Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Здраво до сите Дискусџии,
Јас со дискуси имам ептен мало искуство т.е. сум почетник со Дискуси. Во моментов имам само еден пар (вториот пристигува на Ѓурѓовден). Кога ги земав дискусите првиот ден како и секоја друга риба беа исплашени и збунети од новата средина. Веќе вториот ден се опуштија и почнаа да пливаат низ аквариумот. Едниот дискус е околу 8cm, а другиот околу 7cm. поголемиот во првата недела го тепаше помалиот кога ги ранев. Втората недела обратно, помалиот го тепаше големиот, малу чудно но се случи. Веќе од третата недела почнаа да пливаат еден до друг. Понекогаш ќе се закараа околу храната, но помалиот јадеше ќутек и попушташе. Потоа приметив дека и без храна освен што пливаат се закачаат како да се тепаат. Ме зачуди закачањето со опашка, не сум видел ваква реакција кај други риби, личи како да се тепаат со опашките ама и личи како да играат некаква игра. Сега веќе нема остри тепачки. Пливаат еден покрај друг постојано, дури и кога ги ранам. Играта со опашките продолжува. Ме интересира дали ова значи дека се во некаква љубовна игра или не?
禪
Author
Topic: Прашања за формирање на пар Дискуси (Read 2114 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|