Еве го Џони, моето кученце. Родено е на 22 декември 2010, вакцинирано, има примано таблети против глисти. Мелез е од мајка Германски овчар и татко бел Шарпланинец. За разлика од неговите браќа и сестри тој е најголем и нарунтав. Го немам мерено колку тежи, само знам дека за куче од 3 месеци е бајаги големо, особено шепите му се изразито широќи. Сликите се кога дојде тука и беше 1 месец, па потоа го дадовме на еден човек да го почува и сега пак го земав. Наскоро ќе направам нови слики од него да го видите мечето. На некои слики кога се две кучиња, поголемото е мое, а другото е сестра му