collapse

* Prebaruvanje

* Posledni Postovi

DOBRO UTRO by NO CARRIER
[Today at 10:42:49 PM]

Viagra online"Buy viagra online by URAN2
[Today at 07:12:21 AM]

Baram sovet , sakam fontana so bazence vo dvor by LILJANA
[June 05, 2021, 07:30:10 AM]

"Prematurity" by DimitarJ
[June 04, 2021, 12:11:34 AM]

Dekoracii vo akvariumot by NO CARRIER
[April 28, 2021, 09:11:09 PM]

Hrana za Omnivori by DimitarJ
[April 23, 2021, 10:46:46 AM]

The first post content
DIY Backgraund

Конечно стигна на ред да се доврши проектот кој беше замислен пред долго време. Позадината ја работев неколку месеци од причина што не бев толку слободен да се посветам и да седнам да ја направам туку едноставно се решив да ја правам стрпливо, полека без брзање оти кога се брза се нема идеја и тогаш се греши. Од тие причини малку закасна но на крај евеја мојата позадина представена чекор по чекор .
За почеток се двоумев од кој материјал да ја изработам дали стиропол, стиродур, пурпена комбинирано и сл.... за на крај да се одлучам како за прва позадина да оди со стиропол, иако знам дека стуродурот е поквалитетен но овај пат таква беше одлуката.
Од стовариште набавив најразлични големини на стиропол бидејќи незнаев сеуште кој големини ќе ми требаат и на кој начин ќе ја правам па затоа реков подобро нека има повеќе него да прикупвам.
Но по мали проби т.е. обработки на стирополпот одлучив цела позадина да оди на 4 посебни делови и истите тие делови да ги залепам на една основа и со тоа би се избегнало познавање на селиконот ( што помалку да е лепена толку подобро според мене оти тука на форумот се запознав дека по изесно време бојата која е нанесена на селиконот паѓа па затоа и избегавав многу делови да додавам ). А доколку сега правам нова би ја работел на една голема табла и на неа би резбал делкал и сл.
Да се вратам на сетапот на позадината, трите делови од позадината се правени од стиропол 10 см и едниот дел е правен од 5 см. И истите се залепени на 2 см табла, обично сите ги лепат на 1 см ама јас поради појачувањата на аквариумот (сигурносни ленти) ги лепам на поголема  табла бидејќи сакам да имам повеќе простор во задниот дел и да можам да го изведам цревото или цефката што ќе биди поставена во задниот дел на позадината која ќе оди до филтерот.
Потребен алат за изработка на позадината беше следниот :
Неколку ножиња различна големина, скалпер, леткум, дреалица за финалната обработка, некоклку видови на турпии за железо ама бркаат работа и тие, шмиргла, селикон, четки најразлична големина, AirBrush поврзан на компресор кој се користеше за шприцање на позадината.
Првична идеја ми беше позадината да биди рељефна но спрема димензиите што ги имам на аквариумот од 40 см бев ограничен да одам многу во ширина па затоа морав да длабам и резбам длабоки дупки за да ја добијам длабината на карпата.

[Login or Register]

Најпрво со ножот ги правев првичните форми од едниот дел што почнав да го обработвам  па потоа со скалперот одеше корекција и длабење на истото, и завршна фаза беше со турпијата. И откако се направија сите делови по мој вкус и желба сите делови ги прилагодив да се слејуваат едни со други за да не се познава разлика помеѓе еден дел со друг.

[Login or Register]

[Login or Register]

Потоа ги залепив сите четири дела ги оставив да се исушат, и откако се залепија после тоа дојде на ред уште една корекција прилагодување на позадината спрема димензиите на аквариумот кратење на некои делови додавање на нови.

[Login or Register]

После тоа стапи на сцена леткумот кој си го направи своето за длабење на некои делови (дупки) што неможат да се направат со скалпер, но со леткумпот сака многу пазење оти можи да го стопиш стирополот многу брзо и да се изгуби посакуваната форма која ја имаваме замислено на самиот почеток.

[Login or Register]

За на крај со чакмак да се доврши целиот сетап но само на некои делови и после тоа пробав со дреалица и видов дека многу подобро, побрзо и поефикасно оди работата но исто ќе напоменам дека и со неа треба многу пазење оти многу лесно можи да пропадни цела работа доколку се заборавиме од правење контури и дупки. На крај ќе се помини цела позадина да биди како една целина целосно слеана т.е. да не се познаваат ситните дупчиња на стиропол да се добие друга форма (камен). И заборавав да кажам дека на задната страна од позадината на две места е направена дупка во форма на лента со цел да се скријат цефките или цревата кои одат до стаклениот филтер.

[Login or Register]

[Login or Register]

Едната дупка е отприлика на средина а другата е направена во самиот ќош десно и имам оставено поголем простор на оваа страна бидејќи сакам да го поставам и греачот да биди во задниот дел од позадината.
После тоа следува премачкување на целата позадина со хидромал флекс и многу битно според мене е да се премачка секој дел секоја дупка(доколку нема пристап четката можи да се истури во дупката каде не е пристапна) но да нема останат дел што не е премачкан и првиот слој да биде погуст да покрие целиот стиропол, но не предебел слој зошто можи истиот да испука. Откако ќе се исуши т.е. ќе поминат 48 сати од првата рака премачкување, следува втора рака пак 48 сати сушење, и трета рака па откако ќе се исуши позадината е спремна за фарбање(шприцање).

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

Е тука можи да се речи дека првата креативност беше идеја, одсмислување, стрпеливост, креативноста на самиот себе за да го обработиш стирополот е сега  следува втората креативност во овај сетап а тоа е како ќе ја изфарбаш целата позадина (визуелно шминкање).
За таа цел зедов акрлина боја на водена база која ја користат за изработка на фасади и тоа бела боја и црно тонерче и решив сам да си мешам бои спрема моите идеи и визии.
Пред да почнам да ја фарбам имав замисла да почнам со најтемните бои поточно од најдлабоките површини т.е. дупките, па потоа следуваат поиспакнатите делови и за на крај да бидат со сива посветла нијанса најиспакнатите делови.
Детално прикажани постапките за фарбање :
Една рака премачкување со четка со сива нијанса – сушење на позадината извесен период(зависи на какво место е оставена да суши, зависи од времеснките услови лето зима –побрзо побавно), па потоа друг слој на прскање со најтемна нијанса т.е. најдлабоките делови ( дупките )ги прскав со AirBrush многу јака работа истата вади линија од 0,3 мм, видете на youtube какви чуда се прават со него, се разбира кој има искуство во тие работи неможи секој да се надева дека можи да црта се со него, следува слика од него но ајде да кажам два три збора и за него. Од предната страна се подесва колкав опсег на прскање ќе имаме т.е. дебелината на линијата што сакаме да ја вади и истата можи да биди од 0.3 до 5 cm. Потоа на крајот имаме вентилче кое се подесва колку боја сакаме да пушта истото и на средина имаме копче кое оди надолу и назад, кога ќе притисниме надолу тоа е компресија од воздух а кога ќе тргниме наназад почнува да пушта боја и колку повеќе повлекваме на назад толку повеќе пушта боја, и барите на компресорот ќе напоменам од 2 до 2.5 бари да бидат подесени бидејќи со 6 бари како што ги фарбаат колите немаш толкав осет ( а овде токму тој е одлучувачки фактор затоа е пожелно да се работи со помал притсок ) и можи да ја префарбаш на ново откако ќе се зафркни цел труд.

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

[Login or Register]

И откако се поминаја тие делови сушење едно 20 до 30 мин брзо суши оти се нанесува многу слаб слој и брзо суши за разлика од премачкувањето со четка кое треба да се чека да се суши подолг период.
На крај од целата постапка земав четка поголема од 10 до 16 големина и си растворив посветла нијанса од бојата и истата четка се макнува во бојата и земав тоалетна хартија со цел да ја отсранам дел од бојата што се наоѓа на четката едно три до четири пати си сака бришење од хартијата и пред да почнам да нијансирам завршни контури на позадината пробвав на долните делови дали е во ред или е многу влажна четката, битно е да не пушта многу боја да не се зафркни целата макотрна работа.

[Login or Register]

[Login or Register]

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=GrIUueNKUgg&feature=youtu.be[/youtube]
ВИДЕО ОД КОНТУРИТЕ

Откако ќе се направат сите овие постапки на позадината краток перод се суши и после тоа позадината е спремна за лепење во аквариум.

[Login or Register]

[Login or Register]

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=SSapg_M3rK4&feature=youtu.be[/youtube]
ВИДЕО ОД ПОЗАДИНАТА

Голема БЛАГОДАРНОСТ за  56048575 што мене ми овозможи да се образовам за акваристика почнав од нула го пронајдов на нет форумот па постепено почнав да се градам во оваја област... па мислам дека познавам добар дел од оваја област се разбира со доста читање на постови( добар дел ги имам исчитано барем неколку пати  :happy: ), исто така морам јавно да упатам БЛАГОДАРНОСТ до МАЕСТРО ИВИЦА ivica74sk кој ми даваше online подршка за моите проблеми што ми излегваја во текот на самата работа и одговараше на моите прашања и подпрашања уште од самиот почеток па се до самиот крај за се што не ми беше јасно.....Фала Ивица за несебичноста за помош од твоја страна.

 happyy

Link

Author Topic: DIY Backgraund _ by Petar_868  (Read 793 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline petar_868

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2011
  • Location: Bitola
  • Age: 34
  • Posts: 34
  • Activity:
    0%
  • Karma: 4
DIY Backgraund _ by Petar_868
« on: June 25, 2012, 07:39:33 AM »

Offline Cvijo

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Aug 2011
  • Location: Skopje
  • Age: 54
  • Posts: 1121
  • Activity:
    0%
  • Karma: 61
Одг: DIY Backgraund _ by Petar_868
« Reply #1 on: June 25, 2012, 08:55:23 AM »
 applause za pozadinata
se e napraveno skolski a profesionalno i so mnogu strplivost...za toa sledi  560855
posle 2-3 meseci vremeto (algata ) ke ja doukrasi tvojata rabota .... desetka

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 47
  • Posts: 11195
  • Activity:
    0%
  • Karma: 377
Одг: DIY Backgraund _ by Petar_868
« Reply #2 on: June 25, 2012, 09:34:22 AM »
 560855 kolku tebe Petar.Pozadinata e fantasticna a vakov detalen opis na celata postapka ,pritoa podkrepen so sliki do sega ne sme videle. applause i se nadevam deka nema da zastanes tuka i deka ke napravis uste mnogu vakvi ubavi pozadini.

Offline OscarMKD

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Dec 2010
  • Location: Strumica
  • Age: 25
  • Posts: 1329
  • Activity:
    0%
  • Karma: 27
Одг: DIY Backgraund _ by Petar_868
« Reply #3 on: June 25, 2012, 09:57:36 AM »
Druze edno golemo BRAVO i  560855 za izrabotkata i opisot :) Samo ne zaboravajte koga prikacuvate sliki da stisnete na ,,family safe''.

Offline petar_868

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2011
  • Location: Bitola
  • Age: 34
  • Posts: 34
  • Activity:
    0%
  • Karma: 4
Одг: DIY Backgraund _ by Petar_868
« Reply #4 on: June 27, 2012, 12:14:08 AM »
Fala za pofalbite od vasa strana se nadevam ve bendisa celiot setap kako za prva pozadina i jas se iznenadiv kako ispadna finalniot proizvod no prodolzuvam ponatamu sega so kompletiranje i otpocnuvanje na noviot akvarium.
Edno prasanje do poiskusnite otprilika kolku vreme bi izdrzala pozadinata vo akvarium nekade citav deka okolu 2 godini mu bil rokot plus minus...
I dali mora da ja lepam za zadnoto staklo zosto kaj mene na gornata strana imam lenti od 5 cm i pozadinata e pravena da vlegva knap  do mm :) pa se mislam dali ke ima nekoj problem dokolku ja ostavam ama si velam nema kaj da bega :)
Pozdrav

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 47
  • Posts: 11195
  • Activity:
    0%
  • Karma: 377
Одг: DIY Backgraund _ by Petar_868
« Reply #5 on: June 27, 2012, 12:35:46 AM »
 Od prilika od edna godina za pozadina napravena od mek stiropor i premackana so cement pa se do neograniceno za pozadina od kompozitna plastika.Za onaa napravena od stirodur i zastitena so dvokomponenten elasticen hidroizolacionen premaz nekoi proizvoditeli davaat dest godisna garancija sto znaci trae povekje od toa.

Offline petar_868

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2011
  • Location: Bitola
  • Age: 34
  • Posts: 34
  • Activity:
    0%
  • Karma: 4
Одг: DIY Backgraund _ by Petar_868
« Reply #6 on: June 27, 2012, 12:38:43 AM »
Ok  55655
A za lepenjeto so velis ....?

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 47
  • Posts: 11195
  • Activity:
    0%
  • Karma: 377
Одг: DIY Backgraund _ by Petar_868
« Reply #7 on: June 27, 2012, 02:05:08 AM »
Ako e knap ne bi trebalo da bega osven dolniot del da ispliva nanapred no nekoj potezok kamen podpri na nea  i toa e reseno.

Offline nenad66

  • SeaWolf
  • *******
  • Join Date: Dec 2008
  • Location: Rio- "pena"
  • Age: 55
  • Posts: 6244
  • Activity:
    0%
  • Karma: 226
Одг: DIY Backgraund _ by Petar_868
« Reply #8 on: June 29, 2012, 04:24:38 AM »
 :icon_thumright: ubavo ispadnala
se ke bide samo na cosiot brada nema da mu nikne

Offline petar_868

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Apr 2011
  • Location: Bitola
  • Age: 34
  • Posts: 34
  • Activity:
    0%
  • Karma: 4
Одг: DIY Backgraund _ by Petar_868
« Reply #9 on: July 02, 2012, 12:09:35 AM »

Tags:
 
Users Online Users Online (38)
Members Google (6)
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2021, SimplePortal