collapse

* Prebaruvanje

* Posledni Postovi

DOBRO UTRO by DimitarJ
[Yesterday at 10:33:43 PM]

Baram sovet , sakam fontana so bazence vo dvor by LILJANA
[June 05, 2021, 07:30:10 AM]

"Prematurity" by DimitarJ
[June 04, 2021, 12:11:34 AM]

Dekoracii vo akvariumot by NO CARRIER
[April 28, 2021, 09:11:09 PM]

The first post content
Еве, со мало доцнење, да го прикажам и мојот аквариум.
Најпрво, мал опис:

Димензии: 61 х 27 х 34 (Д х Ш х В)

Стакло: 5.5.1 (Ламинирано стакло 5мм + 0,38мм фолија + 5мм)*

Литража (волумен): 55л

Температура на водата: ~ 27-28 С

Филтрација: Внатрешен филтер Shark (?!)

Осветлување: 1 х Т5 13W (52см)

Подлога: Кварцен песок (кавијар)

Декорација: 1 х мангрован, 1 х брод, 1 поголем камен, помали каменчиња

Растенија: 2 х Anubias nana, 1 х Cabomba aquatica, 5 х Амазонка (Echinodorus amazonicus?), 5 х Лимонка(?) со долги листови

Риби: 15 х Неонка (Paracheirodon innesi), 3 х Ксифо (Xiphophorus helleri), 5 х Хокеарка или Пингвин тетра (Thayeria boehlkei), 2 х Ботиа (Botia macracantha), 1 х Botia striata, 5 х Rummy nose tetra (Hemigrammus rhodostomus), 4 х Зебри (Danio rerio), 2 х Колор тетра

Третмани: Третман за вода Sera Aquatan, Макроелементи DajanaPet Plant Tabs, DajanaPet Plant Root, Микроелементи Sera Florena,

Храна: Sera Vipagran, Sera Goldy Color Spirulina, Sera Tubifex, црвен дроб

*За стаклото морав да идам со ламинирано, бидејќи ова ми е прв аквариум и се плашев малиот да се занесе многу во игра, па да не се „подели“ аквариумот на неколку помали :).
Со ова стакло, и да се удри, стаклото само се распукува (фолијата го држи :)), не се крши на парчиња како обичното (или каленото), така да би имал време да реагирам за рибите да бидат преместени.
А и комшијата под мене да не ме колне...

А сега и сликите:

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

Не знам колку се гледа, но аквариумот е поставен на полица од шанк (шанк од осумдесетите :)), така да идејата за истиот беше да може да се гледа и од напред и од позади. Иако сум почетник, знам дека ова е малку „tricky“ ама морав да пробам. И на крај ете го резултатот :icon_scratch:
Како растеше желбата и интересирањето за аквариумот и се околу него, така постепено ставав по уште некое рипче и по уште некое растение. Знам, затоа и испадна вака се измешано.
Е сега, планирам во скоро време да направам промени, па ако има некој нешто да предложи, сугестиите ќе бидат добредојдени. Имајте само на ум дека со простор сум ограничен, така да немам многу место за поголеми маневри.
Единствено би можел да направам друг аквариум, каде што би можел да идам уште некои 5-6см во ширина т.е. аквариумот наместо 27см да биде ~ 32-33см.

Link

Author Topic: Gjurik's aquarium  (Read 1289 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline Gjurik

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2012
  • Location: Скопје
  • Age: 44
  • Posts: 76
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Gjurik's aquarium
« on: April 04, 2012, 12:59:57 PM »

« Last Edit: February 26, 2016, 09:13:42 AM by pocttopus »

Offline miki.dj

  • Banned
  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Feb 2012
  • Location: Tetovo
  • Age: 39
  • Posts: 486
  • Activity:
    0%
  • Karma: 4
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #1 on: April 04, 2012, 01:06:53 PM »
 desetka za aq a trevkite sega gi zede?

Offline Gjurik

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2012
  • Location: Скопје
  • Age: 44
  • Posts: 76
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #2 on: April 04, 2012, 01:16:06 PM »
Најнова тревка е Cabomba Aquatica-та (пред 10-ина дена), а другите се доста пред неа.
Најстари се Наните, па Амазонката (кратката) во ќошето, но нешто сега ми стагнира. Некој месец после нив засадив уште една Амазонка (со долги листови) и брзо пушти наоколу други коренчиња/жбунчиња. Ама во последно време таа Лимонката (ако е тоа Лимонка) со долгите листови, се развива ненормално. Покри одозгора пола аквариум и сега Неонките имаат сенка :)

Offline Gjurik

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2012
  • Location: Скопје
  • Age: 44
  • Posts: 76
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #3 on: April 04, 2012, 01:18:57 PM »
Ах да.
Претходно не назначив - аквариумот е стар ~ 1 година, при кој имаше неколку мали измени...

Offline miki.dj

  • Banned
  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Feb 2012
  • Location: Tetovo
  • Age: 39
  • Posts: 486
  • Activity:
    0%
  • Karma: 4
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #4 on: April 04, 2012, 01:19:38 PM »
ne me interesirase posto kaj mene vo kvrcen pesok malce potesko rastat trevkite. a inace aq ti e fenomenalen pozz

Offline Gjurik

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2012
  • Location: Скопје
  • Age: 44
  • Posts: 76
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #5 on: April 04, 2012, 01:25:16 PM »
 55655, сега имам малку повеќе самодоверба  :embarrass:
А што се однесува за песокот, најверојатно е така затоа што ставав по една таблета од макроелементите (DajanaPet Plant Root) под секое коренче  :icon_scratch:

Offline DimitarJ

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 46
  • Posts: 7381
  • Activity:
    6%
  • Country: 00
  • Karma: 160
    • LID
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #6 on: April 04, 2012, 10:49:09 PM »
Аквариумот е одличен, а богами и бродот е вклопен со вкус.
Терај и уживај  :icon_thumright:

Сега можеш високите треви да ги ставиш само лево или само десно на 1/3 од аквариумот, а другиот дел да биде со ниски треви

Ако правиш во иднина поголем, добро е да е поширок и подолг.
Највисоките растенија одат по средината на аквариумот во должина. Или лево и десно.

Offline AFROMAN

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: May 2010
  • Location: Strumica
  • Age: 23
  • Posts: 1687
  • Activity:
    0%
  • Karma: 58
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #7 on: April 05, 2012, 01:53:12 AM »
Бродот е добро вклопен. Еве и еден предлог од мене високите треви распореди ги на двете страни од аквариумот ( на пример Cabombata на лева страна а Амазонката на десната страна) а каменот со  наната во средина. :icon_thumright:
Lose yourself in nature and find peace.

Offline Gjurik

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2012
  • Location: Скопје
  • Age: 44
  • Posts: 76
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #8 on: April 05, 2012, 07:00:58 AM »
Па така нешто планирав, само се мислев да го извадам мангрованот.
Не се гледа многу на сликите, но водата е „златна“ од него.
Уште од почетокот го имам (~ 1 година) и тогаш го перев и вриев неколку пати, ама пак пушта боја :(
Не дека е крај на светот, ама друго е ако водата е бистра - и рибите и тревките се поколоритни, и белината на песокот доаѓа повеќе до израз.
А од друга страна па ми се допаѓа и мангрованот...  :icon_scratch:
Хммм...
Ако некој знае начин за мангрованот да не ми пушта боја, би било одлично.

Offline Vlatkon

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Dec 2010
  • Location: Negotino
  • Age: 32
  • Posts: 1116
  • Activity:
    0%
  • Karma: 49
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #9 on: April 05, 2012, 08:17:35 AM »

Добредојде на форумов, како за старт аквариумот е добар, е сега да ти кажам за обоената вода. На кристално, идеална вода каква што е од чешма (зборам за бојата) не се надевај многу, и да го извадиш мангрованот водата секогаш ќе има некоја жолтеникава нијанса. Тоа е така зошто во аквариумот имаш жив свет, кој ја користи водата, голем фактор во нијансирањето на водата е и самата храна што ја ставаш во аквариум. А ако мангрованот ти е убаво истретиран, многу пати вриен, мислам дека нема да ти причинува големо нијансирање на водата, како и да е и тој придонесува. Водата можеш да ја обезбоиш со поредовни промена на вода, но никогаш нема да ја добиеш посакуваната нијанса, зошто, ти кажав погоре. Тебе ти прави проблем тоа што немаш позадина на АК, инаку воопшто нема да се познава нијансираноста. Јас баш уживам во амазонска нијанса, незнам зошто тебе ти смета? Луѓето намерно ја потемнуваат водата, само колку да знаеш  :happy:
Инаку слушај ги советите, се што си имаш мака кажи си, и само напред...

Offline Vlatkon

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Dec 2010
  • Location: Negotino
  • Age: 32
  • Posts: 1116
  • Activity:
    0%
  • Karma: 49
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #10 on: April 05, 2012, 08:27:34 AM »
Аха, сега забележав  :embarrass:
Немаш потреба од 27 температура со оваа постава на риби, на 25 повеќе би ти уживале рибите  :icon_thumright:

Offline AFROMAN

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: May 2010
  • Location: Strumica
  • Age: 23
  • Posts: 1687
  • Activity:
    0%
  • Karma: 58
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #11 on: April 05, 2012, 09:02:52 AM »
Еве и јас уживам во жолтеникава боја. Но зошто мислиш  дека жолтата вода ги обезбојува рибите? Според мене некои бои повеке се потенцираат како на пример црвената боја кај неонките. Стави црна позадина од едната страна и ке забележиш колку повеке е потенцирана црвената боја  :icon_thumright:
Lose yourself in nature and find peace.

Offline tome 1

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Nov 2011
  • Location: Skopje
  • Age: 45
  • Posts: 84
  • Activity:
    0%
  • Karma: 1
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #12 on: April 05, 2012, 01:18:11 PM »
 :icon_thumright:

Offline DimitarJ

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 46
  • Posts: 7381
  • Activity:
    6%
  • Country: 00
  • Karma: 160
    • LID
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #13 on: April 05, 2012, 02:09:30 PM »
Активен јаглен ја бистри водата. Ама ти имаш внатрешен филтер. Незнам дали во него имаш место за активен јаглен.

Offline Vlatkon

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Dec 2010
  • Location: Negotino
  • Age: 32
  • Posts: 1116
  • Activity:
    0%
  • Karma: 49
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #14 on: April 05, 2012, 02:15:59 PM »
Активен јаглен ја бистри водата. Ама ти имаш внатрешен филтер. Незнам дали во него имаш место за активен јаглен.

Во тоа филтерче едвај има место за биологија, тешко дека ќе најде место за јаглен, и да најде ќе го убие протокот.

Offline Gjurik

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2012
  • Location: Скопје
  • Age: 44
  • Posts: 76
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #15 on: April 05, 2012, 02:23:46 PM »
Аха, сега забележав  :embarrass:
Немаш потреба од 27 температура со оваа постава на риби, на 25 повеќе би ти уживале рибите  :icon_thumright:

Да, тоа ми е уште еден проблем.
Иако греачот е на 25, сега е околу 27. А во лето доаѓаше и до 30(!).
Едноставно, не е до мене туку доста е топло во станот и имам мал проблем со ладењето.
Летото го оставав ак со отворен капак, ја зголемив аерацијата ама немаше некој значителен ефект, дали паѓаше температурата за половина степен...
Сега ги тренирам полека рибите за летоска, да бидат спремни  :laugh:
 
Offline Vlatkon

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Dec 2010
  • Location: Negotino
  • Age: 32
  • Posts: 1116
  • Activity:
    0%
  • Karma: 49
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #16 on: April 05, 2012, 02:32:56 PM »
Епа тоа е :)
Ај со тек на време ќе го изостриш вкусот за риби, ќе си направиш селекција на која и одговара таа температура, и ќе немаш ни потреба од грејач ниту лето ниту зима  :laugh: Овака имаш многу врсти од различни поднебја на кој не им одговара иста температура. Али се ќе си дојде на место  :icon_thumright:

Offline Gjurik

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2012
  • Location: Скопје
  • Age: 44
  • Posts: 76
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #17 on: April 05, 2012, 02:35:46 PM »
Активен јаглен ја бистри водата. Ама ти имаш внатрешен филтер. Незнам дали во него имаш место за активен јаглен.

Во тоа филтерче едвај има место за биологија, тешко дека ќе најде место за јаглен, и да најде ќе го убие протокот.

За бојата, можеби што сум гледал по други аквариуми, истите имале подобро осветлување (а и по некоја УВ неонка), па затоа бојата повеќе доаѓала до израз. Генерално, не ми претставува некоја пречка, но пак сакав да слушнам мислења од искусни акваристи (или требаше да кажам рибари?  :laugh:)

Што се однесува за активниот јаглен, ми го кажаа истото и на друго место да пробам да ставам во филтерЧЕТО ама сеуште немам пробано, баш поради стравот од задушување на протокот.
Ама сега ќе морам, чисто да видам дали ќе биде овака или онака. Ваљда нема многу да боли...

Во секој случај, thx за советите, па штом направам некоја промена, веднаш известувам.

Offline Vlatkon

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Dec 2010
  • Location: Negotino
  • Age: 32
  • Posts: 1116
  • Activity:
    0%
  • Karma: 49
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #18 on: April 05, 2012, 02:43:12 PM »
Верувај ми дека со поголема промена на вода, и со едно позадинче ќе ја решиш цела проблематика, немаш место за јаглен во филтерчето. Има многу добри аквариуми на форумов каде водата изгледа кристал, али имаш улога осветлување, никој од тие аквариуми не е на само дејлајт неонки, би ти советувал ако веќе не сакаш да ставаш позадинче да си земеш едно гролуксче и ќе имаш многу подобар визуелен ефект  :icon_thumright:

Offline Gjurik

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2012
  • Location: Скопје
  • Age: 44
  • Posts: 76
  • Activity:
    0%
  • Karma: 0
Re: Gjurik's aquarium
« Reply #19 on: April 05, 2012, 02:52:20 PM »
Да, барав на неколку места од тие неонки, ама нема за мене. Во описот пишав дека неонката е 52см. Бидејќи аквариумот стои на полица од шанкот, ограничен сум со просторот и морав да земам некоја готова арматура со неонка.
Здравје, за тој поголемиот аквариум што го планирам за неколку месеци/година, ќе знам што треба.
Сега само ќе собирам искуство...

Tags:
 
Users Online Users Online (37)
Members Google (5)
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2021, SimplePortal