mkreef.com - Македонски форум за слатководна и морска акваристика
Za novite kolegi => Za novi clenovi => Topic started by: DennyMK on June 14, 2022, 10:06:48 PM
-
Македонец, акварист-аматер 12+ години, живеам во САД од 2016.
Толку за сега и се читаме по форумов.
@admin Сајтов 10 пати ми ја рестартираше регистрацијата оти сум „згрешил“ која година сме хаха
Се' додека не пишав 2021 не ми дозволи да се регистрирам.
Ажурирајте го тоа за и други што сакаат да можат да се зачленат.
Поздрав
-
Добредојде и благодарам на забелешката. Ажурирана е годината. :icon_thumright:
Во делот за локација внеси локација... кај е тоа „таму“? Ако си во САД стави САД. :icon_thumright:
Аматер после 12 години? :icon_scratch:
Отвори нова тема ако не е проблем и претстави го аквариумот... :embarrass:
Ти посакувам пријатен престој и дружба со заедницата... :icon_thumright:

Добро ве најдов :icon_thumright:

Па така остана кога се мачев да откријам која година сме за да можам да се регистрирам. :laugh: :laugh: :laugh:
Аматер после 12 години? :icon_scratch:
Да, аматер после 12+ години. Немав чувано риби од 2000 и некоја до минатиов месец кога пак почнав.
Порано чував риби без да знам билошто за циклусот на воспоставување биолошка рамнотежа во аквариумот, а сепак ми одеше успешно.
Сепак два пати се откажав во тие 12+ години оти ги изгубив сите риби поради ich белите точки, немајќи соодветен лек или опција да нарачам. Затоа и не се сметам за професионалец зошто имам уште многу да учам.
Отвори нова тема ако не е проблем и претстави го аквариумот... :embarrass:
Ќе отворам деновиве.
Утре одам на MASI митинг во Сеинт Луис да се видам во живо со најпознатиот размножувач на аквариумски риби, меѓу кои и деликатните типови, Dean Tweedale (често е претставуван на YouTube каналот на Aquarium Co-Op). Ако сум во можност да направам селфи со него можеби ќе споделам слика во темата што ќе ја отворам.
Ти посакувам пријатен престој и дружба со заедницата... :icon_thumright:
Благодарам 55655
[измена:]поправив печатна грешка :D
-
Добро ве најдов :icon_thumright:
:icon_thumright:
Па така остана кога се мачев да откријам која година сме за да можам да се регистрирам. :laugh: :laugh: :laugh:
Автоматски не се менува тоа, се оди рачно па понекогаш се заборава. :D
Да, аматер после 12+ години. Немав чувано риби од 2000 и некоја до минатиов месец кога пак почнав.
Порано чував риби без да знам билошто за циклусот на воспоставување биолошка рамнотежа во аквариумот, а сепак ми одеше успешно.
Сепак два пати се откажав во тие 12+ години оти ги изгубив сите риби поради ich белите точки, немајќи соодветен лек или опција да нарачам. Затоа и не се сметам за професионалец зошто имам уште многу да учам.
И аматер и професионалец... сите поминуваат со алги и болести на рибите... никој не бил имун или поштеден... најважно е да се најде решение и да се поправат грешките. :icon_thumright:
Ќе отворам деновиве.
Утре одам на MASI митинг во Сеинт Луис да се видам во живо со најпознатиот размножувач на аквариумски риби, меѓу кои и деликатните типови, Dean Tweedale (често е претставуван на YouTube каналот на Aquarium Co-Op). Ако сум во можност да направам селфи со него можеби ќе споделам слика во темата што ќе ја отворам.
Убав помин и направи фотосесија. :icon_thumright:
-
56805