Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Конечно дојде време да го реализирам мојот аквариум. Секакви препораки се добредојдени. Аквариумот треба да биде околу 400литри со димензии: - должина 160cm; - ширина 50цм; - висина 50цм (до 60цм во зависност од горните појачувања, капакот и слично...); Изработка на аквариумот. - аквариумот најверојатно ќе го изработуваат Делфин, гледајќи ги нивните изработки гледам дека добро си ја познаваат работата. Дали имате препорака за други изработувачи? Стаклото најверојатно ќе биде 12мм, некое поквалитетно што не ја прекршува светлината, максимална провидност, поцврсто.... - е сега тоа што повеќе ме мачи, каква комбинација да се направи да барем предниот дел да биде отпорен од кршење - со оштри предмети. Аквариумот ќе биде во стан на 4-ти спрат и сигурноста ми е битна како од истекување на вода но повеќе за безбедност за деца. Ламинирано стакло ми кажаа дека со изгаснато светло се однесува како огледало. Ставање дополнително на предниот дел плексиглас, мислам деќа ќе се изгуби провидноста и бистрината. Една идеја мене што ми иде е ставање на дополнително сигурносно стакло, допрено или малку одделено од главното стакло - да добијам нешто како прозор со дупло стакло??? Постолје - метална конструкција, најверојатно исто така изработена од Делфин. А мајсторот што ми ја правеше кујната, ќе ја обложи металната конструкцијата со фарбан медијапан, а на горниот дел ќе биде 40мм кујнска плотна. Постолјето сакам да го направам што е можно пониско, бидејќи над аквариумот треба да биде телевизор прикачен на ѕид. Филтрација - Ги прашав нив [Login or Register] имаат патенирани биолошки филтри, дури немало потреба и водата да се менува. Цената за опремата е 135 евра. Како што кажуваат е бесшумна, дури даваат и 5 години гаранција на чистота на водата на нивните аквариуми. Им пишав за некои детали да ми кажат ама не ми одговорија, ќе треба да им се јавам и да ги распрашам повеќе, а треба и со Делфин да разговарам за ова. Осветлување и капак - најверојатно Делфин ќе се погрижи за ова. Би сакал да добијам што е можно подобро светло, кое добро ќе ги осветлува рибити и ќе ги потенцира нивните бои. Трева и друга декорација - централно во аквариумот би сакал да има песочен водопад со бел песок, белиот песок ќе продолжува кон предниот дел од аквариумот. Во задниот, лево, десно, и две островчиња лево и десно ќе бидат со комбинација на темен песок, камења, природна трева, дрва..... Наредни денови ќе прикачам шема како би сакал тоа да изгледа. Не планирам да користам CO2, така да тревата ќе биде некоја што не го бара тоа. Риби - првично сакав Малави циклиди, ама тие ќе го уништат песокот и тревите за 5 минути. Најверојатно ќе одам некој микс со џуџести циклиди (Ram cichild многу ми се свиѓаат) и некои тангањика или американси циклиди кои не јадат треви, не копаат и не се агресивни спрема помалите циклиди. Препораки за комбинации се добредојдени. Рибите добро треба да се однесуваат на тврдата скопска вода од чешма, 10-30% менувања, директно од чешма без никакви третмани на неа. Секој совет е добредојден. Фала.
禪
Author
Topic: Препораки за правење ~400л аквариум 160x50(60)x50 (Read 6401 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|