Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Отворените аквариуми, со осветлување кое виси над аквариумот, му дава нов тродимензионален изглед на аквариумот. Дали предизвикува проблеми со влага во просторијата? Дали листовите кои излегуваат над површината на водата ќе се исушат и што ќе се случи со рибите? Овој стил на отворени аквариуми ми е омилен. Дава нова димензија на просторот во кој се наоѓа. Кај овој аквариум можеме слободно да ги пратиме листовите на растенијата кои плутаат, цветовите на прекрасните растенија како што се лотусите и доста други растенија кои излегуваат од површината на водата и даваат прекрасен ефект. Исто така отворениот аквариум нуди подобра можност за монтирање квалитетно осветлување. Но, отворениот аквариум може да влијае на климата во просторијата, многу повеќе одколку традиционалниот затворен аквариум. Релативната влажност на воздухот Застрашувачки пример доаѓа од акварист кој чува аквариум од 800 литра во соба од 16м2. Акваристот чува дискуси и температурата на водата е околу 28 C. Проблемот е предизвикан со тоа што од аквариумот интензивно испарува вода, а највеќе поради разликата во температурата помеѓу водата и температурата во просторијата. Тапетите се набабриле, а прозорите константно биле замаглени. Обично отворените аквариуми не прават толкави проблеми. Но површината на аквариумот не треба да биде поголема од 2% од целовкупната површина на просторијата. Пример: ако собата е 40м2, аквариумот не треба да биде повеќе од 500 литра, додека максималната разликата во температурата треба да биде 5 C, така што испарувањето би се намалило на минимум. Исто така треба и редовно да се проветрува просторијата во која се наоѓа аквариумот. И уште една работа, растенијата со лебдечки листови може да го намалат испарувањето, така што на површината на водата прават граница, слој кој заджрува голема количина на воздухот што испарува. Ако се примени оваа мерка на претпазливост, за испарување на воздухот, во просторијата со отворен аквариум влажноста може да се покачи за 5%. Научниците тврдат дека човекот не може да ја осети разликата во влажноста на воздухот помеѓу 30 и 70%. Кога воздухот ќе се почуствува како сув или влажен, најчесто е поради некои други фактори како што се температура или некои гасови. Така што луѓето не можат да почувствуваат покачување или намалување на влажноста на воздухот во простории со отворени аквариуми. За споредба, една личност дневно емитува 2.5 до 3 литра вода, а отворен аквариум 800-1000 л, околу 20 литра неделно, што практично одговара со емитувањето на некоја личност неделно. Осветлување Различните врсти на осветлување може да се користат во отворените аквариуми. Но тука има проблем поврзан со расејување на светлината околу аквариумот, кој најчесто е поврзан со тоа на која висина е поставено осветлувањето. Меѓутоа денеска постои голем избор на осветлување, меѓу кои може да се издвои метал халид осветлувањето, кое дава многу убав ефект во аквариумот. Анфибиозни растенија Листовите на овие растенија излегуваат над водата, може да се исушат ако релативната влажност на воздухот е премала, и проблем може да настане ако осветлувањето е премногу ниско поставено. Новите листови може повремено неколку пати да се навлажнат, но тоа и не е баш најпрактичното решение. Некои растенија никако неможат да се навикнат на растот над водата, но повеќето растенија кои се користат во акваристиката можат да растат во отворен аквариум. Сите растенија од родот Echinodorus – grandifolius, cordifolius итн. напредуваат многу добро во отворени аквариуми, а некои врсти како Tropica queen marble, испуштаат преубави листови кои се разликуваат од оние што растат во водата. Сите растенија од родот Hygrophila и Ludwigia својата вистинска убавина ја покажуваат само во отворени аквариуми, а растенијата од родот Valisneria многу добро изгледаат од птичја преспектива. Риби Некои риби едноставно можат да скокнат надвор од аквариумот. Тоа може да се избегне доколку користиме лебдечки растенија, кои на рибите им даваат додатна сигурност, но сепак некои може да скокнат надвор од аквариумот. Како и да е, тоа не е доволна причина за да не направиме отворен аквариум.
禪
Author
Topic: Отворени аквариуми (Read 3112 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|