Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Здраво пријатели, Би сакал да отворам дискусија за тоа каква е општо акваристиката во Македонија, па еве неколку теми. Подточките се мои мислења што не мора да се точни . Би било убаво да видиме каде сме, што сме, и на кое ниво 1. Дали генерално мислите дека бројот на луѓе што се занимаваат со ова е во пораст, пад или горе долу исто како секогаш. Колку од луѓето што ги познавате имаат дома аквариуми?
- Од сите луѓе јас што ги познавам во МК и SWE, имам точно еден пријател со аквариум, и да не е тој, немам со кого да направам муабет за овие работи. -Јас го следам форумот речиси редовно, и приметувам дека последно време активноста некако се намалува. Имаме ретко претставување, малку дискусии и слично. А можда и не е така, не знам, таков впечаток имам. Се согласувам дека многу теми се покриени убаво, па можда членовиве наоѓаат решенија пред воопшто да отворат тема. Или едноставно целово хоби оди кон надолна линија и интересот опаѓа. Навистина не знам, и затоа сакав да слушнам мислења. Не знам дали админ има некоја аналитика и би сакал да сподели колку активни корисници има, колку посети и слично. - На [Login or Register] има гoдишен натревар за аквариуми, и во 2019 имало точно една прифатена апликација од Македонија. [Login or Register] . Дечкото се вика Bobi Mitrevski , и не знам дали е член на форумов. Ако е, нека се каже да го видиме аквариумот За претходните години не знам како било. 2. Дали е скапо денес чување аквариум во однос на други миленици?
- Пред 10 или 15 години, можеби да, но мислам дека денес можеш да најдеш се што ти треба, прилично лесно, и по прилично конкуренти цени. Барем онлине. - Не знам сега колку физички продавници постојат кај нас со релативно добар избор на опрема, риби и треви. - Да имаш друг миленик, на пример некое расно куче, претпоставувам дека трошоците во текот на една година не се мали. Тука зборам за храна, вакцини и не знам што се други трошоци има. Јас ко бев мал , чував уличарски кучиња, така да немав трошоци, и не сум стручен да споредувам . Еве ако некој има нека каже. - Факт е дека кај аквариумот на почеток ти требаат повеќе средства, ама после тоа трошоците се намалуваат ако добро ги поставиш работите. 3. Дали е помачно чување аквариум во однос на други домашни миленици.
- Ако ја исклучиме мачката што дреме по цел ден во некој ќош, и земеме други животни како домашно куче или папагал, и тие бараат многу нега и грижа. Имаш чистење, па да го шеташ кучето, па да го капеш и слично. Исто така ако одиш на подолго време, не можеш да ги оставиш сами. Секое си има своја тежина, но дали аквариумот е толку многу потежок од другиве, па затоа ги одвраќа луѓето да влезат во ова хоби. Можеби стравот , зошто зад ова стои цела наука во позадина, а кај другите миленици е сепак поедноставно 4. Дали аквариумот го сметате како хоби или го ставате во група со домашни миленици?
Поздрав
禪
Author
Topic: Акваристика во МК (2019) (Read 1328 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|