collapse

* Prebaruvanje


* Posledni Postovi

Exemplary Сasual Dating - Authentic Maidens by URAN2
[April 17, 2024, 09:43:10 AM]


DOBRO UTRO by NO CARRIER
[December 08, 2023, 11:53:36 PM]


staklen pesok za akvariumi by p
[September 05, 2023, 11:48:43 PM]

Registration Agreement

В О В Е Д
 
Почитувани љубители на акваристиката, пред да се зачлените на форумот треба да се согласите со условите кои се потребни за регистрација на [Login or Register]!

Форумот има само едно правило, а тоа е ТОЛЕРАНЦИЈА кое подразбира културно однесување во заедницата. За сите појави кои се против правилото, администрацијата ќе ги превземе оние мерки кои смета дека се потребни за благостојбата на форумот. Доколку имате било каков проблем, без разлика дали е тоа со форумот или со член од заедницата или со некој член од администрацијата, слободно контактирајте го тимот на [Login or Register] и Вашата забелешка ќе биде разгледана во најкус можен рок.

Форумот е создаден во 2008 година и до овој момент е најактивниот и најголемиот форум за акваристика во Македонија. Целта и сржта на овој форум од секогаш била и ќе биде помагање на љубителите на акваристиката да уживаат во ова прекрасно хоби. На форумот има многу информации и можеме слободно да кажеме дека има одговор на сите прашања поврзани со акваристиката и пошироко. Тука сме да Ви помогнеме во секој поглед и нормално да се дружиме.


С О Г Л А С Н О С Т

Се согласувам дека со користењето на овој форум, дека нема да постирам материјали кои се лажни, неточни, навредливи, омраза кон некого, закани, напади, сексуално ориентирани, напад на приватност на луѓе, слики со навредлива соржина, адулт слики, или каков и да било друг текст што би ги кршело интернационалните или домашните закони. Исто така согласен/а си  дека нема да поставуваш каков и да било авторски заштитен материјал освен ако ти си автор на истиот или пак ако имаш потпишана согласност од сопственикот на авторското право. Спамирање, рекламирање, масовни покани и дописи исто така се забранети на овој форум. Забележете дека е неизводливо за тимот односно сопствениците на овој форум да ја потврдат валидноста на постовите. Запамтете дека ние не ги надгледуваме активно пратените постови и поради тоа не сме одговорни за нивната содржина. Ние не ја гарантираме точноста, комплетноста или корисноста на која и да било информација. Постовите ги изразуваат гледиштата на авторот и немора да значи дека тоа е и гледиште односно дека тоа го поддржува овој форум, неговиот персонал и неговите сопственици. Секој кој што мисли дека постираните пораки не се со објективна содржина е должен да го извести веднаш за тоа администраторот или модераторот на овој форум. Персоналот и сопственикот на овој форум го задржуваат правото да одстранат сомнителен материјал во разумен времеснки период, доколку одлучат дека отстранувањето е потребно. Ова е мануелен процес, како е да е, треба да се свати дека нема да бидат во можност да го одстранат или да влезат во таква порака веднаш. Истото се однесува и до информациите во профилот на членовите. Лично сте одговорни за содржината на вашиот пост. Исто така, се согласувате да не им наштетите на сопствениците на форумот, на поврзаните веб страни, персоналот и нивните подржувачи. Сопствениците на овој форум имаат право да го откријат вашиот идентитет ( или каква и да било друга информација, постоечка на овој сервис) во случај на кривична пријава или некоја друга законска активност што е предизвикана од ваша страна со користење на овој форум. Вие имате можност при регистрација да си изберете сопствено корисничко име. Ве советуваме името да биде прикладно. Со ова корисничко име ке може да се регистрирате, се согласувате никогаш да не ја откриете вашата лозинка на друг, ова е поради ваша лична заштита. Исто така се согласувате НИКОГАШ да не користите туѓо корисничко име од која и да било причина. Ве советуваме да користите посложена и лична лозинка за вашето корисничко име за да спречите крадење на истото. После регистрирањето и логирањето на овој форум ке можете да пополните детален профил. На ваша одговорност е да поставите или да внесете вистинити податоци. Која и да било информација што сопственикот на форумот или тимот ке одлучи дека не е точна или вулгарна ке биде одстранета, со или без предходно известување. Соодветна казна би можела да биде изречена. Ви посочуваме дека со секој пост вашата  ИП адреса ке биде снимена за во случај да има потреба да ви се забрани пристап до овој форум. Ова би се случило само при тешко кршење на овој договор.

СИТЕ ТЕКСТОВИ И ПОСТОВИ СЕ ЗАШТИТЕНИ И КАКО ТАКВИ СЕ ЗАБРАНУВА ДА СЕ КОПИРААТ/ПРЕЗЕМААТ, ВО ЦЕЛОСТ ИЛИ ДЕЛОВИ, БЕЗ ДОЗВОЛА ОД АДМИНИСТРАЦИЈАТА! (ова не важи при внатрешна употреба).
Се што ќе објавите на форумот е Ваша одговорност! Се што е објавено на форумот е сопственост на форумот и форумот може да ја користи објавената содржина на начин кој одговара за промоција на форумот и акваристиката!

За да се зачлените мора да бидете постари од 12 години!



SimplePortal 2.3.7 © 2008-2024, SimplePortal