One Night Stands Await: Meet Local Women in Your Town by URAN2
[December 04, 2024, 10:01:13 AM] UFO таканаречен аквариум :) by p [October 01, 2024, 05:53:49 AM] DOBRO UTRO by NO CARRIER [December 08, 2023, 11:53:36 PM] staklen pesok za akvariumi by p [September 05, 2023, 11:48:43 PM] |
The first post content
Во дивината повеќето риби живеат во поголеми пространства на вода отколку во во просечниот аквариум.
Ова не значи дека отпадот кој го прават и отровите кои се наоѓаат во водата се разредена за разлика од аквариумот. Но благодарение на плимата и осеката на водата, поплавите и сушите кои се дешаваат, голем дел од овој отпад се отстранува. Едно нешто треба да запаметиме, се што ставаме во нашиот аквариум останува тука во една или друга форма. Аквариумот е затворен систем, што значи, за разлика од природата ништо не го чисти нашиот аквариум. Некои од “стварите“ кои ги ставаме во нашиот аквариум се распаѓаат и се позитивни за нашиот аквариум, како на пример храната, но исто така таа прави и отпад во аквариумот. Тука стапува на сцена филтрацијата во нашиот аквариум која е е од суштнско значење, која го отстранува отпадот но не во целост но не и оние опасни материи кои се наоѓаат во водата. Потребно е време нашиот филтер да созрее до ниво каде може ефикасно да се справува со отпадните материи. Овој процес на созревање на филтерот се нарекува ЦИКЛИРАЊЕ НА АКВАРИУМОТ. Од есенцијално значење да, аквариумот и филтерот бидат циклирани пред да почнеме да го населуваме аквариумот. Во оваа статиja ќе дискутираме за принципите на циклирање на аквариумот и исто така ќе ги земеме во предвид двата начина кои може да се употребат на циклирање на аквариум. Азотен(нитро) циклус Повеќето новопечени акваристи мислат дека главната цел на филтерот е да ги собира изметот, остатоците од храна и скапаните растенија од аквариумот. Да ова е еден од улогите на филтерот но една од главните негови улоги е да го забрзаат и одржуваат азотниот процес. Рибите испуштаат амонијак во водата како отпаден продукт. Амонијакот е отровен за рибите, дури и во мали количини. На среќa тука постојат видови на бактерии(nitrosomonas) кои го претвораат амонијакот во нитрити. Е сега исто така и нитритите се штетни по здравјето на рибите, но за разлика од амонијакот многу помалку. Како и да е постои уште еден вид на бактерии(nitrobacter) кои ги претвораат нитритите во многу понештетните нитрати. Ова е во суштина азотниот циклус во аквариумот, претворање на амонијакот во нитрати. Овие бактерии се појавуваат природно онаму каде има храна за нив амонијак или нитрити, но треба некаде да живеат додека го извршуваат овој процес. Тоа е нашиот филтер. Овој процес е исто така познат како биолошка филтрација, и може да се насели на било која површина на нашиот аквариум која е порозна. Ова значи дека овие бактерии ќе се населат во подлогата, камењата, дрвата во аквариумот. Овие бактерии исто така бараат кислород за нивниот живот кој им го овозможуваме со проток на вода. Добивката од користење на филтер отколку само обезбедување на проток на водата, е таа што во филтерот се населуваат милион пати повеќе корисни бактерии отколку во подлогата или слично. Поготово ако користиме и материјали кои се идеални за населување со овој вид на бактерии. Високото ниво на амонијак и нитирити во аквариумот секогаш води до проблеми. Како и што споменавме претходно двете се отровни по здравјето на рибите, и нивното присуство во аквариумот ќе предизвика стрес кај рибите и ќе остават простор кај иситите за населување на болести. Додатно амонијакот може да ги “изгори“ рибите, под ова се подразбира кога рибите стануваат подлежни на различни бактерии, кои ја оштетуваат слузта и предизвикуваат тешкотии во дишењето. Нитритите предизвикуваат иритација и исто така го попречуваат начинот на кој се носи кислородот во телото на рибата. Како што споменавме крајната цел која сакаме да ја постигнеме во аквариумот е да добиеме нитрати кои се најмалку опасни по здравјето на рибите, но и нив не ги сакаме во нашиот аквариум. Остатокот од нитратите може да го изведеме на повеќе начини, но сепак најприменуван и најевтин е редовното менувње на вода. Еден познат акварист еднаш има кажано: “ решениео со загадувањето е разблажувањето“ и тука е случајот со нитратите. Колку поредовно менуваме вода толку почиста ќе биде истата. Регуларните промени на вода го овозможуваат ова. Исто така ефикасна борба против нитратите се растенијата. Колку позасаден аквариум толку помалку нитрати во водата, растенијата ги консумираат нитратите. Значи кога зборуваме за циклирање на аквариумот мислиме на созревање на филтерот (населување со корисни бактерии) пред да почнеме со наслеување на аквариумот. Циклирање на аквариум Има два начини на циклирање на аквариумот, како циклирање без риби и со риби. Како и да е двата начина предизвикуваат настанување на амонијак во аквариумот со што се предизвикува појавување на корисните бактерии. Кога се почнува со циклирање на аквариум треба редовно да се следат нивоата на амонијак, нитрити и нитрати во акварумот. Наједноставниот начин на циклирање на аквариумот без риби е кога користиме вода од веќе исциклиран аквариум. Нивото на амонијак во водата постепено ќе почне да расте се додека не го допре врвот околу 10-14 ден од стартувањето во зависност од температурата во аквариумот. Во овој момент треба да намалиме со додавањео на вода од аквариум. После ова околу седмиот ден ќе почне да се јавува и количество на нитрити во аквариумот, и ова количество ќе почне да расте. Околу една дедела покасно во аквариумот почнува да се одвива циклирањето. Со ова нивото на амонијак во водата треба да падне на ниво 0, а после тоа и нивото на нитритите треба да го достигне минимумот.Ова се случува за околу еден месец од стартувањето на аквариумот. Зголемувањето на нитратите ќе почне кога ќе почне намалувањето на нитритите. Кога амонијакот и нитритите ќе го достигнат минимумот, и ќе се појави поголемо количество на нитрати тогаш можеме да почнеме со редовно менување на вода, со цел намалување на нитратите, и почнуваме со населување на истиот со риби. Исто така овој циклус наместо со дотурање на вода од стар аквариум можеме да го изведеме и со додавање на храна за риби во аквариумот. Овој циклус почнува тогаш кога ќе почне да се распаѓа храната во аквариумот. Со распаѓањето на храната во аквариумот се појавува одредено количество на амонијак и почнува процесот на циклирање. Некои акваристи го праткикуваат овој вид на цилирање бидејќи им е потешко да набават вода од циклиран аквариум. Овој вид на циклирање нема ногу разлика со погоре напишаниот. Циклусот се покренува со дотурање на храна во аквариумот. Значи процесот е ист, со дотурањето храна се зголемува нивото на амонијак во аквариумот, почнуваат да се населуваат првите корисни бактерии, со ова се зголемува нивото на нитрити, после ова се населуваат вторите корисни бактерии и се добива одредено количество на нитрати. Кога ќе го добиеме ова почнуваме со редовна промена на водата. Единствен недостаток на овој начин, е тоа што доколку го кориситме овој начин на циклирање распаѓањето на храната може да предизвика непријатни мириси во аквариумот. Кога почнуваме да го циклираме аквариумот со риби, се појавуваат истите принципи како и погоре споменатите. Со ставање на риби во аквариумот, истите почнуваат да испуштаат одредено количество на амонијак, и со тоа почнува процесот на циклирање. Значи пак се појавуваат корисни бактерии кои предизвикуваат појавување на другите корисни бактерии, и со тоа се отпочнува циклирањето на аквариумот. Главен недостаток на овој вид на циклирање е тоа што ги изложуваме рибите на високи нивоа ана амонијак и нитрити. Како што споменавме истите се штетни за рибите и за нивното здравје. Па поради ова мислиме дека не би било фер, ова да им го правиме на рибите во циклирањето на аквариумот. Доколку се одлучиме за овој вид на циклирање тогаш би требало да одбереме поотпорни риби, кои би ги издржале тие услови во аквариумот. Има бројни продукти кои се достапни за нас и кои тврдат дека се способни дека ќе го забрзаат циклирањето во аквариумот, но има сомнеж во истите колу ефикасни се. Можеме да го забрзаме циклирањето на аквариумот со додавање на медиум од веќе исциклиран аквариум, како на приме со додавање на сунѓер од некој филтер или пак додавање на керамички прстени од веќе исциклиран аквариум. Бактериите од веќе населените медиуми ќе се преселат на новиот медиум многу бргу, така да во рок од 24 часа нивниот број ќе се дуплира. Користењето на овој метод може да го отпочне циклирањето за неколку дена за разлика од неколку недели кај нормалното циклирање на аквариум. Јас сум за користење на поспорите методи на циклирање. Бидејќи побрзите методи можат да направат и спротивен ефект во аквариумот со тоа што во недостаток на амонијак и нитрити можеме да ги изгубиме колониите на корисните бактерии. Као и да е треба да се придржуваме на споменатите процеси на циклирање на аквариум со цел да се обезбеди долгорочен успех на нашите аквариуми.. Author Topic: Принципи и циклирање на аквариум (Read 4512 times)0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|
Page created in 0.205 seconds with 48 queries.