collapse

* Prebaruvanje


* Posledni Postovi

DOBRO UTRO by Aleksandar B
[Yesterday at 11:02:58 PM]


Sreken rodenden by p
[Yesterday at 01:04:12 PM]


200l posle 4 meseci by p
[November 27, 2019, 12:51:11 AM]


Dzungla 370l ACIDO by Aleksandar Ilievski
[November 19, 2019, 01:02:22 PM]


NANO SHRIMP ACIDO 2019 by Aleksandar Ilievski
[November 14, 2019, 07:23:08 AM]


"The Farewell" by biguran2
[November 06, 2019, 11:33:14 PM]


Акваристика во МК (2019) by p
[October 21, 2019, 01:25:10 AM]


la niña by DimitarJ
[October 21, 2019, 12:47:03 AM]


Нов 350л аквариум by marjanmic
[October 21, 2019, 12:23:14 AM]

The first post content
Ете, после многу размислувања, многу прашување и учење, тормозење на членовите од mkreef, дојде и тој момент, да соберам некоја паричка и да го почнам проектот за кој оддамна мечтаев.

Идејата беше децава малку да навлезат и во дој дел од еко системите, оваа слатководната веќе им станува банална, плус и многу е живо, се нешто мрда, шарено е, илјада чуда има внатре.

Бидејќи живеам во мал стан од 40м2, голем морски аквариум не доаѓа в предвид, остана да се разгледува најмалата опција, малечок морски, пико или како веќе ќе го викаме.

Значи 30-тина литри, колку што може поедноставно. Дополнително, сакам да поднаучам нешто пред сериозно да инвестирам, па си реков да пробам за што е можно помали пари да направам ексеримент, и да докажам, се надевам успешно, дека воопшто не е скапо да се има мал морски биотоп дома.

Идејата е секако да се популаризира овој прекрасен дел од акваристиката кај нас, гледате дека веќе не тресе морска грозница, иако цената на бензиот отиде во небо, сепак мислам дека би било прекрасно секој да проба и да види како се плива во солени води.

Морам да напоменам дека ништо од ова не ќе можеше да виде реалност, да не се тука секогаш расположени да не израдуваат, нашите увозници на аквариумски добра, поздрав, до Боро и Мики, сила сте !

И така, мора уште на почеток да се каже кој ќе бидат очекувањата од вака мали аквариуми.

Главната водилка ми беше:

- Што е можно поедноставна комбинација.
- Да не е претерано скапа и за инвестиција и за одржување.
- Ќе има само еден аквариум, главен, нема да има сумп, рефугиум, скимер и останати помагала за биолошка филтрација.
- Целата био - филтрација ќе биде на живиот камен.
- Нема активен јаглен, одстранувачи на фосфат и нитрати, ќе има некоја макро алга, chaete, на пример, ставена во филтерот, кој ќе се гриши да троши нитрати и фосфати.
- Нема да има додавања на trace елементи или слично, ќе има само редовна замена на вода 15% неделно како надополна на се што им недостасува од елементи.
- Нема чување на риби, ракчиња или било што поголемо, што би го теретело био системот.
- Ќе има само обичи и отпорни корали, кои не се премногу захтевни.
- Светлото ќе биде штедлица сијалица , покасно може да се надополни / замени со LED.
- Ќе има hang-on филтер, каде ќе биде греачот и алгата.
- ќе има мала пумпа за циркулација, а за истата ќе допринесува и самиот hang-on.

Тоа е главната идеја, си мислев во канцеларија да го носам, ама не дава душа, си го ставив во дневна на маса, барем децава ме поддржаа за тоа.

Следува дополнителна доза на гнавење, прашување, досаѓање, така да се извинувам однапред ...

Поздрав,
Анровла



Link

Author Topic: малечок морски аквариум на анровла  (Read 34599 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline anrovla

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Skopje
  • Age: 52
  • Posts: 1149
  • Activity:
    0%
  • Karma: 113
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #340 on: July 01, 2012, 11:52:34 PM »
Значи од оние малите ракчиња, со една клешта поголема, може да се земе.
Да земам повеќе, сака некој ?
А мали полжави ?
anrovla

Offline ПРЧО

  • V I P
  • aquamaniac
  • *
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Kumanovo
  • Age: 37
  • Posts: 2868
  • Activity:
    0%
  • Karma: 103
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #341 on: July 01, 2012, 11:56:05 PM »
pa od tie so edna klesta pogolema ne bi zemal, najdi ima kako lysmata, samo prozirni, tie se OK

Offline mocika

  • Banned
  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Apr 2011
  • Location: kumanovo
  • Age: 36
  • Posts: 1393
  • Activity:
    0%
  • Karma: 99
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #342 on: July 02, 2012, 02:12:24 AM »
Ovde na Skijatos ima lismata prodzirni so plavi I pomarandzasti noze. Isto reagiraat na mojata raka kako I ovie doma sto gi imam. Lazat I po cela raka bez strav.Polzavi ima stotici ama neznam dali se vo red. Za ribi isto ima mnogu ama nema nesto sto moze da se fati I sto bi mozelo da se transportira bez problem od ovde. Ezevi I anemonki vrie nasekade. Kako I dae sem srimpovi I polzavi jas licno ne bi se nafacal da rizikuvam so drugo.

Offline ПРЧО

  • V I P
  • aquamaniac
  • *
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Kumanovo
  • Age: 37
  • Posts: 2868
  • Activity:
    0%
  • Karma: 103
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #343 on: July 02, 2012, 02:29:45 AM »
shrimpovi i polzavi zemi si obavezno, zemi poveke da ima i za drugi  :embarrass:

Offline mocika

  • Banned
  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Apr 2011
  • Location: kumanovo
  • Age: 36
  • Posts: 1393
  • Activity:
    0%
  • Karma: 99
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #344 on: July 02, 2012, 02:36:16 AM »
Dali I kolku vredi rizikot da se vnese zaraza so polzavite. Eden polzav e 2,3 evra. Neka pise nekoj od poiskusnite sto I kako pa ima vreme do sabota :)

Offline DimitarJ

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 44
  • Featured
  • Posts: 7321
  • Activity:
    5%
  • Karma: 158
    • LID
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #345 on: July 02, 2012, 04:11:32 AM »
За сигурност треба да најдеш на Net за кое суштество станува збор и да провериш дали е reef save.
Има многу различни видови од се и може да се згреши лесно. За Fish only аквариуми мислам дека проблем ќе им биде само температурата.

Offline anrovla

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Skopje
  • Age: 52
  • Posts: 1149
  • Activity:
    0%
  • Karma: 113
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #346 on: July 05, 2012, 03:45:57 AM »
Денес собрав еден куп полжави мали од 1 см и неколку поголеми, личат на турбо, ама кој ќе знае со сигурност, имаат шара како кратки ленти црно со маслинесто ...

Најдов и друг тип на ракчиња, ептен личат на хермити, со 2 мали еднакви клештички, ги има маслинесто зелени, светло сини и црвени ...
Да носам накај дома вакви па да си зема кој сака ?

Земав еден куп песок ситен, жив камен, ако ме фатат на граница ...

Има многу и макро алга, нешто како нори, како марула по нашки,
има и ситни школки и што ли уште не ...

Некој нешто да порача ?
anrovla

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 45
  • Posts: 11248
  • Activity:
    0%
  • Karma: 377
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #347 on: July 05, 2012, 03:48:39 AM »
Денес собрав еден куп полжави мали од 1 см и неколку поголеми, личат на турбо, ама кој ќе знае со сигурност, имаат шара како кратки ленти црно со маслинесто ...

Најдов и друг тип на ракчиња, ептен личат на хермити, со 2 мали еднакви клештички, ги има маслинесто зелени, светло сини и црвени ...
Да носам накај дома вакви па да си зема кој сака ?

Земав еден куп песок ситен, жив камен, ако ме фатат на граница ...

Има многу и макро алга, нешто како нори, како марула по нашки,
има и ситни школки и што ли уште не ...

Некој нешто да порача ?
Zimaj se sto mozes ke testirame.

Offline l-jube

  • Super clen
  • ****
  • Join Date: Dec 2010
  • Location: skopje
  • Age: 34
  • Posts: 563
  • Activity:
    0%
  • Karma: 48
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #348 on: July 05, 2012, 03:57:13 AM »
Денес собрав еден куп полжави мали од 1 см и неколку поголеми, личат на турбо, ама кој ќе знае со сигурност, имаат шара како кратки ленти црно со маслинесто ...

Најдов и друг тип на ракчиња, ептен личат на хермити, со 2 мали еднакви клештички, ги има маслинесто зелени, светло сини и црвени ...
Да носам накај дома вакви па да си зема кој сака ?

Земав еден куп песок ситен, жив камен, ако ме фатат на граница ...

Има многу и макро алга, нешто како нори, како марула по нашки,
има и ситни школки и што ли уште не ...

Некој нешто да порача ?
Zimaj se sto mozes ke testirame.

Otstapuvam prostor i nekolku mali akvariumcinja za testiranje (vo interes za zapoznavanje na vidovite ) :embarrass:

Offline zlatko32

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Sep 2010
  • Location: skopje
  • Age: 42
  • Posts: 1589
  • Activity:
    0%
  • Karma: 65
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #349 on: July 05, 2012, 06:05:31 AM »
Некој нешто да порача ?
za mene 10 kgr ziv kamen  :embarrass:

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 45
  • Posts: 11248
  • Activity:
    0%
  • Karma: 377
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #350 on: July 05, 2012, 06:13:19 AM »
 560855
Некој нешто да порача ?
za mene 10 kgr ziv kamen  :embarrass:

Offline anrovla

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Skopje
  • Age: 52
  • Posts: 1149
  • Activity:
    0%
  • Karma: 113
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #351 on: July 08, 2012, 06:11:31 AM »
Штотуку се вратив од Грција, нешто успеав да донесам, погледнете во донации за 10 минути ...
Златко, 10 кила жив камен ми беше тешко да влечам повеќе од 1200 м, каде имаше квалитетни карпи ...
Повели нешто од ситното земи си, ако ти се допаѓа ...
anrovla

Offline anrovla

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Skopje
  • Age: 52
  • Posts: 1149
  • Activity:
    0%
  • Karma: 113
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #352 on: July 08, 2012, 06:55:42 AM »
Одмор

12 дена одсутен од дома, со организирано долевање на РО вода, секој трет ден.
Проблеми уште во 5-тиот ден се појавија, ми јавија дека осигурачите биле избиени, па по телефон се објаснував, што како, испадна дека тајмерот за светло, буквално се стопил на продолжниот кабел кој беше поцрнет и скоро запален. Среќа што не избило пожар!
Кој ќе знае од што е, марфи работи и сето тоа мораше да се случи кога сум на одмор!

Затоа, ВНИМАВАЈТЕ со вашите аквариуми, како користите струја, продолжни и останата работа, за миг може да настане КАТАСТРОФА од големи размери! Користете само испитана и сигурна опрема и дополнително осигурајте се од можни испади кој може да се случат!!!

Како и да е, не можејќи да сторам ништо повеќе, немајќи тајмер, решив да оставам само сино светло, лед, кое нема да грее многу и ќе може да работи нонстоп.

Кога се вратив, денес, мислев дека се е отидено, 8 дена без светло, но за среќа, горе доле се си беше ви ред.
Скоро сите корали се ОК, само портокаловите зоантуси беа 70% затворени. Имаше малку алга по стаклото, имаше доста нова коралина по камењата (?!?), малку зелена кончеста, сосема малку на еден камен, и 3 вида на макро, интересна, кафена, црвена флоуресцентна и темно лилакова.

Демселот гладен, sexy shrimps преживеа happyy

Значи не е дека морските аквариуми се до толку осетливи, особено оние со меки корали како мојот.
Не менување на вода две недели и нитратите беа отидени до небо, иаше пена по краевите, веднаш сменив пола вода, среќа донесов 20-тина литри море од одмор ...

Исчистив филтри, светло (имаше еден тон сол нафатено ?!?), стакло, ги ставив новите ѓивотинки од море, 5 ситни од сантим palemon elegans, 5 мали хермити од сантим, и 5 мали полжави.

palemon elegans веднаш се фатија на работа и удрија генералка, навистина се неуморни. Демселот крвнички ги лови, ама овие само ќе скокнат, овој ќе се исплапи и толку. Ќе видиме како ќе биде ...

Тоа е тоа, за два три дена нека се стабилизира и ќе видиме дали ќе има загуви од одмор.

Температурата засега е 29Ц, имам вентилатор кој дива директно на површината, ама испарувањето е огромно и до 20% дневно вода ми оди ...
anrovla

Offline zlatko32

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Sep 2010
  • Location: skopje
  • Age: 42
  • Posts: 1589
  • Activity:
    0%
  • Karma: 65
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #353 on: July 08, 2012, 09:22:44 AM »
daj fotki da vidime kako izgledaat ako mozes da gi ulovis
fala za ponudata se salev pozdrav

vsutarov

  • Guest
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #354 on: July 08, 2012, 01:39:22 PM »
Dobro e,vazno preziveal akvariumot i pokraj se.Hrabrosta i posvetenosta mora da se pofali.Da imase skimerce kakvo takvo i rizikot i beljite se pomali.

Offline anrovla

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Skopje
  • Age: 52
  • Posts: 1149
  • Activity:
    0%
  • Karma: 113
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #355 on: July 11, 2012, 11:54:54 AM »
Еве и фотки од новите жители ...

Козиците:





Полжавите:





Малите хермити:


За 3 дена откако се тука, се гледа значен напредок во хигиената во аквариумот.
Веќе не чистам стакло, песокот е МНОГУ почист, скоро и да нема дијатом, камењата се светнати, остана уште малку hair алга. Макро алгата не ја фаќаат.

Еве и сликичка од макро алгата, мнугу е декоративна, тие малите црвени точки се флуоресцентни, светат под сина светлина како мали сијалички ...



Инаку што се однесува до жртвите од одмор, оној убавиот голем портокалов зоантус, кој 70% не беше отворен, изгледа ќе биде данокот платен за одморот. И понатаму не се отвараат главите, а на 2-3 дури и се гледа распаѓање, па ги отстранив рачно. Бетадине купка или да оставам само да се среди ?
anrovla

Offline mocika

  • Banned
  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Apr 2011
  • Location: kumanovo
  • Age: 36
  • Posts: 1393
  • Activity:
    0%
  • Karma: 99
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #356 on: July 11, 2012, 12:21:11 PM »
 560855 za hrabrost da stavis "nepoznati" organizmi vo akvriumot. Se nadevam deka i kaj mene ke se pokazat dobro.

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 45
  • Posts: 11248
  • Activity:
    0%
  • Karma: 377
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #357 on: July 11, 2012, 01:20:52 PM »
 Super se.Inaku zoite i kaj mene nesto se zbudalele kako nekoi krizi da gi fakjaat denes se dobri utre ne pa pa ok .

Offline DimitarJ

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 44
  • Featured
  • Posts: 7321
  • Activity:
    5%
  • Karma: 158
    • LID
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #358 on: July 21, 2012, 10:39:12 AM »
Честито нови жители. Како се сега? Да не чепкаат корали?

Offline anrovla

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Jun 2008
  • Location: Skopje
  • Age: 52
  • Posts: 1149
  • Activity:
    0%
  • Karma: 113
Одг: малечок морски аквариум на анровла
« Reply #359 on: September 10, 2012, 09:50:15 AM »
Еве ме конечно назад ...

Димитар, не чепкаат ништо, само што сега не чистам стакло, алга нема ни за лек ...

Ајде на кратко резиме како (и дали) го преживеав летово, воопштено, лето и малечок морски аквариум.

На трипати морав да бидам отсатен по десетина дена, за кое време, немав стручен надзор на аквариумчето, само долевање на РО вода секој втор ден. Колку и да се подготвува, сепак марфи будно ме следеше.

Првпат, 3-4 ден ми јавија дека осигурачот избил, продолжниот и тајмерот биле јаглен, па по телеефон единствено што можев да направам е да се исклучи тајмерот, и да го оставам синото лед светло 24 часа, она флоуресцентното ќе беше многу. Кога се вратив, видов дека нивото паднало 2 см, пумпата внатрешна земала замав и пола песок го фрлила врз портокаловата колонија зоантуси. Резултат - 90% од колонијата ја снема, остранатото беше ОК.

Вториот пат, на третиот ден ми јавија дека пола вода ја нема, истекла. Мислев дека пукнал аквариумот, ама со напатствија по телефон, откривме дека hang-on филтерот, сунѓерот, се затнал и дека од тука истекла вода ... Ставија солена и малку РО, ама, кога се вратив, сватив дека 2 дена GPS останал на суво и комплет беше исушен. Соленоста паднала на 1.020, ама демселот и коралите беа ОК ...

Трета мајка, кога дојдов, една флуо сијалица прегорела, соленоста отишла на 1.030 и ова беше најстрашно, зоантусите сите беа собрани и имаа мала штета ...

Заклучок:
Како што напишав на почеток на оваа статија, малите морски бараат КОНСТАНТНО, мало ама постојано, одржување. Немаат капацитет да преживеаат сами повеќе од 4-5 дена.

Затоа препораката од почеток ја потврдувам, ако сакате мал морски (30-тина литри) кој не е скап за одржување и е прекрасен да се ужива во морските чуда, цената на тоа е ЗАДОЛЖИТЕЛНО одржување. Hang-on филерчето повеќе штета прави него корист, ќе го исфрлам сунѓерот, ќе има само греач и мрежа со кршени школки ...
Веројатно ќе одам и на полно ЛЕД осветлуваање ...

Она што ме зачуди, печурките и curvata растеа и се размножуваа, ама баш без никаков проблем! Напротив, како да им годеше запоставувањето.

Зоантусите највеќе претрпеа, игубив прекрасна колонија портокалови, и што е најчудно, GPS, за кого сите викаат дека е ептен отпорен и брзо расте, кај мене отиде во вечните ловишта.

Да сумаризирам, последицата од летото, температурата, и отсуството е загуба на две големи колонии, па и на парички нели, повеќе од 50-тина евра, пад на моралот кога ќе видиш дека останал гол камен под прекрасните колонии ...

Сега е момент да се пресече, ќе паднам со ентузијазмот и духот и ќе се откажам од акваристиката, или ќе продолжам со морскава, ќе треба да надокнадам загубени колонии и да учам многу повеќе. Веќе заладува, нема да има се надевам нови патувања надвор, а и нови нарачки следат, нели ?
Да, знам дека поголем аквариум ќе имаше помали загуби, ама малиов ми е предизвик, каде нема многу опрема и техника, нели ?

Патем, ме инересира како останатите колеги морци поминаа, пишете нешто ...

Поздрав,
anrovla

Tags:
 

Users Online Users Online (71)
Members Google (11)