Измамата во бракот може да биде откриена, а некогаш и на чуден начин. Страствената ноќ на млади германски љубовници за малку ќе завршела со трагедија.
Наместо да се грижи за здравјето на својот сопруг кој бил во болница откако паднал од покрив, 30-годишната Мирја слободното време го искористила да се види со љубовникот.
Со две години помладиот Роберт цела ноќ водела љубов на различни места во станот на момчето.
Занесени од страста, во еден момент тоа го правеле покрај прозорецот кој не ги издржал нивните сексуални акробации и се скршил.
Парот не можел да оддржи рамнотежа и паднал од висина од шест метри во дворот на зградата. Несреќата ја забележале соседите и повикале итна помош.
Кога пристигнале лекарите, двојката сè уште неподвижно лежела на земјата. За среќа се здобиле само со неколку скршеници. Веднаш се пренесени во болница и тоа во истата каде бил хоспитализиран мамениот сопруг.
Иако соседите и лекарите биле сведоци на голите тела на љубовниот пар, 30-годишната девојка која долго време е во брак, во изјава за медиумите рекла дека не водела љубов со момчето и дека не знае како паднале од прозорецот.
Останува да се види дали вистината ќе исплива на виделина кога Мирја ќе се соочи со сопругот.