collapse

* Prebaruvanje

* Posledni Postovi

DOBRO UTRO by NO CARRIER
[Yesterday at 09:09:20 PM]

Baram sovet , sakam fontana so bazence vo dvor by LILJANA
[June 05, 2021, 07:30:10 AM]

"Prematurity" by DimitarJ
[June 04, 2021, 12:11:34 AM]

Dekoracii vo akvariumot by NO CARRIER
[April 28, 2021, 09:11:09 PM]

The first post content
Еве го и мојот аквариум, подетално:
______________________________________________________
  • Димензии(Големина на аквариумот, и дебелина на стаклото): димензии 54X22X38 cm., дебелина на стаклото - 6 mm.
  • Литража(Волумен): 37 литри
  • Карактеристики на водата(Температура, pH, kH, gH): 25-27 C., pH, kH и gH не сум мерел.
  • Филтрација: Филтер Атман At f-101 со проток 500 л/ч и Воздушна пумпа SA900 2.5W со притисок 0,018 MPa
  • Осветлување: немам се уште, за жал
  • Подлога: речна песок, убаво прочистена + 15тина поголеми речни камења кои го прекриваат распрскувачот на воздушната пумпа
  • Декорација: позадина - Постер со тревки и карпи на кој доминира зелената боја, имам желба да ставам и парче дрво (знам дека е потребно мангрово дрво, лоза или трендафил, претходно подготвено)
  • Растенија: имам само 4 коренчиња житарка (не знам кој е латинскиот назив)
  • Риби:
    • 4 гупи (Poecilia reticulata) - 1 мажјак и 3 женки
    • 2 моли (Poecilia latipinna) -  Sailfin Molly и  Black Molly - по грешка испаднаа двата мажјаци
    • 2 плати (ксифо) (Xiphophorus maculatus) - мажјак и женка
    • 2 арлекин разбора (Trigonostigma heteromorpha)
    • 2 кардинал тетри (Paracheirodon axelrodi)
    • 2 сини тетри (Knodus borki) или император тетри со сина боја, се уште не сум сигурен
    • 1 коридорас (Corydoras geoffroy)
  • Останато: - Греач Shark H-229 25W
____________________________________________________________
Штом бидам во можност, ќе постирам и слика. Се надевам доволно беше! ;)

Link

Author Topic: Zlatikevichius аквариум  (Read 6362 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline Zlatikevichius

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Jun 2013
  • Location: Skopje
  • Age: 36
  • Posts: 56
  • Activity:
    0%
  • Karma: 1
Zlatikevichius аквариум
« on: June 08, 2013, 08:18:10 AM »
Еве го и мојот аквариум, подетално:
______________________________________________________
  • Димензии(Големина на аквариумот, и дебелина на стаклото): димензии 54X22X38 cm., дебелина на стаклото - 6 mm.
  • Литража(Волумен): 37 литри
  • Карактеристики на водата(Температура, pH, kH, gH): 25-27 C., pH, kH и gH не сум мерел.
  • Филтрација: Филтер Атман At f-101 со проток 500 л/ч и Воздушна пумпа SA900 2.5W со притисок 0,018 MPa
  • Осветлување: немам се уште, за жал
  • Подлога: речна песок, убаво прочистена + 15тина поголеми речни камења кои го прекриваат распрскувачот на воздушната пумпа
  • Декорација: позадина - Постер со тревки и карпи на кој доминира зелената боја, имам желба да ставам и парче дрво (знам дека е потребно мангрово дрво, лоза или трендафил, претходно подготвено)
  • Растенија: имам само 4 коренчиња житарка (не знам кој е латинскиот назив)
  • Риби:
    • 4 гупи (Poecilia reticulata) - 1 мажјак и 3 женки
    • 2 моли (Poecilia latipinna) -  Sailfin Molly и  Black Molly - по грешка испаднаа двата мажјаци
    • 2 плати (ксифо) (Xiphophorus maculatus) - мажјак и женка
    • 2 арлекин разбора (Trigonostigma heteromorpha)
    • 2 кардинал тетри (Paracheirodon axelrodi)
    • 2 сини тетри (Knodus borki) или император тетри со сина боја, се уште не сум сигурен
    • 1 коридорас (Corydoras geoffroy)
  • Останато: - Греач Shark H-229 25W
____________________________________________________________
Штом бидам во можност, ќе постирам и слика. Се надевам доволно беше! ;)
« Last Edit: July 12, 2013, 05:09:52 AM by pocttopus »

Offline Aleksandar B

  • Global Moderator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Dec 2008
  • Location: Skopje
  • Age: 47
  • Posts: 4107
  • Activity:
    0%
  • Karma: 307
Одг: Zlatikevichius аквариум
« Reply #1 on: June 08, 2013, 10:31:47 AM »
Dobredojde Zlati.
Ti blagodarime za ubavoto pretstavuvanje. Cekame sliki.

 56048575

Offline Zlatikevichius

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Jun 2013
  • Location: Skopje
  • Age: 36
  • Posts: 56
  • Activity:
    0%
  • Karma: 1
Одг: Zlatikevichius аквариум
« Reply #2 on: June 08, 2013, 10:41:03 AM »
 55655

Offline Zlatikevichius

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Jun 2013
  • Location: Skopje
  • Age: 36
  • Posts: 56
  • Activity:
    0%
  • Karma: 1
Во претставувањето кажав дека сум нов во акваристиката и го претставив мојот аквариум, но не споменав како го креирав истиот: имав добиено информација за потребата од поставување слој хумус под подлогата од песок, но потоа за истото прашав во пет шоп, каде ми кажаа дека можам да ставам хумус, но и не мора - наводно подобро било без хумус, од него само се чувствувал мирис на тиња. Затоа и го прескокнав тој чекор, па сега подлогата ми е само неколку сантиметри песок со ситна кон средна гранулација. Сега за сега имам само 4 коренчиња аквариумска трева, житарка (не и го знам латинскиот назив), но некако слабо се развиваат. Не дека не пуштаат нови ливчиња, напротив, само многу често се случува дел од листовите да изгледаат пожолтено и да отпаднат. Претпоставувам причината е недоволно хранливи материи (недостаток на хумус во подлогата), па она што ме интересира е - дали некако би можел да ја исправам грешката?

(Мое размислување: да ја извадам целата вода од аквариумот, а рибите да ги префрлам во помалиот карантински аквариум, да го извадам и исчистам песокот, потоа и стаклото на аквариумот, и да почнам се од почеток. Секако - овојпат ќе ставам хумус, и би сакал да додадам уште малку песок :P Мислам дека би било добро после тоа, наместо да полнам нова вода во аквариумот и да чекам истата да се изциклира а за тоа време да ги оставам рипките во карантинскиот аквариум, да вратам 70% од старата вода, а да додадам 30% нова, исто како што редовно, еднаш неделно правам? Дали е во ред сето ова, или имате некаков совет да ми дадете?)  55655

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7509
  • Activity:
    5%
  • Country: mk
  • Karma: 90
какво осветлување користиш? можеби проблемот е во него... не мора да значи дека со помош подлогата и хранливите материи ќе се  реши/занемари проблемот на осветлувањето.

прикажи слика од тревките! вака на слепо правиме муабет.

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7509
  • Activity:
    5%
  • Country: mk
  • Karma: 90
мое мислење е дека не е многу паметна идејата да се користи подлога во аквариум наменета за цвеќиња.

Radevski

  • Guest
Мислам дека станува збор за валиснерија...но за неа не ти треба подлога...проблемот ти е во осветлувањето...или е многу слабо или воопшто го немаш

Доколку сакаш да правиш тревнат аквариум иди купи си асална аквариумска подлога,еве јас пред 1 месец стартував аквариум а како подлога корисев ѓубриво за цвеќе.Цел месец се зезам со разно разни организми и бактерии кои ретко кој може да ги препознае од која планета се...не за џабе рекле...сиромавиот два пати плаќа,се штедев се штедев и сеа бркам црви низ аквариум  boske

Offline Ivan

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Aug 2012
  • Location: Skopje
  • Age: 30
  • Posts: 88
  • Activity:
    0%
  • Karma: 4
Sovet: zemi si nekoj drugar zasto ako sam go pravis ova se, nema da zavrsis vo eden den. I odluci si kakov pesok sakas da stavis i spored toa vidi kakva podlga kje stavis, ali najpametno ti e da si kupis i da ne se umaras mnogu mnogu

Offline Zlatikevichius

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Jun 2013
  • Location: Skopje
  • Age: 36
  • Posts: 56
  • Activity:
    0%
  • Karma: 1
какво осветлување користиш? можеби проблемот е во него... не мора да значи дека со помош подлогата и хранливите материи ќе се  реши/занемари проблемот на осветлувањето.

прикажи слика од тревките! вака на слепо правиме муабет.
Баш тоа сакав следно да прашам: за аквариумот немам капак со неонки, осветлувам со штедлива сијалица во близина на аквариумот, па едниот дел од него е постојано осветлен, другиот воопшто. Од голема полза би ми бил било каков контакт за да најдам (не многу скапо) решение за капакот, или уште подобро - да направам нешто сам.

мое мислење е дека не е многу паметна идејата да се користи подлога во аквариум наменета за цвеќиња.

Мислам дека станува збор за валиснерија...но за неа не ти треба подлога...проблемот ти е во осветлувањето...или е многу слабо или воопшто го немаш

Доколку сакаш да правиш тревнат аквариум иди купи си асална аквариумска подлога,еве јас пред 1 месец стартував аквариум а како подлога корисев ѓубриво за цвеќе.Цел месец се зезам со разно разни организми и бактерии кои ретко кој може да ги препознае од која планета се...не за џабе рекле...сиромавиот два пати плаќа,се штедев се штедев и сеа бркам црви низ аквариум  boske
OK, не мислев баш хумус за цвеќиња (иако во една од темите тука видов дека баш таков ставаат), мислев дека сигурно има некаков хумус кој се користи за аквариуми по аква-шоповите. Каде да барам и каква е таа аквариумска подлога. [NOTE: песок имам, ми треба само подлогата под песокот].

[Login or Register]

Ваква е нели?
Да, да, тоа е!  happyy Значи - валиснерија, така?

Offline Zlatikevichius

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Jun 2013
  • Location: Skopje
  • Age: 36
  • Posts: 56
  • Activity:
    0%
  • Karma: 1
Sovet: zemi si nekoj drugar zasto ako sam go pravis ova se, nema da zavrsis vo eden den. I odluci si kakov pesok sakas da stavis i spored toa vidi kakva podlga kje stavis, ali najpametno ti e da si kupis i da ne se umaras mnogu mnogu
Секако дека нема да можам се сам да направам, јасно ми е. Ама не сфаќам за подлогата: таа што ја има и се купува од аква-шоповите е песок обогатена со хранливи материи, или можам да најдам подлога со хранливи материи која би можел да ја ставам под песокот (кој веќе го имам)?

Иди у акватика,тоа ти е кај католичка...имаат добра опрема..има таму добра подлога...
Али подлога ќе ставаш доколку планираш да правиш тревнат,доколку планираш само валиснерија да чуваш мое лично мислење е дека не ти треба подлога,можеш и со песокот да си тераш,ти треба само ослветлување

Еве баш сега ти го читав претставувањето...гледам викаш сакаш на пократки стази да идеш...да научиш да размножуваш живоротки...сеа ако сакаш постепено да одиш,остај го аквариумот како таков само најди некој капак да ти направи и да ставиш осветлување,ќе тераш така па после ќе си земеш дали друго аквариумче дали ова ќе го растуриш па ќе му ставиш квалитетна подлога и ќе правиш добар тревен..мислам натака ти си знаеш...дали одма ќе идеш на нешто профи дали постепено

Offline zalxov

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: May 2011
  • Location: с.Таринци - Штипско
  • Age: 37
  • Posts: 1070
  • Activity:
    0%
  • Karma: 42
мое мислење е дека не е многу паметна идејата да се користи подлога во аквариум наменета за цвеќиња.

Не се согласувам
Спијат ли рибите?

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7509
  • Activity:
    5%
  • Country: mk
  • Karma: 90
во секој случај повеќе имаш потреба од осветлување отколку подлога.

капак можеш и самиот да си изработиш... на пример мојот е DIY од стакло. од надворешната страна е поставена црна (сјајна) фолија и доста добро се вклопи. на него имам поставено 2x30W Philips Aquarelle неонки од [Login or Register].

ако веќе земаш подлога погледни и кај Мики (аквашоп НЕМО)...  :icon_thumright:

Offline Zlatikevichius

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Jun 2013
  • Location: Skopje
  • Age: 36
  • Posts: 56
  • Activity:
    0%
  • Karma: 1
Radevski и pocttopus, многу ви  55655 за советите, предлозите и одговорите. Ќе одлучам најверојатно во скоро време што да правам.

pocttopus - како би можел да видам на кој начин ти се поставени неонките на капакот? Има некоја слика некаде по форумов?

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7509
  • Activity:
    5%
  • Country: mk
  • Karma: 90
не сакам да бидам погрешно разбран па затоа сакам малку поопширно да се искажам.  :happy:

Zlatikevichius очигледно е нов во акваристиката и воопшто нема да му препорачам нешто што не е наменето како опрема за ова наше хоби. една работа е како да помине поефтино на почеток, а друго е искуството... мислам дека токму со подлогата за цвеќиња би имал проблем бидејќи проблеми се случувале и кај искусни акваристи.

втора работа, едноставно не гледам логика нешто што е наменето за цвеќиња да се користи во аквариум. во превод тоа значи секоја работа што не е наменета за акваристика бара посебно информирање, внимание и искуство... не можеме на секого да му препорачаме нешто што ние лично имаме повеќе информации и искуство без да му покажеме.

кај твојот аквариум знам дека користиш подлога за цвеќиња и тоа си е твој личен избор и право и навистина твојот аквариум е еден од најдобрите на форумот (:icon_thumright:), но тоа не значи дека тој факт ќе ме спречи да се поклопиме со мислењата бидејќи твојата ситуација можеби не е толку лесна да ја примени самиот Zlatikevichius.

еден од проблемите кои можат да настанат со користењето на подлогата за цвеќиња ги опиша Radevski малку погоре.

мое мислење е дека не е многу паметна идејата да се користи подлога во аквариум наменета за цвеќиња.

Не се согласувам

Offline Zlatikevichius

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Jun 2013
  • Location: Skopje
  • Age: 36
  • Posts: 56
  • Activity:
    0%
  • Karma: 1
Може некој да ми даде идеја како би можел да изработам сам капак за аквариумот и како да го поставам осветлувањето?

Дефинитивно,потполно се слагам со pocttopus .Значи постои варијанта да идеш со ѓубриво за цвеќе но истата таа варијанта може на нос да ти излезе,мислам...еве ставив ѓубриво за цвеќе во мојот аквариум и сеа ти кажувам..бркам несекојдневни организми низ водата.Доколку веќе решиш да правиш тревнат аквариум иди купи си добра подлога и не се замарај.Џабе што со ѓубривото за цвеќе ќе поминеш поевтино,коа може на нос да ти излезе и доколку тоа се деси пак ќе мораш пари да даваш за добра подлога

Radevski

  • Guest
Може некој да ми даде идеја како би можел да изработам сам капак за аквариумот и како да го поставам осветлувањето?

How to make cover for aquarium на google..сигурно ќе најдеш нешто прикладно за твојот аквариум доколку решиш сам да го праиш

Radevski

  • Guest

Tags:
 
MOVED: Одг: Zlatikevichius аквариум

Started by p

Replies: 0
Views: 668
Last post June 18, 2013, 10:55:39 AM
by p
Users Online Users Online (28)
Members Google (3)
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2021, SimplePortal