collapse

* Prebaruvanje

* Posledni Postovi

One Night Stands Await: Meet Local Women in Your Town by URAN2
[December 04, 2024, 10:01:13 AM]

UFO таканаречен аквариум :) by p
[October 01, 2024, 05:53:49 AM]

DOBRO UTRO by NO CARRIER
[December 08, 2023, 11:53:36 PM]

staklen pesok za akvariumi by p
[September 05, 2023, 11:48:43 PM]

The first post content
Незнам досега дали излегло вакво парче книга, но доколку се испечатило верувајте не сум го имал боженствениот контакт со испечатената хартија од таков тип.
Низ муабет, ми дојде идеја, што мислите за издавање на книга на македонски јазик, за акваристика?
Онака, поопширна, пообемна, не да има повеќе страни туку да биде опфатено скоро секој сегмент и парче од акваристиката, да речеме, најпрво како вовед, кратка историја, почетоци, како денес се чува, размножува , инфо околу рибите, поделби, па после следува, старт на аквариум, што се полезни бактерии, состојба на водата и други работи, како да направите совршена филтрација, секако дека во книгата би се нашле и многу спонзори, акваристички продавници и продавници за домашни миленици.

Значи идејата ми е, дали некој се нафаќа за правење, печатење книга, тие што ги бива за  литературен превод од англиски можат да ископираат текстови, лични искуства, луѓе што ги бива за пишување значи на МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК, а не со уличен сленг, за сето тоа да добие една комплетна и квалитетна слика за акваристиката, која многу многу би помогнала кај луѓето, наместо залудно трошењето време и пари и празни совети од квази продавачите во акваристичките продавници.

Мојата замисла, за оваа брошура би изгледало вака отприлика:

Најпрво, вовед, историја на акваристика.
Поделба на рибите.
Кратко инфо за рибите (најчесто чувани риби)
Колор слики од аквариуми и добар акваскејпинг
Акваристичка опрема (инфо која за што служи, квалитетни марки итн)
Потребни елементи за акваристика, од кај да се набават *(тука би требало да е спомнат спонзорот,како најснабдена продавница)
Старт на аквариум (склопување, дотерување уредување потребна опрема)
Па инфо за циклирање, што значи поимот, што се бактерии
Филтрација , овде треба баш обемно да се обрни внимание
Исхрана кај рибите
Размножување

И слично.

Втор дел би можело да биди, и пожелно е  ТЕРАРИСТИКА, значи инфо за аквариумските треви, па после нив ставање биотопски аквариуми, да речеме за неколку вида на риби како да се направи биотоп, а тоа подразбира, готови информации за каква вода, какви тревки дизајн и риби би се ставиле во еден аквариум.

И после или пред ова, би одело инфо за рибите, за најпопуларните, т.е за оние што се најмногу чувани во аквариумите, целосно инфо почнувајќи од историја па до размножување и исхрана.

Книгата би опфатила неколку спонзори, кои ќе добијат ПРЕТЕРАНО ДОБРА РЕКЛАМА,што значи ако во книгата пишува “Набавете песок, таков и таков, кој можете да го најдите во (ОВДЕ_ИМЕТО_НА_ПРОДАВНИЦАТА)“ .
Цената мислам оти би требало да биде пристапна зависно од тиражот и маките што ќе се вложат за нејзе, да речеме 150-200 денари, која ќе се продава во сите киосци, продавници за акваристика и домашни миленичиња итн итн итн.

Мислам оти добро би било да се изработи една ваква книга, па ајде дајте идеја, кој сака, што мислите...дали е возможно да го подигнеме акваристичкото лудило на повисоко ниво, кое за жал, поради неинформираноста опадна и тони се надолу и надолу.

Link

Author Topic: Вовед во Акваристиката (Макеоднска Книга за Акваристика)  (Read 3135 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline Farscape

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: May 2011
  • Location: Bitola
  • Age: 37
  • Posts: 277
  • Activity:
    0%
  • Karma: 5

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 46
  • Posts: 7551
  • Activity:
    0%
  • Country: mk
  • Karma: 91
хммм...абе интернетов не ти помага многу па затоа ти треба книга или има некој друг момент што го пропуштам? со помош на интернетот се стигнува многу побрзо до информации и згора на тоа можеш да искумуницираш со познати акваристи ширум светот, не само кај нас.

второ, не те прочитав до крај. многу си се изнапишал...

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 50
  • Posts: 11195
  • Activity:
    0%
  • Karma: 377
 Pecatenje kniga  voopsto ne e ednostavna i evtina rabota.Osobeno ako ne si profesor i prinudno ja prodavas na svoite studenti po astronomska cena a predhodno si ja ispecatil so pomos na sponzori(poimosni roditeli na nekoi studenti) taka da ne znam...Ne deka e losa idejata samo sto veruvam deka i ti prvin otvori internet pred da zamines vo knizara.

Offline Farscape

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: May 2011
  • Location: Bitola
  • Age: 37
  • Posts: 277
  • Activity:
    0%
  • Karma: 5
Абе факт е дека сите од интернет бараат информации дел од нив ќе ги најдат дел нема да ги најдат. Никој не го сфаќа ова сериозно зато така ви се чини. овде не е работата за ќар, ај убо испулете се на форумов 15 души се, сите се знаат меѓусебно, и истите тие се редовните муштерии во дуќаните за акваристика, ко една мала фамилија е, муабетот е зошто да не се прошири малце наоколу ова хоби, значи ако интернетот дава информации, не значи дека сите ќе ги најдат тие информации што ги бараат, кога имаш една книга и е комплетна, тогаш ги имаш сите информации на дланка се што ти треба е да земиш да ја прочиташ и веќе имаш една добра основа да почниш со аквариум и риби да чуваш.

Еве да земиме пример:

Видел некој аквариум некаде, и му се допаднало и сака да земи. Оди купува аквариум, купува риби го мести аквариумот пика еден тон бродчиња играчки внатре, риби ќе настега карас стандард, некој борец скалар сите шо ќе му се видат интересни, ќе му даат некој филтер , и онака не разбира ќе го купи најевтиниот за 15 литри вода, ќе го стави аквариумот и рибите ќе пливаат во чешмовача не дека ќе им годи, полна хлор и тврда вода, и ќе пцојсаат по некое време од неисциклиран аквариум и немање добра филтрација.
И нормално типот ќе речи, фрлив незнам колку пари, џабе и ќе се откажи, или ќе проба уште 2-3 пати неуспешно.

Значи, еве да речиме ти, се разбираш од акваристика, чуваш размножуваш риби правиш позадини и ред други работи, а што кога искуството твое ќе го споделиш во една книга, и сите акваристи, тогаш добиваш една целина, и добра основа за старт со акваристика.Интернетот е полн со информации расфрлани насекаде, но што кога не можеш да ги најдиш сите на едно место.

Еве на пример, да земам да читам за живоротки, ќе го прочитам нештото и на форумов, а истото ќе го најдам и на википедија, или ќе барам англиски сајтови или што знам какви, српски бугарски па листање по форуми па дали ќе ја погодиш темата итн итн итн.

Незнам, ама се осеќам ко напразно да лупам , коа никој не фаќа сериозно и избегавајте коментари од типот на Pocctopus.

Offline tomce

  • Super clen
  • ****
  • Join Date: May 2010
  • Location: kumanovo
  • Age: 38
  • Posts: 933
  • Activity:
    0%
  • Karma: 43
    • Интернет Бизнис Македонија
Farscape гледам пишуваш километарски текстови со премногу филозофирање
уметност е тоа да го пишеш збиено и секој да те разбере

иначе може нешто како покровителство на сајтот да има е-весник, барем еднаш месечно кај ке има текстови од членовите, наши слики прашања и одговори,... бла бла бла во малку страни

а нешто да го пишуваме во книга и покрај толку информации е беспотребно како што пиша pocttopus

бтњ колку за инфо нема домаќинство без компјутер и интернет, друже кој век сме

Offline Farscape

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: May 2011
  • Location: Bitola
  • Age: 37
  • Posts: 277
  • Activity:
    0%
  • Karma: 5
Јас во целиот мој живот 1 % сум прочитал е-книги, а 99 % се стандард литература земена од библиотека. Од тие муабети, во кој век сме, шо тресиш зелени, шо зборуваш, пцојса аквариситката.
Поздрав, ова беше мојот последен муабет на темава.

Offline tomce

  • Super clen
  • ****
  • Join Date: May 2010
  • Location: kumanovo
  • Age: 38
  • Posts: 933
  • Activity:
    0%
  • Karma: 43
    • Интернет Бизнис Македонија
не си во право и самиот знаеш
ако е така што бараш на форумот ако не да научиш нешто ново  :icon_scratch:

според мене освен што е непрофитабилно туку и во минус ке се оди.

туку ај спомна за нови акваристи, што мислиш некој кој го мрзи 1мин да прогугла и најде потребни информации ке седне и да ја чита книгата од 100-1000страни, не верувам  :icon_scratch:
и ништо не е расфрлано, тука на форумот има од а до ш

п.с. акваристика не пцојсала од овие муабети пцојсала оти ги мрази луѓето да се информираат.

Offline zalxov

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: May 2011
  • Location: с.Таринци - Штипско
  • Age: 40
  • Posts: 1070
  • Activity:
    0%
  • Karma: 42
Sakale nejkjele samata tehnologija go nametnuva izumiranjeto na hard copy literaturata. Kako prvo strucnata literatura e mnogu skapa, koj kupuval znae, taka da i da se napise nekoja takva kniga kje treba da bide dosta solena poradi malobrojnite citaci. So 200 denari po kniga nisto ne se pravi
Спијат ли рибите?

Offline OscarMKD

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Dec 2010
  • Location: Strumica
  • Age: 28
  • Posts: 1329
  • Activity:
    0%
  • Karma: 27
Jas neznam zosto tolku napagate? Covekot dal ideja, i go poddrzuvam, ama kako sto kaza ivica pecatenjeto kniga e skapa investicija. Toa ke bide dobra kniga dostapna za lugeto koi sto sakaat da pocnat da se zanimavaat so akvaristika, koja ke moze da se najde niz knizarnici i biblioteki, a najvazno od se bi bilo toa sto ke bide napravena od makedonski iskusni akvaristi. Pocetnicite retko se zapoznaeni so postoenjeto na forumite za akvaristika i na pocetokot gi slusaat prodavacite. Mislam deka e dobra idejata i ako se ostvari dobro bi bilo vo nea e da se napisat web stranite za akvaristika, kade sto pocetnicite bi mozele da gi prosirat svoite pocetnicki znaenja koi gi dobile od knigata.

PS: I edno ke kazam. 90% od lugeto koi pocnale da se zanimavaat so akvaristika, bidejki im se dopadnal akvariumot na nivniot poznanik (koj e akvarist), najceto se otkazuvaat pri pojavuvanje na prvite problemi. Nekolku moi drugari taka vidoa i resija da napravat akvariumi. Napravija i stom im umre prvata riba odma pocnaa so prasanja: Zosto mi umre? Od sto mi umre? Se plasam site da ne mi umrat, sto da pravam?..... Zatoa veke na nikoj ne pomagam za pravenje nov akvarium. Toj sto saka sam ke si napravi i sam ke si go odrzava. Veruvam deka poveketo od vas sami si gi podnesuvate problemite koga ke se javat vo akvariumite ne barajki odgovor od nekoj drug koj sto ti pomognal da go napravis akvariumot. Zatoa toj sto vistinski ima ljubov kon akvaristika bi ja procital knigata i greskite ke gi bara kaj sebe, ne kaj nekoj drug :)

Offline OscarMKD

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Dec 2010
  • Location: Strumica
  • Age: 28
  • Posts: 1329
  • Activity:
    0%
  • Karma: 27
Sakale nejkjele samata tehnologija go nametnuva izumiranjeto na hard copy literaturata. Kako prvo strucnata literatura e mnogu skapa, koj kupuval znae, taka da i da se napise nekoja takva kniga kje treba da bide dosta solena poradi malobrojnite citaci. So 200 denari po kniga nisto ne se pravi
Taka e, vo pravo si, ama mnogu polesno bi mu bilo na nekoj novajlija da cita od kniga otkolku na kompjuter bidejki za startot treba pobajagi da se cita. Jas znam koga citav lani edna lektira od internet 100 strani od word ama glavata posle nemozev da si ja soberam...

Offline GoranX

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Прилеп-Македонија
  • Age: 43
  • Posts: 244
  • Activity:
    0%
  • Karma: 7
еве колегите од соседството имаат книга [Login or Register] за почетници во електронска форма и ја имам испечатено одамна за да ја имам.
Баш има почетоци и ве упатува како правилно да почните со акваристика.

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 50
  • Posts: 11195
  • Activity:
    0%
  • Karma: 377
 Iskreno poseduvav nekolku bivso-Jugoslovenski akvaristicki knigi i enciklopedii i site od denesen agol izgledaat vo najmala raka smesno.Dragi mi se sum gi procital po sto pati i gi znam na pamet no...

Offline DimitarJ

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 49
  • Posts: 7401
  • Activity:
    0%
  • Country: 00
  • Karma: 162
    • LID
Времето на печатени изданија полека но сигурно изминува
Многу повеќе од било која книга може да се најде на овој форум.
Не сум противник на книгите, ги почитувам, бидејќи денес книгите обично се куцаат во word и автоматски тоа значи дека е електронска пред да стане печатена. Така да секоја иницијатива за книга ја поздравувам и од мене ќе има поддршка.

Offline Boris

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Dec 2010
  • Location: Skopje
  • Age: 54
  • Posts: 1282
  • Activity:
    0%
  • Karma: 47
    • www.aquaticacentral.com
Dimitar , ti si mi drag , i dobar klient, no moram da ne se slozam so tebe, i pricinite se edna mala mililjarda, i ja saum spremen da ja diskutiram od strana , ama, ... ne sum siguren dali ke e OK

Offline GoranX

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Прилеп-Македонија
  • Age: 43
  • Posts: 244
  • Activity:
    0%
  • Karma: 7
Dimitar , ti si mi drag , i dobar klient, no moram da ne se slozam so tebe, i pricinite se edna mala mililjarda, i ja saum spremen da ja diskutiram od strana , ama, ... ne sum siguren dali ke e OK
Бидејќи не секој е спремен да седни на компјутер и да чита и бара по форуми можи треба по продавнициве да се дистрибуира некакво упатство за почетници макар и во фотокопирана верзија за 50 денари.

Offline tomce

  • Super clen
  • ****
  • Join Date: May 2010
  • Location: kumanovo
  • Age: 38
  • Posts: 933
  • Activity:
    0%
  • Karma: 43
    • Интернет Бизнис Македонија
Dimitar , ti si mi drag , i dobar klient, no moram da ne se slozam so tebe, i pricinite se edna mala mililjarda, i ja saum spremen da ja diskutiram od strana , ama, ... ne sum siguren dali ke e OK
борис оваа е форум и дискусија и наравно сите не размислуваме исто, но сите сме отворени на критики (впрочем така и учиме)

и баш би сакаш барем некоја причина за/против да пишеш, гледано од твој аспект, како газда на продавница, оти ти најубаво знаеш се какви муштерии ти доаѓаат

иначе зборуваме за стручна литература или брошура од 50тина странички

оти
Quote
Најпрво, вовед, историја на акваристика.
Поделба на рибите.
Кратко инфо за рибите (најчесто чувани риби)
Колор слики од аквариуми и добар акваскејпинг
Акваристичка опрема (инфо која за што служи, квалитетни марки итн)
Потребни елементи за акваристика, од кај да се набават *(тука би требало да е спомнат спонзорот,како најснабдена продавница)
Старт на аквариум (склопување, дотерување уредување потребна опрема)
Па инфо за циклирање, што значи поимот, што се бактерии
Филтрација , овде треба баш обемно да се обрни внимание
Исхрана кај рибите
Размножување

ке фати мин 1000страни, па лекторирана, па принтање во боја (оти бесцелно е принтање на слики од аквариуми и риби во црно/бел а зборување за колоритети)

Offline DimitarJ

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 49
  • Posts: 7401
  • Activity:
    0%
  • Country: 00
  • Karma: 162
    • LID
Борис, нема врска дали сум клиент или не. Овде си дискутираме без пардон. Од моја страна нема замерки кон никого. Не те разбрав во кој дел не се слагаш.

2182 е бројката на теми од форумот за акваристика без празните муабети и темите неврзани за акваристика. На оваа бројка кога би се наврзале постовите т.е. искуствата е огромно богатство.
Од оваа бројка 30% да е корисно е повеќе од книга.

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 50
  • Posts: 11195
  • Activity:
    0%
  • Karma: 377
 :D i so monitor tesko se brise dupe. boske (izvinete sto sum nepristoen)

Offline ПРЧО

  • V I P
  • aquamaniac
  • *
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Kumanovo
  • Age: 42
  • Posts: 2868
  • Activity:
    0%
  • Karma: 103

Втор дел би можело да биди, и пожелно е  ТЕРАРИСТИКА, значи инфо за аквариумските треви, па после нив ставање биотопски аквариуми, да речеме за неколку вида на риби како да се направи биотоп, а тоа подразбира, готови информации за каква вода, какви тревки дизајн и риби би се ставиле во еден аквариум.

ideja od vakov tip e super, ama ne si ni prv ni posleden so ovaa ideja, ama vo prethodniot citat , ke se vidi deka nesto si utnal be drugar, TERARISTIKA  ne e granka ili pravec vo  akvaristikata, taa e sosema nesto drugo ...

I aj kazi mi eden kompetenten vo RM koj moze da go napravi toa, kaj nas serioznata akvaristika doprva vleguva niz vratata, daleku sme nie od sopstveni izdanija - btw i Knigata za diskusot na Mitko Colak e veke zastarena do nemaj kade, i sega ti da ja citas e duri i smesna,...sto znaci deka vo denesniot svet na el. komunikacija ne se isplati stavanje na zborovi od informativen karakter na hartija, osven od momentalno ili dolgorocno obvrzuvacki karakter, sve sto e za sreden period na vreme ne biva, od dobro poznata pricina panta rei ili po plasticno "Ever-newer waters flow on those who step into the same river."

viva   56048575

vsutarov

  • Guest
Jas sum i za edno i za drugo.Nitu eden pravec ili nauka da kazam,za seriozno ne se uci/razviva vo denesno vreme bez elektronika t.e. kompjuteri i internet,a uste pomalku bez pecatena kniga.Ne mozes denes da ucis skolo/fakultet bez dvete da gi koristis.I ednoto i drugoto pretrpuva promeni so razvojot.I normalno e da se pecetat novi izdanija,bas poradi toj razvoj.E sega za kaj nas,nie nekako kako seuste da sme daleku od sve,ne samo vo akvaristika.No i vo knigite srpski ili hrvatski ne izmisluvaat topla voda,sepak se sobrani materijali od ponovo vreme(sto od knigi,sto od internet) i nekoj izdvoil sto mislel deka e vazno i ispecatil.Deka treba srtetstva nesto treba,ama treba i da se pocne od nesto,a za takov proizvod treba da se stvori jaka potreba na pazarot inaku dzabe.

P.S. Ako sakame akvaristikata seriozno da navleguva kaj nas,knigata e edno od osnovnite raboti,no ne e samo toa.

Tags:
 
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2024, SimplePortal