Веќе го имам овој филтер Resun CY 20 и планирам повторно да го активирам само имам еден мал проблем со сунгерот од филтер материјалите.
За оние кои што не го виделе, станува збор за едноставен мини-канистер, кој е наменет за помал волумен на аквариум и во кој има само две комори. Купен е од „Декспорт“ пред околу 6 год. и не знам дали може да се најде кај другите маркети.
Проблемот е со сунгерот и се прашувам дали ќе имам шанси некако да скројам од друг модел на филтер!? Остатокот со керамика, јаглен или биолошки кугли може да се користи по мерка ама сунгерот како би го скроил?
Размислував и за „вата“ ама со неа протокот драстично се намалува.
Еве како изгледа. Сликите се превземени од:
[Login or Register]