Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Французите годишно одмараат 37 дена, а Јапонците само девет Јапонците се навистина највредна нација. Според спроведеното истражување тие само девет дена годишно отсуствуваат од работа за разлика од на пример, Французите кои просечно 34,5 дена годишно отсуствуваат од работните места. Иако на Јапонците со Закон им е загарантиран минимален одмор од 16,5 дена годишно, тие просечно искористуваат половина од тие денови. Французите пак во текот на годината имаат 37,5 слободни денови и навистина знаат да ги искористат во целост. Во САД работниците во просек имаат 17 слободни дена годишно од кои главно искористуваат 14, а Новозеланѓаните имаат 19,5 слободни денови, а просечно искористуваат 17, покажа неодамнешното истражување кое го спроведе онлајн туристичката компанија „Еxpedia“. Исто така, Австралијанците од 20 слободни денови искористуваат 16,5, додека Данците, Германците и Норвежаните главно ги искористуваат сите слободни денови, односно 29, 25 и 28 слободни денови годишно. Канаѓаните користат 90 отсто од 20 дена одмор. Швеѓаните 89 отсто од 27,5 слободни денови, а Британците 91 процент од 28 неработни денови годишно. Италијанците искористуваат 82 проценти од 32,5 слободни денови, а Шпанците 89 отсто од 32 денови предвидени за одмор. Во истражувањето учествувале 9.000 возрасни лица од 13 земји во светот, пренесува „Дејли Телеграф“. A za nas ni zbor.... pa valjda sme prvi vo ova (mislam broj na denovi)
禪
Author
Topic: NAjvredni (Read 2978 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|