Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Оскарите потпораснаа доволно големи и веќе јадат дождовни црви долги по 4 сантиметри. Всушност денес бев на викендицата и под дрвата најдов еден куп црви и ги земав, и убаво го миев секој посебно. Сега ги ставив во една пластична чашка со пластична фолија одгоре да не бегаат. Кога ќе пуштам црв веднаш го раскинуваат на два дела и го јаде кој прв ќе стигне. Исто така најдов и мали полжави, кои што сеуште немаат развиено школка, ама незнам дали ќе се погодни за да ги хранам рибите со нив? А дождовните црвци ги миев само од земја. Но за разлија од белите, дождовните црвци копаат на тој начин што преку предната страна навлегува земја, во телото ги зимаат хранливите материи од неа, и преку задната страна земјата пак се исфрла. Е сега таа земја што е во нив еможам да ја исчистам. Сакам да знам дали е штетно тоа за оскарите и дали да продолжам да ги хранам со дождовни црви? А и дали може да ги хранам и со мали полжави исто така?
禪
Author
Topic: Црви (Read 2710 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|