Ова тема рековме дека ке ја отвориме уште пред некој месец, ама дури сега и дојде денот.
Некогаш ке одиме во некој друг град низ Македонија и убаво би било да знаеме каде има продавници за акваристика. Секогаш може да се најде нешто што би ни потребало ( не мора риби или тревки ).
Пред некој месец разговорот беше за продавница за Акваристика во Охрид. Навистина не знаеме каде да побараме. А во Охрид одиме сите скоро секое лето. Вака барем ке знаеме во кој град и каде има продавници за Акваристика. Така да кој и да било да посети некој град во Македонија ке можи да посети и продавница за Акваристика.