Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Здраво на сите. [Login or Register]Едно време ова парче мебел беше аквариум и ги воодушевуваше гостите кои ми го посетуваа домот, а мене ми даваше душевен мир и спокоен сон покрај жуборот на неговиот екстерен филтер сместен под капакот. Сега е глорифицирана витрина и скривалиште на алкохол. Вторава функција и не е така лоша варијанта. До вечерва мислев дека е 160l. Конечно ми текна да го прогуглам моделот (Atman HA-900). Испадна дека е 250l. Димензиите се 900x500x560mm и во капакот сем филтер со керамички прстени има и 2 неонки од по 36W, кои испуштаат нешто што наликува на дневна светлина. Време е повторно да го ставам во функција и за 6 месеци до година да направам аквариум кој што ќе биде преполн со насадено зеленило и ќе го врати живтот во оваа стерилна просторија. Од риби планирам да ставам само јатни риби, неонки и слични бидејќи сакам да го заштитам зеленилото. Во претходната верзија на аквариумов, рибите ми ја јадеа тревата... И еве го и првото прашање. Во моментов сум во некои лабави припреми. Се билдам со теорија и планирам да започнам набавки на потребните материјали. На интернет пронајдов семиња за водни треви (ехм... aliexpress), па ме интересира дали е паметно да се обиде човек така да го засади. Би ценел доколку ми пуштите некој линк од форумов или надворешен каде што се опишува теоријата околу овој тип на аквариуми, особено околу подготовката на подлогата за истите. Благодарам!
禪
Author
Topic: Мојата глорифицирана витрина (Read 3148 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
|