Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Ќе зборувам за активниот јаглен во филтрацијата, независно дали станува збор за слатководна или морска акваристика и независно дали станува збор за стаклен филтер, сумп, канистер, хенг он или топ филтер. Нема да ве замарам со стручни термини, туку ќе ви кажам народски и едноставно.
Активниот јаглен се дели на два дела и тоа е подалба според активирање на јагленот: 1. Активиран со помош на хемиска реакција 2. Активиран со помош на температура
Активен јаглен активиран со помош на хемиска реакција нетреба да го користитите во вашите аквариуми бидејќи од самото сатавање испушта фосфати и други штетни материи кои ќе ја уранат рамнотежата на вашиот аквариум.
Активниот јаглен активиран со помош на температура е вистинскиот избор за вашиот аквариум т.е. филтер. Овој јаглен нема штетно да влијае на рамнотежата во вашиот аквариум и ќе придонесе за одлична хемиска филтрација. Има многу теми кои зборат за јагленот дека после одредено време „мора“ да се смени бидејќи испуштал штетни материи. Ова е класична невистина. По изминување на дејството на активниот јаглен тој се претвора во биолошки филтер. На него како и на останатите материјали за биолошка филтрација се населува тоа што треба да се насели и делува како биолошки филтер материјал.
На колку време треба да се менува? - пишува на самите опаковки од страна на производителот. Обично тоа е од 30 до 90 дена. Но како што кажав немора да го смените и по истекот на рокот ако не ви е потребна хемиска филтрација и да го оставите нема да наштети во никој случај, само ќе го смени дејството и ќе се претвори од хемиски во биолошки филтер.
Дали може да се искористи истиот повторно? Може со загревање во печка, но поефтино е да си купите нов бидејќи нема да трае исто како нов.
Како да знаеме каков јаглен купуваме? - Оној кој е активиран со помош на температура т.е. оној што ни треба, обично производителот напишал на кутијата дека е таков. Втор начин на препознавање е цената, поскап е тој што ви треба.
Јас сум ги користел и двата и сум се уверил дека ова е вака. Во моите филтри имам постојано активен јаглен и немам проблем кога тој е во нив.
Колкава количина треба да се стави? - Обично пишува од страна на производителот, ако не е напишано тогаш 2 до 3 грама на литар вода.
Ако има некој нешто да додаде - пишете.
禪
Author
Topic: Активен јаглен во филтерацијата (Read 2700 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|