Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Еден мој пријател сака да почне бизнис со акваристика, слушајчи ме мене цело време за аквариумот го зајаде пак да го активира аквариумот дома, ама и на таван. Идејата е да изведе во таванската соба 6-8 акваримучиња, кои по мој совет би биле помали и пониски, за разлика од неговата желба да има два долги акватиуми, сепак на има две метални полици од колонијал кои се 1,5 метри долги и појачани со дополнително заварување и подлога од штици би биле доволни за да издржат. значи подобро 3*50литри=150л отколку два долги аквариуми со по 150литри. Аквариумите засега ќе бидат за растенија (што значи едвај чекаме Профито да стигне) и наместо риби мојот предлог е да чува ракчиња кои се многу побарани на пазарот. Големина на аквариумите би била 40см должина 30висина и 30 широк значи 36 литри.
Засега проблемот е како да се изведе цел овој систем и како предвреме да се решат проблемите пред да се појават, нели се е во планирањето. На пр.филтрацијата, дали за секој аквариум засебно па со една воздушна пумпа во секој аквариум по еден сунгер или еден надворешен канистер/филтер.
Во темата на ДимитарЈ има многу убави слики ама ако може да пиши со кои проблеми се соочува секојдневно многу би помогнало.
禪
Author
Topic: Совет за изградба на аквариуми за одгледување на Растенија (Read 3576 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|