Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
После сосема оправданите забелешки од некои членови на форумов во врска со моето не-покажување на кутиите со вода што ми пареат по подруми и слични сомнителни локации, решив барем малку да се поправам. Мноооогу малку, верувајте. Колку малку, ќе видите веднаш после моето објаснување на некои работи. Во темата за алтиспинозите еднаш реков дека ќе отворам тема во која ќе објаснам зошто нема слики од моите аквариуми. Бидејќи би било глупо да отворам тема баш само за тоа, ќе искористам дел од оваа за да се обидам да се оправдам некако. Не дека јас не сакам да покажам... јас немам ништо вредно за покажување. Моментални имам 4 аквариуми во подрум, и 3... ај да ги наречам и нив аквариуми (со благонаклоност) дома. Од тие во подрум еден е зафатен со скалари триколори (матичниот пар и нивни потомци кои кај да е ќе почнат да се двојат во парови), уште еден со мали крибензиси, и сега еден со мнооогу мали (и за жал овојпат многу малку, под 100) скалари. Четвртиот е нешто што би требало да претставува „украсен“ аквариум, ама верувајте, ако кажам дека „ук“ има од „украсен“ - ќе претерам. Никако да ги доведам тревките во ред. Малку ќе ги опоравам - за некое време е бетер. Од како дојдов во Скопје, не видов убава тревка во аквариум. Менував песок, менував светло, течни ѓубрива, СО2 (DIY)... ми остануваат уште две опции: или да почнам да „муќкам“ DIY ѓубрива (Владо, ќе те гњавам за помош, ептен сум тапа за хемијава), или да си купам севозможни препарати... опција на која во моментов не сум спремен. Е, да, одреден напредок се покажа со глината, ама ми ја снема пустата, а Дане никако да донесе уште од Гостивар. (Данилооооу, слушааааш? ) И сега? Зарем после сите овие описи сакате да ја видите мојата патетика од аквариум? Не верувам. Наместо тоа, ќе ви го претставам мојот најнов „проект“: Спецификации: Димензии: 100 х 50 х 50... милиметри, се разбира. Флора: Taxaphyllum barbieri и Cladophora aegagrophila Фауна... неколку дафнии (Daphnia pulex). Единствените суштества кои ги исполнуваат сите три услови: 1. Да не им биде тесно 2. Да не треба микроскоп за да се видат 3. Да ми се при рака Параметри на водата... не се мерени. Ѓубриво: вода од поголемите аквариуми... не очекувате белки дека на оваа „литража“ би дозирал нешто правилно! СО2: Страв ми е да помислам! Осветлување: Чекам совети. Момнетално „се шлепа“ на осветлувањето на мојот „козариум“, а неколку часа дневно „се сонча“. Не знам дали да пробам со ЛЕД диоди, сакам некое светло кое ќе биде „димензионирано“ баш за него, не сноп кој ќе покрива уште десетпати толкава површина околу него. Најголем предизвик ми беше вклопувањето на „корењата“ и „камењата“ (добро де, коренчињата и камчињата... ) бидејќи сум забележал дека во повеќето аквариуми тоа тешко оди. Во природата е лесно, таму корењата растат околу камењата, но во аквариум е нешто покомплицирано. Како и да е, мислам дека во голема мера успеав. Секако, тоа е само мое мислење, дали сум во право ќе кажете вие. А кога веќе во „аквариумот“ се најдоа „корења“, „гранки“ и „камења“, ред беше да се додаде и нешто зеленко. Додавањето на ова последново не е тешко како преместувањето на камчиња со пинцета („ова добро лежи на дрвото, ама ај да пробам со ова“, „ај вака да го свртам“ и т. н.) ама сепак и тоа е донемајкаде бавна и пипава работа, посебно кога работите со овие димензии. Како и да е, aquascaping-от како категорија има некои свои правила кои понекогаш се многу строги (и ограничувачки на некој начин), како и некои повисоки критериуми од оние кон кои целев јас при изведбата на ова... нешто, така да споменатото „нешто“ не го сметам за класичен (nano)aquascape, туку едноставно за... мало аквариумче. Така е полесно, помалку маани ќе ми наоѓате. Еве уште некоја слика, за подобро да се „доловат“ димензиите: Еве го како прима дневна доза сонце... А овде е на "Stereo Lighting", светлото на гореспоменатиот „козариум“ плус нешто сонце преку прозорот. Да, да... спомнав „Козариум“... и тој ќе биде претставен наскоро, како и едно друго аквариумче кое е се уште далеку од финиш, но кое ќе го поставам баш како „проект“ - ќе го уредуваме заедно. Ако сакате, секако.
禪
Author
Topic: Мојот нов 100 х 50 х 50... (Read 5060 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|