Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Иако во глобала скоро сите ова го знаете нека послужи за оние кои сега почнуваат со ова прекрасно хоби( или болест). Совети за чистење на аквариумот
Времето кое ке го поминете во чистење и одржување на вашиот аквариум ке се одрази на здравјето на рибите и нивното однесување. За чистење на аквариумот користете посебни садови, сунѓери и црева кои ке ви служат само за таа намена. Како прво секогаш имајте пешкир или некоја крпа при рака. Кога го чистите аквариумот убаво е да се постави на подот покрај аквариумот да се постави некое старо парче од тепих или некој постар пешкир со цел да се спречи квасенје на тепихот или подот. Кога ги чистите сунѓерите од надворешниот филтер, ставетеги во во канта, леѓен или некоја сличен сад со цел да не го наводените подот. Најдобро решение за чистење на стаклото на аквариумот се сунѓерите за садови: ги има во различни големини, имаат фина мека страна(сунѓер со золта боја) и груба страна (зелена груба пластична вата), ефтини се и за секој аквариум моземе да си дозволиме посебен сунѓер. Четка за шишиња е многу корисна за чистење на цевки и разни делови од опремата. Стари четкички за заби добро дезинфицирани со солна киселина и со сол мозе да се користат за чистење на разлицни делови од опремата. Ако алгите на стаклото се многубројни и од поцврст карактер можете да ја користите и грубата страна на сунѓерот. Посел грубата (зелена) страна на сунѓерот обавезно поминете и со фината (жолта) страна, така полесноке видите дали добро сте избришале. Обавезно во секој аквариум купете по неколку алгари т.е чистачи. Ако ви се створи каменец на надворешна страна на стаклото мозете да го отстраните со сунѓер кој ке го натопите со оцет. Ваквото чистење трае подолго но е посигурно него со солна киселина. Еднаш неделно потребно е да се исчистат и сијалиците на аквариумот. Со тоа ке спречите стварање на каменец и алги на сијалиците и ке допринесете тие да сјаат со сета своја моќ. За да го стерилизирате аквариумот пред пуштање во употреба, исперетего со раствор на солна киселина (18-20% HCl) и оставетего така 15-20 минути и после тоа добро исперетего со вода од чешма. И самата подлога, се мисли на песок, кварц разни ризли и слично потребно е и препорацливо убаво да се испере со чиста вода. Кога менувате вода во аквариумот секогаш трудетесе да ја изедначите температурата на водата сто ја ставате со онаа во аквариумот за да го доведете до минимум ризикот за стрес кај рибите. Трудетесе содржините на филтерот да ги перете во водата која предходно сте ја извадиле од аквариумот. Свежата вода ги убива корисните бактерии кои се наталожиле во филтерот. Кога полните вода после чистење или при формирање на нов аквариум користете плоснат сад, камен или нешто слично на кој ке удира млазот со вода, со цел да не се подине подлогата и да не се замати водата. Ако во аквариумот користите потопна пумпа чистетеја секои 15-20 дена за да има полн проток. Ако во аквариумот после промена на вода или стартување на нов аквариум ставате течност со корисни бактерии ставете директно во филтерот а не во аквариумот. Така ке спречите водата да стане матна.
禪
Author
Topic: Soveti za cistenje na vasiot akvarium (Read 3749 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|