collapse

* Prebaruvanje


The first post content
После пауза од 20 години, пак почнав да се занимавам со риби во мај годинава.
Почнав со едно 10 галонско (37.8 литри) аквариумче. Сега за сега во истото имам само десетина red cherry shrimp, седум corydoras paleatus (4 албино) и еден Ancistrus. Планирам понатаму да го наменам само за ракчињата.
По тоа аквариумче земав уште едно исто такво за смешни пари. Од PetSmart ми дадоа без пари 16 мали Convict Cichlids и така сега си ги чувам. Бидејќи се' уште се мали не ставив подлога за да можам да ги хранам повеќе пати и полесно да го чистам аквариумот.
Уште немам позадини, ама ќе биде, кога ќе најдам време.
Имав 4 Apple Snail во првиот аквариум ама многу ми ја откорнуваа тревата од подлогата, па ги преместив со циклидите.
За сега немам проблеми малите палавковци да ги напаѓаат полжавите. Додколку забележам такво нешто, ги враќам назад да си бидат со ракчињата.
Купив уште 2х 20 галонски (75.7 литри) аквариуми по многу ефтина цена, па откако ќе најдам ксифо какво што барам, ќе чувам ксифофоруси, 3 corydoras и Ancistrus-от. Во другиот ќе оставам пар од циклидите, а останатите ќе ги раздавам.


Link

Author Topic: Моите скромни мали аквариумчиња  (Read 156 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline DennyMK

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Jun 2022
  • Posts: 10
  • Activity:
    0%
  • Country: mk
  • Karma: 4
После пауза од 20 години, пак почнав да се занимавам со риби во мај годинава.
Почнав со едно 10 галонско (37.8 литри) аквариумче. Сега за сега во истото имам само десетина red cherry shrimp, седум corydoras paleatus (4 албино) и еден Ancistrus. Планирам понатаму да го наменам само за ракчињата.
По тоа аквариумче земав уште едно исто такво за смешни пари. Од PetSmart ми дадоа без пари 16 мали Convict Cichlids и така сега си ги чувам. Бидејќи се' уште се мали не ставив подлога за да можам да ги хранам повеќе пати и полесно да го чистам аквариумот.
Уште немам позадини, ама ќе биде, кога ќе најдам време.
Имав 4 Apple Snail во првиот аквариум ама многу ми ја откорнуваа тревата од подлогата, па ги преместив со циклидите.
За сега немам проблеми малите палавковци да ги напаѓаат полжавите. Додколку забележам такво нешто, ги враќам назад да си бидат со ракчињата.
Купив уште 2х 20 галонски (75.7 литри) аквариуми по многу ефтина цена, па откако ќе најдам ксифо какво што барам, ќе чувам ксифофоруси, 3 corydoras и Ancistrus-от. Во другиот ќе оставам пар од циклидите, а останатите ќе ги раздавам.


Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 44
  • Posts: 7533
  • Activity:
    2%
  • Country: mk
  • Karma: 91
Re: Моите скромни мали аквариумчиња
« Reply #1 on: June 17, 2022, 08:24:27 PM »
Убаво изгледа горното аквариумче, ме интересира каков е песокот во него? Доста светол, мене такви подлоги ми се допаѓаат... за тревките можеби треба уште малку повеќе песок отприлика 5-7cm да биде. Како позадина можеш да ставиш црна-мат фолија, така ќе добиеш поголем контраст и повеќе ќе се забележува внатрешноста.

Се на се убаво изгледаат аквариумчињата... со тек на време ќе се прават промени...  :icon_thumright:
 560855

Offline DennyMK

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Jun 2022
  • Posts: 10
  • Activity:
    0%
  • Country: mk
  • Karma: 4
Re: Моите скромни мали аквариумчиња
« Reply #2 on: June 17, 2022, 08:52:15 PM »
Убаво изгледа горното аквариумче, ме интересира каков е песокот во него? Доста светол, мене такви подлоги ми се допаѓаат... за тревките можеби треба уште малку повеќе песок отприлика 5-7cm да биде. Како позадина можеш да ставиш црна-мат фолија, така ќе добиеш поголем контраст и повеќе ќе се забележува внатрешноста.

Се на се убаво изгледаат аквариумчињата... со тек на време ќе се прават промени...  :icon_thumright:
 560855
Песокот изгледа убаво ама е срање у боја. Ситен е колку точките во текстов, скоро прашина. На прво миење почна да се грутчи како тие за деца песоци, а мали груткички песок плутаа по површината на водата. Не ми се одеше до продавница да го вратам и остана.
[Login or Register]

Сликата така изгледа, има најмалку 5cm песок. Ја ставив целата вреќичка.

Црна позадина ми е во план уште пред да купам аквариум, само никако да дојдам до време наменето за таа работа.

Фала  :icon_thumright:

П.С.: Зошто ми пишува дека не сум активен на сајтот, кога сум онлајн три дена по ред и имам 5 постирања???

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 44
  • Posts: 7533
  • Activity:
    2%
  • Country: mk
  • Karma: 91
Re: Моите скромни мали аквариумчиња
« Reply #3 on: June 17, 2022, 10:08:35 PM »
Песокот ми се допадна затоа прашав за него... според мене добро што си го оставил.
Ти требаат 9 мислења за да бидеш јуниор член.  :happy:

Offline DennyMK

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Jun 2022
  • Posts: 10
  • Activity:
    0%
  • Country: mk
  • Karma: 4
Re: Моите скромни мали аквариумчиња
« Reply #4 on: June 22, 2022, 05:34:21 PM »
…Како позадина можеш да ставиш црна-мат фолија, така ќе добиеш поголем контраст и повеќе ќе се забележува внатрешноста.
Cheapo позадина  :embarrass:
Ја исфарбав картонската опаковка од капакот од едниот аквариум со спреј кантичка со боја што ми остана од поранешен проект.
Ова е моментално решение, додека да купам пластичен панел. Фолија не ми се става оти ако сакам поинаква позадина во иднина ќе се изнамачам додека да ја отстранам фолијата.
[Login or Register]

[Login or Register]

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 44
  • Posts: 7533
  • Activity:
    2%
  • Country: mk
  • Karma: 91
Re: Моите скромни мали аквариумчиња
« Reply #5 on: June 22, 2022, 08:05:48 PM »
Нема да ти треба друга боја затоа што со црната има најголем контраст.  :icon_thumright:
После со текот на времето ќе ги средиш и елементите што се внатре, т.е. цревата да не поминуваат низ средината од аквариумот... бодат во очи...  :D

А какви се тие заби внатре? Сеа ги забележав...  :icon_scratch:

Offline NO CARRIER

  • V I P
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: May 2009
  • Location: България, Пазарджик
  • Age: 51
  • Posts: 5214
  • Activity:
    31%
  • Karma: 61
    • Николай Цветков
Re: Моите скромни мали аквариумчиња
« Reply #6 on: June 22, 2022, 08:34:26 PM »
Екстра е :-)

Offline DennyMK

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Jun 2022
  • Posts: 10
  • Activity:
    0%
  • Country: mk
  • Karma: 4
Re: Моите скромни мали аквариумчиња
« Reply #7 on: June 22, 2022, 10:15:59 PM »
Нема да ти треба друга боја затоа што со црната има најголем контраст.  :icon_thumright:
Ако, може понатаму ќе сакам да ги продадам малите аквариуми, па нека си бидат со чисто стакло.

После со текот на времето ќе ги средиш и елементите што се внатре, т.е. цревата да не поминуваат низ средината од аквариумот... бодат во очи...  :D
:icon_salut: Потполно се согласувам со тебе. Моментално тој аквариум ми е како групен аквариум, а најбитната моментална намена му е да ги расшири бенефитните бактерии на двата сунѓер филтри. Во догледно време ќе биде аквариум само со ракчиња, а може и пар јаболкови полжави. Поради тие причини не се замарам многу за цревата или отсадените билки  :happy: . Кога ќе дојде време ќе направам повторен акваскејп (low tech) и најверојатно ќе ги заменам цревата со црни.

А какви се тие заби внатре? Сеа ги забележав...  :icon_scratch:

:headbang: Забите се декорација костурска глава од Смajлодон (сабјозабен тигар) што мене ми прави задоволство да ја гледам, а на ancistrus-от му е омилено место за криење.

Offline DennyMK

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Jun 2022
  • Posts: 10
  • Activity:
    0%
  • Country: mk
  • Karma: 4
Re: Моите скромни мали аквариумчиња
« Reply #8 on: June 22, 2022, 10:17:12 PM »

Offline URAN2

  • Owner
  • Super clen
  • *
  • Join Date: May 2008
  • Location: Struga
  • Age: 56
  • Posts: 507
  • Activity:
    2%
  • Karma: 21
    • AquaPark
Re: Моите скромни мали аквариумчиња
« Reply #9 on: September 13, 2022, 01:44:29 AM »
te snema :P

Tags:
 

Users Online Users Online (27)
Members Google (2)
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2022, SimplePortal