collapse

* Prebaruvanje

* Posledni Postovi

DOBRO UTRO by NO CARRIER
[Yesterday at 09:54:57 PM]

Baram sovet , sakam fontana so bazence vo dvor by LILJANA
[June 05, 2021, 07:30:10 AM]

"Prematurity" by DimitarJ
[June 04, 2021, 12:11:34 AM]

Dekoracii vo akvariumot by NO CARRIER
[April 28, 2021, 09:11:09 PM]

Hrana za Omnivori by DimitarJ
[April 23, 2021, 10:46:46 AM]

The first post content
После сосема оправданите забелешки од некои членови на форумов во врска со моето не-покажување на кутиите со вода што ми пареат по подруми и слични сомнителни локации, решив барем малку да се поправам. Мноооогу малку, верувајте. Колку малку, ќе видите веднаш после моето објаснување на некои работи.
Во темата за алтиспинозите еднаш реков дека ќе отворам тема во која ќе објаснам зошто нема слики од моите аквариуми. Бидејќи би било глупо да отворам тема баш само за тоа, ќе искористам дел од оваа за да се обидам да се оправдам некако.
Не дека јас не сакам да покажам... јас немам ништо вредно за покажување. :( Моментални имам 4 аквариуми во подрум, и 3... ај да ги наречам и нив аквариуми (со благонаклоност) дома. Од тие во подрум еден е зафатен со скалари триколори (матичниот пар и нивни потомци кои кај да е ќе почнат да се двојат во парови), уште еден со мали крибензиси, и сега еден со мнооогу мали (и за жал овојпат многу малку, под 100) скалари. Четвртиот е нешто што би требало да претставува „украсен“ аквариум, ама верувајте, ако кажам дека „ук“ има од „украсен“ - ќе претерам. Никако да ги доведам тревките во ред. Малку ќе ги опоравам - за некое време е бетер. Од како дојдов во Скопје, не видов убава тревка во аквариум. Менував песок, менував светло, течни ѓубрива, СО2 (DIY)... ми остануваат уште две опции: или да почнам да „муќкам“ DIY ѓубрива (Владо, ќе те гњавам за помош, ептен сум тапа за хемијава), или да си купам севозможни препарати... опција на која во моментов не сум спремен.
Е, да, одреден напредок се покажа со глината, ама ми ја снема пустата, а Дане никако да донесе уште од Гостивар. :) (Данилооооу, слушааааш? :D )
И сега? Зарем после сите овие описи сакате да ја видите мојата патетика од аквариум? Не верувам.

Наместо тоа, ќе ви го претставам мојот најнов „проект“:

Спецификации:
Димензии: 100 х 50 х 50... милиметри, се разбира. :)
Флора: Taxaphyllum barbieri и Cladophora aegagrophila
Фауна... неколку дафнии (Daphnia pulex). Единствените суштества кои ги исполнуваат сите три услови:
  1. Да не им биде тесно
  2. Да не треба микроскоп за да се видат
  3. Да ми се при рака
:D :D :D

Параметри на водата... не се мерени. :)
Ѓубриво: вода од поголемите аквариуми... не очекувате белки дека на оваа „литража“ би дозирал нешто правилно! :embarrass:
СО2: Страв ми е да помислам!  gsdxxvzzz
Осветлување: Чекам совети. Момнетално „се шлепа“ на осветлувањето на мојот „козариум“, а неколку часа дневно „се сонча“. Не знам дали да пробам со ЛЕД диоди, сакам некое светло кое ќе биде „димензионирано“ баш за него, не сноп кој ќе покрива уште десетпати толкава површина околу него.

Најголем предизвик ми беше вклопувањето на „корењата“ и „камењата“ (добро де, коренчињата и камчињата...  ;D ) бидејќи сум забележал дека во повеќето аквариуми тоа тешко оди. Во природата е лесно, таму корењата растат околу камењата, но во аквариум е нешто покомплицирано. Како и да е, мислам дека во голема мера успеав. Секако, тоа е само мое мислење, дали сум во право ќе кажете вие. :) А кога веќе во „аквариумот“ се најдоа „корења“, „гранки“ и „камења“, ред беше да се додаде и нешто зеленко. Додавањето на ова последново не е тешко како преместувањето на камчиња со пинцета („ова добро лежи на дрвото, ама ај да пробам со ова“, „ај вака да го свртам“ и т. н.) ама сепак и тоа е донемајкаде бавна и пипава работа, посебно кога работите со овие димензии.

Како и да е, aquascaping-от како категорија има некои свои правила кои понекогаш се многу строги (и ограничувачки на некој начин), како и некои повисоки критериуми од оние кон кои целев јас при изведбата на ова... нешто, така да споменатото „нешто“ не го сметам за класичен (nano)aquascape, туку едноставно за... мало аквариумче. :) Така е полесно, помалку маани ќе ми наоѓате.  jea

Еве уште некоја слика, за подобро да се „доловат“ димензиите:

Еве го како прима дневна доза сонце... :)

А овде е на "Stereo Lighting", светлото на гореспоменатиот „козариум“ плус нешто сонце преку прозорот. :)

Да, да... спомнав „Козариум“... и тој ќе биде претставен наскоро, како и едно друго аквариумче кое е се уште далеку од финиш, но кое ќе го поставам баш како „проект“ - ќе го уредуваме заедно. Ако сакате, секако. :)

Link

Author Topic: Мојот нов 100 х 50 х 50...  (Read 3152 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline Ненад

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Dec 2008
  • Location: Скопје
  • Age: 45
  • Posts: 395
  • Activity:
    0%
  • Karma: 23
Мојот нов 100 х 50 х 50...
« on: March 30, 2009, 05:10:59 PM »

« Last Edit: April 03, 2009, 12:27:39 AM by Aleksandar B »

Offline Aleksandar B

  • Global Moderator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Dec 2008
  • Location: Skopje
  • Age: 47
  • Posts: 4107
  • Activity:
    0%
  • Karma: 307
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #1 on: March 30, 2009, 10:13:25 PM »
 gsdxzzz Odlicna prezentacija
 560855

Offline nenad66

  • SeaWolf
  • *******
  • Join Date: Dec 2008
  • Location: Rio- "pena"
  • Age: 55
  • Posts: 6244
  • Activity:
    0%
  • Karma: 226
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #2 on: March 30, 2009, 10:24:32 PM »
 applause applause Nenad,mnogu sexi akvariumce gsdzz Jas imam edna druga slicna idea....koja ke ja ostvaram samo  malku vreme gsdxzzz  560855 za prezentacijata
se ke bide samo na cosiot brada nema da mu nikne

Offline Ljube

  • SeaWolf
  • *******
  • Join Date: Jan 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 41
  • Posts: 5785
  • Activity:
    0%
  • Karma: 201
    • Aqua Park
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #3 on: March 30, 2009, 10:26:25 PM »
Akavriumceto e top! Samo svetlove ti e mnogu zolto i slikte taka ispadnale?

Offline petreski t.

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Feb 2009
  • Location: skopje
  • Age: 30
  • Posts: 1437
  • Activity:
    0%
  • Karma: 69
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #4 on: March 31, 2009, 03:48:39 AM »
super originalno :D  :icon_thumright: bravo za idejata  gsdxzzz

Offline Uran

  • BigUran - Osnivac
  • SeaWolf
  • *******
  • Join Date: May 2008
  • Location: Rio Drimo Negro
  • Age: 55
  • Posts: 12153
  • Activity:
    0%
  • Karma: 469
    • AquaPark
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #5 on: March 31, 2009, 04:34:06 AM »
no comment sem  560855
Koj gi slusa ribite koga placat ??     [Login or Register]

Offline jufka

  • aquamaniac
  • ******
  • Join Date: Dec 2008
  • Location: Тетово
  • Age: 38
  • Posts: 2133
  • Activity:
    0%
  • Karma: 106
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #6 on: March 31, 2009, 04:41:39 AM »
 gsdzz gsdzz gsdzz

Offline Gjuro

  • aquamaniac
  • ******
  • Join Date: Feb 2009
  • Location: Kumanovo
  • Age: 41
  • Posts: 2693
  • Activity:
    0%
  • Karma: 194
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #7 on: March 31, 2009, 05:53:24 AM »
Izgleda nekako milo da kazam top gsdzz gsdzz gsdzz.

Offline ПРЧО

  • V I P
  • aquamaniac
  • *
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Kumanovo
  • Age: 39
  • Posts: 2868
  • Activity:
    0%
  • Karma: 103
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #8 on: March 31, 2009, 09:02:20 AM »
samo filtracijata mu e problem  ghgf

Offline Cimento

  • Plant junkie
  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Tetovo
  • Age: 39
  • Posts: 1484
  • Activity:
    0%
  • Karma: 99
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #9 on: March 31, 2009, 10:05:17 AM »
Интересантно мајку му!
Супер t28
Happines is like peeng in your pants. Everyone can see it but only you can feel it's warmth!

Offline Gjuro

  • aquamaniac
  • ******
  • Join Date: Feb 2009
  • Location: Kumanovo
  • Age: 41
  • Posts: 2693
  • Activity:
    0%
  • Karma: 194
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #10 on: March 31, 2009, 10:53:15 AM »
Nemozam da se vozdrzam a da ne dadam uste eden kometar,gi gledav slikite na dva tri navrati stvarno me zairigira  gsdxzzz  nb,m stom imam luft slobodno vreme vednas ke te kopiram ako uspejam ghgf. 3dclin

Offline Саше

  • Super clen
  • ****
  • Join Date: Jan 2009
  • Location: Tetovo
  • Age: 26
  • Posts: 692
  • Activity:
    0%
  • Karma: 34
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #11 on: March 31, 2009, 12:03:12 PM »
Bravoo.....mnogu interesno... happyy happyy happyy happyy happyy happyy  560855
P.S Nikoj ne se rodil ucen....

Offline Ненад

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Dec 2008
  • Location: Скопје
  • Age: 45
  • Posts: 395
  • Activity:
    0%
  • Karma: 23
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #12 on: March 31, 2009, 01:24:07 PM »
 55655 на сите за коментарите!

samo filtracijata mu e problem  ghgf
Море, да знаеш, стварно е проблем... ќе речеш со менување вода, ама скоро е невозможно да дотуриш вода без после да треба да го дотеруваш песокот. :)

Akavriumceto e top! Samo svetlove ti e mnogu zolto i slikte taka ispadnale?
Па е малку жолтеникаво... малку од песокот, малку од самото светло (волфрамова сијалица). Како што реков, барам решение за трајно осветлување.

odlicno...samo fali use pozadina nekoja extra gsdzz
Имам неколку опции за позадина, само чекам некој со добар дигиталец, не бидува вака... џабе ќе сликам ако боите не излегуваат барем приближно како што се во живо.

Nemozam da se vozdrzam a da ne dadam uste eden kometar,gi gledav slikite na dva tri navrati stvarno me zairigira  gsdxzzz  nb,m stom imam luft slobodno vreme vednas ke te kopiram ako uspejam ghgf. 3dclin
Стојам на располагање заедно со своето... скоро еднонеделно искуство во оваа област!  ghgf

Еве го мојот „сет“ од прибор и алат:

Мислам дека за ножиците и пинцетата нема потреба да објаснувам. Четкичките... пошироката служи за порамнување и распоредување на ситен песок по дното, а потесната за читење на истиот тој песок од внатрешните елементи (многу ситниот песок се разлетува при секое дотурање вода и „атерира“ на тревките, гранчињата, камчињата...).
Стапчињата за ражниќи служат за поттурнување и подместување, кога не мора да се користи пинцетата.
Она стапче со намотан материјал од сунѓерче за садови служи за чистење на стаклото, посебно од бигор и алги. Беше направено за „козариумот“, па за малово е малку гломазно, ќе треба да направам друго, попрецизно.
Секако, секој кој ќе се нафати да прави нешто слично може да си одбере/измисли и друг прибор, зависи што - како „му лежи“. Јас само давам предлози кои мислам дека ќе олеснат некому во сам старт. :)

Ај отидов да залепам уште едно малку поголемко... се заиграв! happyy :)

Offline Gjuro

  • aquamaniac
  • ******
  • Join Date: Feb 2009
  • Location: Kumanovo
  • Age: 41
  • Posts: 2693
  • Activity:
    0%
  • Karma: 194
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #13 on: March 31, 2009, 01:28:27 PM »
Bas cekam da ja vidam i slednata kreacija  gsdzz

Offline kiko_vet

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Jan 2009
  • Location: PP
  • Age: 36
  • Posts: 1144
  • Activity:
    0%
  • Karma: 38
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #14 on: March 31, 2009, 02:40:45 PM »
super ispadnalo nema so  nb,m
"Левата нога и рече на десната: меѓу нас е свршено."

Offline ADZI

  • aquamaniac
  • ******
  • Join Date: May 2008
  • Location: Skopje, MACEDONIA
  • Age: 40
  • Posts: 2222
  • Activity:
    0%
  • Karma: 25
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #15 on: April 01, 2009, 10:39:19 AM »
TOa 100mm bilo bee.... kako se iznenadiv koa si go slikal u RAKA...

Prvo gleam mov.. ama mov tolkav hgfgd
posle daphina nesto  hgfgd

i rakata... Mislev nesto so photosho zimi majka si prael...

Naveke vizuelno radi drvoto tolku mi izgledase deka e golemo

 gsdxzzz gsdxzzz gsdxzzz gsdxzzz gsdxzzz gsdxzzz gsdxzzz

Offline Ненад

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Dec 2008
  • Location: Скопје
  • Age: 45
  • Posts: 395
  • Activity:
    0%
  • Karma: 23
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #16 on: April 01, 2009, 02:46:41 PM »
А бре Аџи, да знаев јас со Photoshop да работам ќе покажев едно 10 холандски аквариуми... додуша, ако сакаше некој во живо да ги види ќе морав да измислувам нешто...  boske

Offline majakashi

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Mar 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 37
  • Posts: 1265
  • Activity:
    0%
  • Karma: 57
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #17 on: April 15, 2009, 03:55:07 AM »
 gsdxzzz na trpenieto. go vidov vo zivo ova aq-umce, veruvajte uste pomalo izgleda ghgf. pozdraF

Offline Uran

  • BigUran - Osnivac
  • SeaWolf
  • *******
  • Join Date: May 2008
  • Location: Rio Drimo Negro
  • Age: 55
  • Posts: 12153
  • Activity:
    0%
  • Karma: 469
    • AquaPark
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #18 on: April 15, 2009, 04:04:38 AM »
gsdxzzz na trpenieto. go vidov vo zivo ova aq-umce, veruvajte uste pomalo izgleda ghgf. pozdraF

Sigurno e taka  gsdzz  Ne e na odmet da vidime sto ti sve imas po doma Majakashi  :wave:
Koj gi slusa ribite koga placat ??     [Login or Register]

Offline DimitarJ

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 46
  • Posts: 7380
  • Activity:
    4%
  • Country: 00
  • Karma: 160
    • LID
Re: Мојот нов 100 х 50 х 50...
« Reply #19 on: April 15, 2009, 07:19:22 AM »
Odlicno izgleda gsdxzzz<diclass="msgbox">Noilesuploaded!</di>

Tags:
 
Мојот пико аквариум 100х50х50

Started by Vlatkon

Replies: 13
Views: 1131
Last post September 22, 2011, 06:21:18 AM
by nenad66
Users Online Users Online (27)
Members Google (2)
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2021, SimplePortal