

  • Owner
  • Super clen
  • *
  • Join Date: May 2008
  • Location: Struga
  • Age: 55
  • Posts: 506
  • Activity:
    0%
  • Karma: 21
    • AquaPark
Re: дебелина на стакло
« Reply #11 on: April 02, 2020, 08:53:54 PM »
ne se razbirame nesto, ti vikas = "Предизвикот е уште поголем дното да биде од едно парче, ласерски ќе се сече, ..."

jas ti vikam ako ima stolb ne moze da bide od edno parce, ke mora na delovi :)

Offline DimitarJ

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 46
  • Posts: 7383
  • Activity:
    1%
  • Country: 00
  • Karma: 160
    • LID
Re: дебелина на стакло
« Reply #12 on: April 02, 2020, 11:11:15 PM »
Mozebi e najdobro da vidime skica od akvariumot gledano odozgora kako ke odi so stolbot.
Ako se sece dnoto jas bi pretpostavil deka od ednata strana ke bide stolbot i dve parcinja staklo na liceto a od drugata strana ke ima edno parce staklo za liceto.
Znaci akvariumot bi dosol oklu stolbot a ne da bide stolbot vo akvariumot. Nesto kako bukvata П da dojde oklu stolbot.

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    1%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Re: дебелина на стакло
« Reply #13 on: April 03, 2020, 12:02:32 AM »
Да не ме разбереш погрешно, на овој форум не сме повеќе од 10 години за да креваме адреналин. Сите сакаме да уживаме во ова прекрасно хоби и тоа може да се направи кога сите ризични фактори се елиминираат. Изборот останува на тој што го изработува аквариумот, нашето е да дадеме исправен совет. Изработката на секој голем аквариум е голем предизвик и тој сам по себе ќе го крене адреналинот кај секој гостин што ќе го погледне, а уште повеќе кај оној што ќе го изработи проектот. Од друга страна не можам да се согласам да се наполни стар аквараиум со стар силикон макар и на некое нано-аквариумче кое најчесто ги поставуваат на маса покрај десктоп компјутер или лаптоп. Поентата ми е, што е сигурно е исправно. ;)

Што се однесува до препораките за филтерот, избриши ја информацијата до 1.200 литри. Тој е за аквариум од околу 400 литри. Во тој случај ќе ти требаат два вакви филтри. Наместо два вакви филтри можеш да направиш еден сумп, а за големината еве еден калкулатор: [Login or Register]

Дополнително, во тој филтер има и грејач, дали ќе биде доволен за твојот аквариум или треба да ставиш уште грејачи?

За стаклото не навлегувам многу, но само ме интересира доколку аквариумот има облик на цилиндер и столбот е веќе поставен, како ќе го внесеш дното во самиот столб? Можеби е најдобро да направиш една скица како што пиша Диме, за да имаме најдобра претстава за твојата идеја.

Offline Aleksandar Jovanoski

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2020
  • Location: Ohrid
  • Age: 49
  • Posts: 38
  • Activity:
    0%
  • Country: mk
  • Karma: 2
Re: дебелина на стакло
« Reply #14 on: April 03, 2020, 02:33:21 AM »
Quote
Интересен момент е тоа што на средината има стуб 30х30см, што значи аквариумот ќе биде околу стубот, да му дадеме малку тежина на работата  :D всушност од страна на изложбениот дел во просторот ќе се има претстава дека се два помали аквариуми со должина од 85см, а од другата страна каде е приемниот дел за странки, односно моето биро, ќе се гледа целата должина, со висина на таван при што ѕидот ќе биде аранжирано со камен и растенија односно стручно кажано терминолошки треба да оформиме еден прекрасен, голем, несекојдневен паладариум,

невнимателно сте ме прочитале или јас нејасно се изразив  :embarrass: единствено Димитар логички размислува :D форма на буквата '' П ''  да повторам ОКОЛУ стубот, односно стубот не останува внатре во аквариумот, од една страна гледаш два аквариуми, а до другата еден голем ...
Аква Поздрав  :icon_salut:

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7512
  • Activity:
    1%
  • Country: mk
  • Karma: 90
Re: дебелина на стакло
« Reply #15 on: April 03, 2020, 08:15:11 AM »
Очигледно не сме разбрале. Јас дури помислив дека станува збор за цилиндер аквариум, а уште помалку за "П" форма.  aha

значи аквариумот ќе биде околу стубот
Ова е моментот што ме натера да мислам дека ќе биде целиот околу столб, а не само еден дел од столбот. :dontknow:

Алал да му е на Диме како одма сфатил  :icon_thumright:
Но, повторно кога можеш направи една скица за подобар квалитет на дискусијата пошто овој проект секако бара повеќе внимание и трпение. Ако си во можност направи скица, ако не здравје.

Offline URAN2

  • Owner
  • Super clen
  • *
  • Join Date: May 2008
  • Location: Struga
  • Age: 55
  • Posts: 506
  • Activity:
    0%
  • Karma: 21
    • AquaPark
Re: дебелина на стакло
« Reply #16 on: April 03, 2020, 09:34:49 AM »
a zasto ne go zemes stolbot vnatre?

Offline marjanmic

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Oct 2011
  • Location: Stockholm
  • Age: 38
  • Posts: 45
  • Activity:
    0%
  • Country: se
  • Karma: 11
Re: дебелина на стакло
« Reply #17 on: November 02, 2020, 01:48:02 AM »
@Aleksandar Jovanoski , што бидна со ова? Беше доста амбициозен проект, и со задоволство ги следев твојте идеи и замисли.
Позз

Tags:
 

Users Online Users Online (18)
Members Google (3)
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2021, SimplePortal