Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Аквариумот е 30лит. + 12лит. надворешен филтер, 6 часа осветлување со 2*18w штедливи 6500к, подлога од земја за цвеќе plantella и одозгора песок испробан со HCL(немаше никаква реакција) Од растенија има marsilea (кога ја купив беше висока 10см со 2 листа, а сега е ниска и слична на глосо и добро напредува) Eleocharis minima, Eleocharis vivipara, и пред 10 дена ставени Blyxa japonica и glosso за кои не можам да речам дека се убаво зафатени. Дојдов до еден податок за приближно дозирање на DIY CO2 према кој за средно насаден аквариум литри*13/100=број на меури CO2 во минута. Дали ова држи место? Додека пак сите викаат 1-2меури во секунда, а никој не ја спомнува литражата на аквариумот? Конкретно во мојот случај ме интересира 1.Кога се додава EASY CARBO, дали за мали аквариуми треба да се додава СО2 и колку отприлика треба да имам меури на СО2? Цревото преку кое ќе се пушта СО2 ќе биде на влезот од моторната глава која ќе го разбива и разнесува со водата низ аквариум. 2.Дали дополнително ќе треба нешто за отопување на CO2 и што би можело да се изведе во DIY варијанта или доволно е цевката што ја носи водата од филтер во аквариум да се постави пониско и колку? 3.Отприлика колку ppm би се внеле со колкав број на меури ? 4.Набавив макро елементи растворени за дозирање по ppm, па каде може да се набави CSM + b и што би можело да се употреби место него доколку не најдам и колкава доза? 5.Дали додатно треба да додавам некој препарат на железо за билките што ги имам и кој? 6. Дали осветлувањето и фотопериодот се доволни?
禪
Author
Topic: Неколку прашања (Read 1445 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|