collapse

* Prebaruvanje


* Posledni Postovi

One Night Stands Await: Meet Local Women in Your Town by URAN2
[December 04, 2024, 10:01:13 AM]


UFO таканаречен аквариум :) by p
[October 01, 2024, 05:53:49 AM]


DOBRO UTRO by NO CARRIER
[December 08, 2023, 11:53:36 PM]


staklen pesok za akvariumi by p
[September 05, 2023, 11:48:43 PM]

The first post content
Prv pat se srekjavam so ovoj metod na argentinecot Christian Demian Rubilar Panasiuk,ama ima mnogu logika vo nego.Pristapot e hrabar,revolucioneren i vredi da se proba,pa ako ima efekt na podolgi stazi mozebi ke stane i nekakov standard.Vo sekoj slucaj covekov posle mnogu citanje i primenuvanje na postarite metodi(kade gi potvrduva nivnite mani) posle mnogu eksperimentiranja na svoja raka predlaga nov metod za kontrola na alga,a bogami bi rekol i na kvalitetno gjubrenje.Vi predlagam da go procitate i koj prv ke go primeni ,neka pise.

[Login or Register]

Link

Author Topic: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga  (Read 3374 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

vsutarov

  • Guest
MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« on: September 05, 2010, 05:00:50 AM »
Prv pat se srekjavam so ovoj metod na argentinecot Christian Demian Rubilar Panasiuk,ama ima mnogu logika vo nego.Pristapot e hrabar,revolucioneren i vredi da se proba,pa ako ima efekt na podolgi stazi mozebi ke stane i nekakov standard.Vo sekoj slucaj covekov posle mnogu citanje i primenuvanje na postarite metodi(kade gi potvrduva nivnite mani) posle mnogu eksperimentiranja na svoja raka predlaga nov metod za kontrola na alga,a bogami bi rekol i na kvalitetno gjubrenje.Vi predlagam da go procitate i koj prv ke go primeni ,neka pise.

[Login or Register]

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 50
  • Posts: 11195
  • Activity:
    0%
  • Karma: 377
Re: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« Reply #1 on: September 05, 2010, 07:15:14 AM »
 Aj za mrzlivite prevod na kratko i  560855 vo avans.

vsutarov

  • Guest
Re: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« Reply #2 on: September 05, 2010, 07:35:57 AM »
Ufff, ima mnogu,a vreme malku.Ako mozam na strana ke go preveduvam,ispustajki go cel voved koj e isto taka interesen i potreben.Ke gledam samo protokolite na gjubrivata da gi prevedam.Generalno se raboti za delumno primena na postarite metodi,so voveduvanje na metodi za kontrola na algata preku poedinecno gjubrenje na odredeno gjubrivo i zapisuvanje vo koj moment/den ke se pojavi odredena alga,se razbira zapazuvajki gi dozite.Metodot e dosta slozen i treba vnimatelno da se primenuva.

Offline Uran

  • BigUran - Osnivac
  • SeaWolf
  • *******
  • Join Date: May 2008
  • Posts: 12154
  • Activity:
    0%
  • Karma: 469
Re: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« Reply #3 on: September 05, 2010, 07:58:59 AM »
tekstot e odlicen no za "spustanje" vo forumot ke mora da dobieme dozvola od avtorot, sto do sega ne bilo problem, ili prasajte ili da prasam

Offline Uran

  • BigUran - Osnivac
  • SeaWolf
  • *******
  • Join Date: May 2008
  • Posts: 12154
  • Activity:
    0%
  • Karma: 469
Re: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« Reply #4 on: September 05, 2010, 08:15:28 AM »
mu isprativ mail na Kristijan, sega cekame odgovor

vsutarov

  • Guest
Re: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« Reply #5 on: September 05, 2010, 08:47:18 AM »
Bi trebalo da nema problem pri prepis na tekstot,bidejki toj vekje javno go iznel,kade e dostapen do sekogo bez nekoja zastita.

Offline Uran

  • BigUran - Osnivac
  • SeaWolf
  • *******
  • Join Date: May 2008
  • Posts: 12154
  • Activity:
    0%
  • Karma: 469
Re: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« Reply #6 on: September 05, 2010, 08:49:21 AM »
DA, dostapen za sekogo, TAMU!

Offline Uran

  • BigUran - Osnivac
  • SeaWolf
  • *******
  • Join Date: May 2008
  • Posts: 12154
  • Activity:
    0%
  • Karma: 469
Re: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« Reply #7 on: September 05, 2010, 09:58:47 AM »
Quote:
Originally Posted by biguran
Christia hello

i loved your MCI thread, its awsome and god bless you for it.

I am from macedonia and own an aquatics forum [Login or Register]

I was wondering if i can get your permision to translate your article and post it in my forum, of course all the credits go to you as the author. There might be a chance your article to be published in the magazine that we are preparing

w/respect
Uran


Be my guest. Please send me the link when you publish it, and a copy of the magazine. Regards, Chris



eve Viktore, fati se za rabota  ghgf

vsutarov

  • Guest
Re: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« Reply #8 on: September 06, 2010, 02:13:34 AM »
Eve go od mene za sega prviot del od tekstot,epten da ne me karate:
Вовед во ѓубрењето и КОНТРОЛА на алги

Методот на контролирани нерамнотежи

Од Christian Rubilar

Има многу блиски односи помеѓу додавањето на ѓубрива,нивното конзумирање и алгите. Целта на овој труд е да се објасни како овој однос функционира на дело..Oва е комплексна тема со многу нови идеи, ќе се обидам да бидам колку што е можно појасен.

Идеите беа откриени за време на мојата работа како аквариум-градинар и беше потврдена со позитивни повратни информации за време на последните 5 години во најважниот шпански говорен форумот, така што ова не е шпекулација. MCI се прочита над 100,000 пати откако беше објавен и алгите не се проблем повеќе за нас.

Верувам дека една од главните работи за алгата е конфузијата. Ако читаме за нив во книгите, можеме да пронајдеме дека многу познати автори тврдат дека некои од нив цутат поради вишокот на No3 или Po4. Кога  го читам ова Јас разбирам дека овие личност немаат идеја зошто алгите цутат.

Најпопуларните методи за ѓубрење не посветуваат доволно внимание на алгите. Некои од нив се фокусираат на CO2, други тврдат дека кога ќе се постигне баланс, ќе се реши проблемот. Тоа едноставно не се случило!

Од друга страна, EI тврди дека алгата цути поради недостаток на CO2, светло или ѓубрење. Идејата е добро ориентирана, но нецелосна.

Правилното CO2 и светлина се премногу основни, па сакам да работам со нив, како предуслови.

За недостатокот на хранливи материи,  EI  тврди дека алгата цути, поради недостаток на хранливи материи и предлага да  додавате  макро/микро елементи да се реши овој проблем. Јас не се согласувам со овој пристап. Во наредните страници ќе објаснам зошто.

I. ВОВЕД
А. Позадина

Пред неколку години работев со компанија на развивање на аквариумско вештачко ѓубриво. Кога имавме подготвен прототип , јас подготвив 5 екстра високо осветлени/Co2 засадени тaнкови само за да се обидам со различни комбинации на предозирање на овој производ.Го комбинирав со Po4, Kno3, Фе, итн пратејќи ја алгата.

Открив дека постои врска помеѓу одредени нерамнотежи и некои алги. Од друга страна, кога го пробав EI методот и други методи,  тие едноставно не функционираа.

Исто така, потврдив дека кога само ќе додадете KNo3,Po4 достигне нула и GSA алгата цути. Дознав дека под оваа состојба на водата, други алги умираат. Го нареков генерички Kno3 протокол, кој е главната алатка што ќе се користи  со MCI.

Б. Што точно е MCI?

MCI е роден како метод на контрола на алги.
Открив дека кога CO2 и светлината се доволно високи и имаш проблем со алги, ова е поврзано со нерамнотежата меѓу хранливи материи и нивното конзумирање.

Има многу блиски односи помеѓу нив и лесно е да се реши било каква алга кога ќе се разбере како тие работат. Го користам концептот на нерамнотежа, бидејќи зборувајки  за вишок или недостаток е некомплетно. Кога ги користите термините вишок или недостаток, станува збор за макро / микро хранливи материи без никаква врска со ништо повеќе.

Старата школа тврди дека алгата цути поради вишок на хранливи материи, Po4 главно. EI тврди дека недостатокот на хранливи материи е причина за алги.Ништо не е целосно погрешно. Некогаш е недостаток, некогаш е вишок, зависи.

Ова не е важно за подготовка на макро/микро комбинацијата, вистински важно е конзумирањето од страна на растението и она што останало во вода.

Пристап на употреба на ѓубрење во MCI,користи алги за да го дознаете  конзумирањето и предлага да се развие сопствено ѓубрење за секој аквариум.

Невозможно е да се стандардизира режим на ѓубрење. Светлина и CO2 се премногу преценети, главната променлива е комбинацијата на растенија. Постојат некои растенија со приоритет на Po4, No3, Fe, Ca, и слично, но повеќето од нив немаат посебни потреби.

На пример, glossostigma elatinoides има приоритет на No3. Тоа значи дека ако не  додадете доволно Kno3, најверојатно ќе имате проблеми со cianobacteria. Доколку имате некоја ливада на marsilea crenata и не додадете доволно Po4 ќе имате проблеми со GSA алга. Anubias и microsorums се Po4 приоритетни истотака.

Идејата зад MCI е дека ако имаме доволно CO2 и светлина ,можеме да ги користиме растенијата како аквариумски филтер и можеме да предизвикаме хемиски промени што ни помагаат да имаме аквариум ослободен од алги и во исто време можеме да имаме соодветна / високо растечка стапка. Во некои случаи, на пример, во еден аквариум со дискуси, треба да се изберат Po4 приоритетни растенија како marsilea crenata со цел да се достигне долгорочна рамнотежа.

MCI започнува да работи со Kno3, ниско Fe (0.1 ppm) и нема Po4 / калиум сулфат додавање. Но, ова е само почеток, алгите ќе ти кажат ако треба да додадете Po4 и колку. Јас ќе го објаснам ова правилно, подоцна.

Ако доаѓаат од PPS или EI, пред да започнете со користење на MCI треба да се намали количината на Po4 и Fe во водата, инаку, на Kno3 генеричкиот протокол ќе му треба неколку недели да дојде до нула-Po4 и растенијата ќе страдаат многу за недостаток на микро / Fe, итн


В. Методологија

Методот што јас го предлагам работи само под одредени светло/вода/растенија/Co2 услови. Поради оваа причина јас ќе го објаснам правилно.

Дури и кога барате инфо за алги можете да најдете многу  можни причини за појава на секоја од нив (вишокот на движење на вода, вишокот на светлината, итн), јас ќе се фокусирам на клучната променлива. Онаа која ја променивте и проблемот е решен.
Некогаш проблемот е хемијата на чешмовачата. Поради оваа причина јас ќе се посветам на едно поглавје за да се објаснат најчестите прашања.

Многу е важно да не се мешаат методи и ако заборавите се што знаете до сега,тоа е подобро. Дознав дека некои  знаења што ги имаме се нецелосни, погрешни или  неправилно толкување на фактите или експериментите или документите.

Верувам дека недоразбирање за алгата е поврзано со употреба по аналогија со познавањето на хидрофонично и терестријално одгледување на растенијата. Алгата не постои надвор од вода, така што дури и не мора да се размислува за нив. Растенијата се мошне флексибилни при конзумриањето.Не е важно кој метод  на прихрана ќе изберете, тие ќе бидат повеќе или помалку OK. Сепак, алги може да се појават и погрешните теории се обично криви за тоа.

На пример, секој чита за CA: Mg 04:01 однос. Ова е сооднос од терестриални студии. Под водата овој однос произведува неколку проблеми поврзани со алги. Односот кој работи подобро е токму спротивното 1:4.

K е исто така проблем. К е потребно, без сомнение, но повеќе од него не е подобро под вода. Ако додадете премногу К, на No3 може да достигне нула и ќе бидете во неволја.

Мојата основна идеја е да се откријат подводните правила, обично тие се различни, па така, сите "научни сознанија" од над водата стануваат бесполезни, проблематични или се отворени за дебата. Но, таму нема ништо што можеме да потврдиме дека тоа е научен факт безсомнение. Ги имам тестирано правилата што ги знаете од други методи, некои ги потврдив од нив, демантирав многу од нив. Понекогаш, со истите факти,поставив поинакво толкување што работи подобро. Но, никогаш не сум се обидел  да форсирам факти кога не функционираат. Тие факти треба да се напуштат.


II. Метод на контролирани нерамнотежи

Кога постои рамнотежа во аквариумот, растенијата растат правилно и немате алги. Може да се постигне ова со било кој метод на ѓубрење.

За жал ние се справуваме со динамична рамнотежа која вклучува многу фактори повеќе несигурни одколку сигурни. Во оваа смисла, мислам дека најдобар начин да се разбере нашата ситуација е со аналогија: еден слепец кој се движи до тротоарот со својот стап. Ако ова е негов прв пат одење надолу по патот, постојат неколку работи од кои тој може да ги каже за сигурно.  Слепиот човек знае дека улицата се наоѓа на неговата десна страна и ѕидот се наоѓа на левата. Но, факт е дека тој нема идеја за тоа колку високо е зградата и тоа не прави никаква смисла, дури и да се обидува да го дознае.За практични цели, тоа лице може да оди на слепо со својот стап додека тој не наиде на ѕидот на левата страна и од таму може да почне со одење и стаса до својата цел без да се загуби, бидејќи иако тој нема способност да гледа, тој може да го користи ѕидот како водич.

Во аквариумот имаме цела серија на динамички варијабли кои не ги знаеме, но, како слепиот, ние може да избереме помеѓу ѕидот и улицата. По мое мислење, ,ѕидот, сигурноста, се всушност GSA алгата.

Така, нашата цел употребувајки го "Метод на Контролирани нерамнотежи" нема да биде појава на GSA но, наместо тоа, да генерираме динамична рамнотежа во која може да се предвиди каква ќе биде можната нерамнотежа..Идеата е да се генерира хемија на водата блиску до појавата на GSA алгата.,бидејки корекцијата е како едноставна така и безбедна за задравјето и естетиката на нашиот аквариум.
Иако оваа идеа звучи чудно за вас,факт е дека сите методи за ѓубрење имаат тенденција за појава на одредена хемија на водата,но на тоа не внимаваат. EI, например има тенденција на појава на GDA-green dust algae(neramnoteжа поврзана со несоодветен однос на Ca:Mg плус премногу Po4).
Како и да е,ако било каква неочекувана нерамнотежа се случи,дали се појавува некоја друга алга?Постојат можни одговори.Брзото вракјање на рамнотежата како итна цел не помага.Додавањето на повеќе ѓубрива исто или некогаш.
Следејки ја аналогијата на слепиот човек,би требало да ја побараме GSA алгата,бидејки кога ке се појави знамеме дека  сме на истиот пат барајки го зидот со стапот. А, GSA лесно се одстранува со додавање на мали дози Po4 (Po4 protocol).
Предностите на овој методолошки пристап се разнолики. Прво, како слепото барање на ѕидот, бројот на променливи во игра се бескрајни, но оние на кои работиме се доста ограничени,што  ни овозможува лесно да делуваме со нив.

III. ПРЕРЕКВИЗИТИ
« Last Edit: September 06, 2010, 02:14:41 AM by vsutarov »

vsutarov

  • Guest
Re: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« Reply #9 on: September 06, 2010, 07:41:33 AM »
 III. ПРЕРЕКВИЗИТИ

MCI ги користи растенијата како катализатор за речиси секоја нерамнотежа, која се јавува во аквариумот. Затоа што има толку многу променливи кои се вклучени, кои се движат од квалитетот на водата, комбинацијата на растенија, риби, светлина, меѓу другите, ќе се обидам да се стандардизираат некои основни барања, без кој станува тешко да се одржи здрав аквариум.

Во таа смисла, овој метод предлага светло на најмалку 1 ват за литар, CO 2 меѓу 25-35 ppm и доволно брзо растечки растенија (само со Echinodorus овој систем не функционира).


1.   Осветлување. Основи

Кога предлагам да се користи  литар / вати правило колку е неточно толку  и точно. Има многу други начини за да се пресмета осветлување, lummens, pars, итн Верувам дека "точноста" за светлината е само заблуда. Има премногу варијабли во игра и  станува премногу тешко да се разбере.

За оваа причина, јас предлагам литар / вати правила со некои корекции барајки поголема точност и јасност.

На крај ,се вели дека растенијата бараат најмалку 0.5 вати / лит. и всушност ова треба да се чита како минимум за да преживеат и растат растенија со мали  побарувања. Сепак, нашата цел е малку повеќе амбициозна затоа што сакам да се поттикне на метаболизам кој работи во 100% стапка, која е и причината зошто ние препорачуваме 1 w / l како минимум. Сепак, повратни информации од изминатите две години се појавувалe дека многу луѓе имаат успешно се користи овој систем со помалку осветлени аквариуми (до 0,3 вати / g). Како и да е, ние препорачуваме да се подобри осветлување.

Како што реков, ова правило има некои едноставни корекции:
1) На вати / l правило работи само во аквариуми до 18 инчи висина. За да го подесиме висината на аквариумот, измерете ја висината на аквариумското стакло (сурова височина), а не јасна височина (висина на водата). TLD имаат малку пенетрација во водата, ако не го користете овој корективен можеме да ја направиме грешката верувајќи да имаме соодветна светлина со длабок аквариум.Во случаите на длабоки аквариуми  Ви препорачуваме употреба на HQI.

2) Во предниот дел на аквариумот треба да користите PLLS со цел да се обезбеди правилно светло на дното за одгледување на glossostigma elatinoides, Echinodorus tenellus, итн.Предноста на PLL е дека имате два пати или три пати повеќе светлина во истиот простор .

3) Третата корекција е за квалитетот на светлината. Ние обично препорачуваме да се користи, од назад кон напред, grolux, 842, 954. На ливадните растенија (glosso, HC, итн) се бара квантитет наместо квалитет на светлината. Поради оваа причина можете да го користите 865 наместо 954 или HQI.


2. Квалитетот на водата

Првично, MCI го немаше ова поглавје, но од повратните информации кои пристигнуваа се создаде потреба од оваа тема. Никогаш не го потценував нејзиното значење, но бев свесен на огромна разновидност на хемискиот состав секаде низ светот, а  преферирав да не се генерализира.Повратните информации ми дозволија да идентификувам специфични проблематични случаи кои ќе ги опишам накратко во ова поглавје.

a. Еден од најчестите прашања,поврзани се со пренаселеност. Вишокот на риби, ракчиња или melanoidi може да произведе доволно амонијак за појава на GSA(green string algae) . Во овој случај, тестовите може да бидат лажно негативни, тие не се сигурни, бидејќи тие се само за читање на амонијак кој алгите не го искористиле.

Да се намали населението е од суштинско значење. Понекогаш, зголемување на биолошката филтрација помага во долг рок.

Употребата на zeolite е најдобрата опција. Најчесто ова е комерцијализиран, како одстранувач на амонијак за додавање во филтер. Постојат и други производи кои го произведуваат истиот ефект.

б. Од повратни информации и моето искуство, кога бев во Анаполис, дознав дека обично амонијак доаѓа со вода од чешма. Тестирање на вода од чешма пред секоја промена на вода е добра идеја кога аквариум е се уште "млад" и без доволно растенија.

в. Има некои места каде што чешмовачата е тврда и со природна неурамнотеженост, поврзано со CaCO3. Барселона е еден ваков случај, Бруклин друг. Во овој случај ние ќе се справиме со два проблема. Високи kH пречки при CO2 растворање. И премногу Ca произведува плодна средина за специфични црвени алги (види поглавје за алгата).

Очигледно решение е да се користи 50% од RO или дестилирана вода/50% вода од чешма со промени на вода.

г. Кога загадувањето е во прашање  тоа нема да се подобри. Многу области на Мексико, Бразил и Буенос Аирес државата (Аргентина) имаат проблеми со нивоата на No3 над 45ppm во вода од чешма. А добар квалитет на водата не треба да имаат повеќе од 10 ppm.
Ако вашата вода го има овој проблем има неколку различни опции.

Најочигледно е да се користи RО вода.

А втората опција е да се користи дожд и да се меша со вода од чешма.

Трета опција, ако имате доволно простор, е да имате воден резервоар со потопен potus.

Основа на MCI е употребата на Kno3. Во овие случаи не можеме да го сториме тоа.
Калиум сулфат е опција. Калиум карбонат или бикарбонат
Но, ние треба да заборавиме на вообичаените препораки за тоа колку да додадете.
Ако користењето на само Kno3 е толку стабилна, тогаш  треба да го користиме ова прагматично правило. На NPK сооднос во Kno3 е 1/0/0, 5 Значи, ако имаме 40 ppm на No3, ние треба да додадеме половина од оваа количина на K, тоа значи 20 ppm.

д.  Вода од чешма може да содржи и вишок на Po4. Ова се случува кога се филтерира водата и се додаваат полифосфати за заштита на филтрите. Ова се случува кога водата доаѓа од морето или кога природно содржи некој вид на отров во ниски нивоа како арсен. Ова е случај на вода од чешма во Њујорк. Таа содржи 3 ppm на Po4.

Најдобро е да се користи RO вода.

Дури и со оваа вода е комплицирано.Ако изберете растенија правилно можете лесно да добиете стабилен аквариум. Доколку имате некоја ливада на marsilea crenata и вода од чешма со 3 ppm на Po4, тогаш веројатно ќе има доволно Po4 да ги хранат. Ако имате нешто GSA сепак, тогаш треба да додадете малку  екстра Po4, ќе го објаснам правилно во поглавјето за ѓубрење. Имав аквариум со една ливада на marsilea crenata и тие искористуваа 4-5 ppm на Po4 неделно.
Anubias, microsorums и cryptos се добар избор исто така.

ѓ. Понекогаш сo водата е навистина комплициранo. Можете да иматe нерамнотежа поврзанa со Ca и Po4 во исто време. Во NYC е така. GDA ќе биде проблем и Ei теоријаta тука воопшто не помага. Ќе ви објаснам во поглавието за контрола на алгата, како да се справите со ова прашање.

е. Понекогаш вода од чешма има премногу сулфур. Во овој случај, ако додадете калиум сулфат ќе имате проблеми со некои специфични алги. Користење на 50% од RO вода и само Kno3 наместо калиум сулфат го решава ова прашање.

ж. Читам во Њујорк тајмс пред некое време околу  водата, дека  чешмовачата во државите на USA може да содржи повеќе од 60,000 различни хемисki загадувањa и законот само се грижи за најочигледните прашања како на вишокот на No3. Така, RO филтер е добра инвестиција, и не само за вашите риби и растенија.

3. СО2

Нема потреба да се објаснува колку е важно CO2, така што ќе се занимавам само со проблематичните теми.

Постојат листи за утврдување на  нивото на CO2 во водата што ја користат pH и KH вредноста. PPS го препорачува тоа. Тоа е грешка. Точноста е толку ниска што pH / KH листите се бескорисни, всушност, тие се пречка. Во моето лично искуство, овие графикони се корисни само за да им помогне на почетниците за да разберат дека нема доволно CO2.

Всушност, главниот проблем со овој вид на листи е дека може ќе помислите дека имате доволно CO2,а немате.

Drop checker-от го има истиот проблем.

Електронските уреди не се магија, ако ги калибрираме неправилно  CO2 ќе бидат ниско и покрај тоа. Уреди како на Милвоки користи Ph да престанат со CO2 инекција. Најкомотен  начин за калибрирање е користење на Ph / KH шема и ова е грешка.

Јас користев лабораториски квалитет (без стандардни аквариум брендови) CO2 тест и го споредив со графиконите и однесувањето на ракчиња. Според листите мојот аквариум имаше 90 ppm на CO2, но рибите и раковите беа совршени. Но, CO2 тестот отчитуваше 25 ppm.

Верувам дека најдобра опција е да се користат ракчињата како bioindicator. Јас предлагам ракчиња затоа што тие се повеќе чувствителни отколку рибите. Во реалност на 40 ppm на CO2 тие почнуваат да се однесуваат чудно: се обидуваат да избегаат. Значи, постапката што ја предлагам е да потрошите едно утро гледајќи што се случува со аквариумот и на секои 30 минути да се зголеми малку  CO2 додека ракчињата не  се вознемират. Тогаш ние ја вклучуваме воздушната пумпа или друго за оксигенизација на водата и го калибрираме  CO2 со 30 минути претходната доза. Ова е вистинската граница на CO2 што вашите растенија може да ја примат без да се ризикува рибата и ракот.

Доколку имате аквариум со ракчиња, тогаш претпоставувам дека кога ќе ја достигнете границата, калибрирајте го интензитетот на CO2 со 90 минути претходната доза и компензирајте го овој опсег со Excell.

На пример, можете да додадете 1 меур по секунда, по 30 минути ќе зголемите до 2 меури во секунда и така натаму. Кога ќе додадете 4 меури во секунда ракчињата се однесуваат чудно. Потоа можете ја оксигенизирате водата и калибрирате  CO2 со 3 меури во секунда.
Ако користите milwakee, можете калибрирањето на pH да биде малку повисоко.

Сепак, постои лажен позитивен резултат. Ако имате дискус аквариум и дискусите имаат паразити во нивните шкрги тие ќе дишат на површина, дури и со ниско ниво на СО2. Штетата што паразитите ја прават е постојана, но вие можете да го стопирате проширувањето.

Некои совети од повратни информации:
- Дистрибуцијата на CO2 е толку важно како и неговото разложување во вода.
- Кристалниот CO2 дифузор бара малку моќна моторна главата за  дистрибуција на микро меурчињата.
- CO2 треба да помине од кај перката на моторната глава.
- Кристалниот CO2 дифузор обично подобро функционира во мали аквариуми.
- Ако нано е премногу мал за најмалата глава, можете да подесите со цел  намалување на протокот на вода на овој начин:

 



[Login or Register]

In medium and big tanks we should use a sistem like this one connected to a strong 500 gallon/h power head:


[Login or Register]
« Last Edit: September 12, 2010, 12:07:58 PM by Admin »

vsutarov

  • Guest
Re: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« Reply #10 on: September 07, 2010, 12:33:47 PM »
Eve go sledniot del:

4.  ПРОМЕНА НА ВОДАТА

Промена на 50% вода неделно многу помага во спречувањето на алгите.


IV. Пристапот на ѓубрење според MCI

MCI претставува метод на ѓубрење и контрола на алги . Макар што е роден како контрола на алги метод, наскоро и неговиот потенцијал за ѓубрење беше очигледен. Други методи на  ѓубрење само се преправаат дека алгите не постојат, а и не преземаат никаква одговорност за нив. Верувам дека алгите и ѓубрењето се две лица од иста монета. Алгата ни дава повратна информација за тоа како ние постапуваме. Ако нешто не е во ред тие почнуваат да цветаат. Не е важно кој метод го користите, штом имате некои искуства ,развивате свој метод дури и ако за тоа не сте ни свесни. Но понекогаш постојат повторливи прашања што не можете да ги решите, ова се повратни информации што треба да ги слушнете. Понекогаш вие сте проблемот, понекогаш проблемот е во тоа што користите лоша теорија. Мислам, за лошите теории, како едни идеи кои не функционираат и поради тоа треба да се напуштат наместо измислување псевдо научни објаснувања, кога тие  сè уште не функционираат. GDA е најдобар пример. Дури и постои многу убаво објаснување за циклусот на животот на оваа алга, предложеното решение (чекање) е ... како да го кажеш? ...  признавање дека авторот нема идеја за тоа како да се справи со неа. Но, ова не е соодветно поглавие за да се објасни ова, ајде да се соочиме со ѓубрењето.

1. Основи

За микро елементите и Fe, ако додадете 3 пати повеќе од она што растенијата го користат ќе имате проблеми со црвени алги , претпоставувајки дека Вашиот аквариум потполно ги задоволува предусловите што ги опишав порано.

За калциум хлоридот, дури и мала доза може да ги изгори лисјата на microsorum-от. Поради оваа причина јас не препорачувам да го користите.

Основата на MCI е прихрана со Kno3, не само Kno3, туку ова е само почетокот. Дозата што ја  препорачувам како почеток за почетници е 1 грам секои 200литри галони неделно. Идејата е да се најде вистинското искоритување во вашиот аквариум, ние ќе го користиме генеричниот Kno3 протокол за ова. Се состои од додавањето на оваа доза секој ден додека не се стигне до GSA. Потоа, износот на Kno3 што сте го додале е  неделниот износ од Kno3 што ке го додавате  во иднина со цел да имате водена хемија блиска до GSA.

За фосфатите, како за почеток, јас не препорачувам да ги користите во моментов. Сепак, дозата што ќе ја користам за Po4 протоколот е 1 грам на секои 2000литри.

Кога се работи за дозирањето,електронските ваги се толку евтини во USA што не ги гледам за било каков изговор да не купите една.


б Прелиминарно појаснување

Кога се зборува за неделната доза, треба да ја додавате секој ден. Ако не можете,барем поделете ја на три пати.

Ако не ја наведам дозата,секогаш мислам на неделна доза.

Користете Fertilator за додавање на железо и Po4!!! Немојте да ја земате во предвид препорачаната доза од страна на производителот.

Ако имате HQI, тогаш неделното искористување на Kno3 е 4 пати повисоко. Почетна доза треба да биде 4 грама секои 200литри , ако имаш доволно растенија.


2. Напредно ѓубрење

а) Kno3 и Po4

Генеричкиот протокол на Kno3 ќе биде главна алатка за контрола на алги. Ќе се обидеме да го користиме за изнаоѓање на вистинското искористување на No3 во нашиот аквариум.

Генерички Kno3 протокол:

1. Првиот ден 50% промена на вода.
2. Стопирање на прихрана комплетно.
3. Додади дневно 1 грам oд Kno3 секои 200 литри, додека не се појави GSA.
4. Веднаш штом ќе ја  добиете или на седмиот ден, 50% промена на вода.
5. Ако GSA не се појави првата недела, по промена на вода удвоете ја количината од Kno3 во текот на оваа недела.

Во пристапот на ѓубрење, овој протокол работи вака:
Додавате Kno3 секој ден, ајде да претпоставиме ја добивте GSA на третиот ден во 200литарски аквариум. Тогаш неделната доза на Kno3 ќе биде 3 грама поделени во седум дена.

Ако вашиот аквариум е навистина здрав, тогаш преостанатиот износ на Kno3 во водата би требало да биде низок. Ако No3 се крева, тоа значи дека имате проблеми поврзани со CO2, kH, недостаток на светлина, пренаселеност, лоша вода од чешма , итн Во овој случај треба да ги проверите предусловите.

За Po4, треба да се прашувате зошто да го "ограничувам" Po4. Па, здрав аквариум има нормална тенденција на недостаток од No3 и вишок на Po4. Поради оваа причина предлагам да го слушате вашиот аквариум и да додадете Po4 само ако ви треба. GSA и намален лист се симптоми на вистински недостаток на Po4. Од друга страна, знаеме дека microsorums, anubias и marsilea crenata троши многу Po4, во овие случаи знаеме дека може да е потребно.

Би сакал да ја појаснам оваа тема. Ако се додаде повеќе, тоа не значи дека растенијата ќе искористат повеќе. Ако додаваме премногу признаваме дека немаме појма колку ни треба. Целам кон ефикасност.

Знам дека веројатно мислите дека ги ограничувам ресурсите, но верувам дека овој хидрофоничен концепт  не може да се користи само без никакво тјунирање за потопени култури. Причината е едноставна, ние не се занимаваме само со стапка на раст на растенијата, ние треба да се справиме со алгата исто така. Па идејата зад MCI  не е да  се лимитира било што, наместо тоа  јас барам ефикасност. Јас заработував на одгледување потопени аквариумски растенија и имав голема на стапка на растење, со нула алги. Алгите за мене едноставно значеа банкрот.

Всушност, јас ги лимитирам ресурсите, но не Po4,го лимитирам К. Не сакам No3 да достигне нула, ако ставиме премногу К можеме да направиме контраефект.

И главната идеја е дека постојат растенија со приоритетно конзумирање. Со овој концепт Мислам дека само некои растенија искористуваат голема количина на макро и овие растенија ќе го дефинираат ѓубрењето.

Ако треба  да додадеме Po4 бидејќи имаме некои растенија кои го бараат тоа, имаме две можности:

1. Не мора да има доказ за недостиг на Po4, како GSA. Ова се случува кога имаме растенија со приоритетна конзумација, но не доволно за да се менува значително хемијата на водата. Во овој случај можеме малку да додадеме Po4 над листовите со шприц без игла.Дозата може да биде незначителна во ppm,но доволно, ако се грижиме за искористувањето, тогаш тоа може да биде повеќе од доволно.
2. Второто сценарио е кога ние всушност имаме GSA по стопирање на  додавање на Po4. Во тој случај треба да го  користиме Po4 протоколот за да го дознаеме вистинското искористување на овој макро елемент. Po4 протоколот (Контрола на алги пристап: против GSA) (Пристап на ѓубрење: Пронаоѓач на  Po4 искористување) е следнава:


1. Првиот ден, 50% промена на вода.
2. Продолжете со додавање Kno3.
3. Чистење на стакло од GSA дневно.
4. Додадете 1 грам Po4 дневно на секој 2000литри додека GSA престане да се појавува.
5. Веднаш штом ќе се постигне оваа точка или на седмиот ден, 50% промени вода.
6. Ако GSA не престанува да се појавува првата недела, по промената на вода удвоете ја количината на Po4 во текот на втората недела и така натаму.

Откако ќе стигнеме до точка каде што GSA престане да цути, тогаш користете го овој неделен износ од Po4 како неделно ѓубрење на Po4. Ако требаат три недели за да дојдете до оваа точка, треба само да го користите износот од последната недела, не ја додавате количината од трите недели заедно.

б) Ca и Mg

vsutarov

  • Guest
Re: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« Reply #11 on: September 07, 2010, 02:30:37 PM »
 

б) Ca и Mg

 4:1 соодносот Ca: Mg не може да биде успешно употребен под вода. Кога има премногу Po4 во водата и имате нерамнотежа во Ca: Mg сооднос, ќе имате GDA. Во моето искуство, ако ги додавате овие макро елементи, односот треба да биде спротивен, 1:4 - Ca: mg. Идеата е дека не можете да додадете премногу Ca бидејќи Mg не може да се додаде во големи количини.
Ние можеме да дознаеме колку Ca: Mg ни треба на ист начин како  што го направивме тоа со No3 и Po4. Сепак, предлагам подобро да почекате малку повеќе, ако сте почетник.

Mg протоколот  е:

1. Првиот ден, 50% промена на вода.
2. Стопирање на прихрана комплетно.
3. Додади 0,3 ppm на Мg дневно до појава на алга ".3. RODOPHYTAS SP. 3 ".
4. Потоа користете специфичен протокол за оваа алга кој ќе го најдете во поглавјето за контрола на алги.

Со овие едноставни чекори ќе знаете колку Mg ви е потребен. За Ca, само додадете 25% од количината на Mg.

Ова не е неопходно за да се достигне оваа алга, rotalla wallichi, исто така, може да се употреби како bioindicator затоа што се топи кога има премногу mg.

Rotala Macranta е Ca приоритетно растение, така што ќе ја смени потрошувачката на Ca во аквариумот. Не можеме да го потврдиме истото со ammania gracilis, ако ова растение поцрни тоа е  симптом на недостаток на Ca.

Мислам дека CA: Mg соодносот е генерализирање. Приоритетно потрошувачките растенија секогаш го менуваат овој вид на правила, но со користење на чекори што ги напоменав и алгите како биоиндикатори, како слеп човек со својот бастун, можете да го достигнете балансот во својот аквариум.

Не сакам да се користи калциум хлоридот бидејќи може да ги изгори лисјата на microsorum-от. Обично со промени на водата додавате доволно Ca. Другата опција е, ако имате мека вода со ниска кH, да се користи арагонит во вашиот филтер. Тоа треба да биде доволно за растенија со стандардни барања.

Знаете, кога имате нерамнотежа поврзано со Ca, ќе имате алга rodophyta sp.2 (побарајте на сликата во поглавје за контрола на алгата), или ако имате и во исто време нерамнотежа поврзана со Po4, тогаш ќе имате проблем со GD.

в) К (Potasio)

Една од посебните карактеристики на MCI е дека јас не препорачувам употреба на калиум сулфат. Постојат некои причини.

Првата е дека ако го додадете ова макро,No3 ќе биде искористен веднаш и ќе имате алга . Главната цел е  да се избегне оваа ситуација. Сите идеи зад MCI се да има стабилна водена хемија каде знаеме дека сме секогаш сме блиску до GSA. Ако го додадеме К оваа стабилност исчезнува.

Од друга страна, подобро е да не додавате сулфур, кога можеме да го избегнеме тоа. Bacteria oxidation may produce sulfuric acid. Of couse, if you add a lot of Fe you alter the redox ratio and this problem is neutralized but is more simple just to limite the adition of sulfur(нејасна реченица)
Ако имате тврда вода, најверојатно веќе имате повеќе од доволно сулфур и додавање на повеќе со прихрана може да произведе Grey Long Hair Algae  (Видете  во поглавје за контрола на алгата).
K е потребно, несомнено. Но, во моето искуство, со низок К ,додадвањето со Kno3 е повеќе од доволно. Ако моето тврдење не е во ред, тогаш microsrums pteropus треба да стана црно.

Hygrophila polisperma е растение што троши приоритетно К. Јас прочитав дека е предложено да се користи како bioindicator на недостатокот на К. Ова е грешка, користењето на К со ова растение во вашиот аквариум станува гломазно.

Можете да го поставите ова растение само со вода и калиум сулфат,  ќе расте одлично.


г) Ca, K и Натриум карбонати

Тешко е  решението за прашањето за додавање карбонат во водата каде има билен аквариум. Речиси е интуитивно тврдењето за додавање калиум или калциум карбонат или бикарбонат.
Сепак, ние не треба да се грижиме за вкупниот износ од K што го додаваме во водата. Ако  додадете калиум фосфат, нитрат и карбонат или бикарбонат, ние лесно сме додале околу 50 ppm К. Ако ние исто така, додадеме калиум сулфат, тогаш износот на K е премногу висок. K  самиот по себе не е проблем како железото, кои може да стане отровно со високи дози но тоа може да произведе No3 да достигне нула и тогаш би  било проблем.

Ако ние воопшто не сакаме да додадеме толку K, тогаш решението е да се комбинираат Calcium, натриум и калиум карбонати / бикарбонати, со цел да ги задржиме сите нив во прифатливи стапки.

Како што веќе објаснив во Ca / Mg поглавјето, треба да бидеме внимателни со количината на Ca што ја додаваме, ако не сакаме да имаме проблем со Црвени Алги или GD.
Од друга страна pakовите,дискусите и апистосите се осетливи на Cа.

Причината за додавање на карбонати во водата е поврзано со избегнување на распад на баферот, што овозможува pH на водата многу да опадне.
Роден сум во Буенос Аирес, во Аргентина. Живееме покрај реката De La Plata која извира во Мато Groso мочуриштата во Бразил. Водата од чешма има 1,5 KH и едвај нешто  Ca. Никогаш не сум имал проблеми со овој мит за распад на баферот. Рибите може да имаат сериозни проблеми само од тврда вода и висока pH вредност. Botia macracanta е една од нив.

Не сугерирам да имаме 5,5 pH кај нашите риби, само сакам да објаснам дека ова не е толку страшно.

Ја имаме оваа многу мека вода и хобистите  успешно користат арагонит со децении за да се избегне овој бафер дефект. Арагонит, корален песок, е погуст отколку стандарден калциум карбонат што може да се купи. The advantage of this is that the water won’t become white and as soon as its low water dissolving properties, the Co2 will dissolve it slowly when this is need and no more.
Ни треба само мала количина на арагонит во нашиот филтер.

д) Fе

 MCI функционира со само 0,1 ppm на Fе неделно.

PPS и EI методите користат повисоко ниво на Fе. Fе го намалува redox потенцијалот и тоа може да биде корисно ако имате премногу сулфур во водата или ако водата е загадена. Од друга страна, ако ги имаш и двете, Po4 и Fe се високи, тие ќе постанат железен фосфат.

Има голема дебата за тоа,дали растенијата може да го искористат или не. Тоа не прави разлика. Можете да дознаете колку Fе користат вашите растенија ,додавајќи 0,025ppm на ден додека не добиете алги. Верувам дека ова не е потребно, но можете да го сторите ако чувствувате потреба. Алгата што ќе се појави од железото може да се стопира со Kno3 генеричкиот протокол, но ќе треба gluta за да ги елиминирате.

Меѓутоа, верувам дека најдобро е да додадете Po4 и Fe во наизменични денови. Во моето искуство, 0,1 ppm на Fе е доволно. Како и да е, вашите растениа ќе ви покажат, ако навистина им е потребнo повеќе.

Знам дека факт е дека може да имате повисоки нивоа на Fе во вашите аквариуми без појава на алги, но јас исто така знам дека ова е помалку стабилна состојба и нема потреба од тоа. Растенијата нема да почнат  да гладуваат, ако го додадвате Fе na поефикасeн начин.

Но, целата работа е да се фокусираме,а  не да мешаме методи. Можете да додадете помалку Fе само ако додадете помалку Po4. Како што објаснив претходно,се работи за  нерамнотежи, а не недостаток или вишок.

« Last Edit: September 12, 2010, 12:11:17 PM by Admin »

vsutarov

  • Guest
Re: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« Reply #12 on: September 11, 2010, 12:55:12 PM »
 

VI. КОНТРОЛА НА АЛГА-ПРИСТАП

Контролирани нерамнотежи

Во ова поглавје ќе ги опишам протоколите (чекорите). Успешно ги користев за нерамнотежа на аквариумот барајќи GSA како прв чекор, а подоцна барајќи рамнотежа без ниту една алга.

А. ЗЕЛЕНИ АЛГИ

А.1. –ЗЕЛЕНА ВОДА


[Login or Register]
 

Не е многу јасно зошто се појавува оваа алга. Во моето лично искуство, таа секогаш се појавува, кога Kno3 и Po4 нивоата, заедно се високи. Сепак, се чини дека ова не е единствената ситуација, кога се појавува. GW(зелена вода), исто така, е честа појава во нови аквариуми, можеме да шпекулираме дека нитрит, исто така, може да биде хранлива материја што оваа алга ја употребува.
Промените на водата  не решаваат ништо, обично тоа ја влошува ситуацијата.
За да се избегне GW најдобро е да се започне нов аквариум со многу брзо растечки растенија,но не  значи дека тоа дефинитивно го сакате.

Можете да ја решите за некое време со дозирање на Tetra Baktozym.

UV филтер е најдобрата опција. Направите 50% промена на вода пред да започнете да го користите и на 7-от ден престанете со ѓубрење.


А.2. GREEN STRING ALGAE

Оваа алга е поврзана со амонијакот. Ве молам прочитајте за неа во поглавието за квалитетот на водата, со цел да се идентификува зошто имате амонијак во аквариумот.

Протокол

1. Прв ден, 50% промена на вода. Проверете дали водата што ја додавате има амонијак.
2. Не намалувајте ја светлината.
3. Проверете го CO2 нивото, не претпоставувајте дека е добро.
4. Додајте веднаш над алгата со шприц без игла 10 ml/100 литри на hydrogen peroxide. Gluta / Excel е добра опција. Сепак, овие производи го решаваат само симптомот.
5. Престанете со ѓубрење.
6. Додавајте 1 грам  kno3 секои 200 литри дневно.
7. 50% промена на вода на 7-от ден.
Ако имате доволно ракчиња и тие лесно ќе можат да ја исчистат оваа алга, но тие не ја решаваат причината за нерамнотежата. 4 ракчиња на 20 литра можат да исчистат за два дена. Ова е лесно решение, ако веќе ги имате, или ако тие се евтини. Каде што живеам, една кеса со повеќе од 200 од нив чини околу 2 долари, тие се користат како жива храна.

A.3. Sp. SHORT GREEN ALGAE

[Login or Register]
 


Ја имав оваа алга во меѓу период кога го продадов мојот стар канистер и го добив новиот. Во аквариумот имаше многу Echinodorus-и и само неколку брзо растечки на растенија.После недела дена работа на новиот филтер и  додавање на повеќе растенија, оваа алга исчезна.

A.4. GREEN SPOT ALGAE (GSA)

[Login or Register]
  

GSA е поврзана со нерамнотежата меѓу Po4 и No3. Во суштина не постои Po4.

Протокол:

1. Прв ден, 50% промена на вода.
2. Продолжете со додавање на Kno3.
3. Чистење на стаклото од GSA дневно.
4. Додадавај 1 грам Po4 дневно на 2000 литри додека GSA не престане да се појавува.
5. Веднаш штом ќе се постигне оваа точка или на седмиот ден, 50% промена на вода.
6. Ако GSA не престанува да се појавува првата недела, по  промената на водата додади двојно од Kno3 во текот на втората недела и така натаму.

A.5. CLADOPHORA

[Login or Register]
 

Оваа алга е поврзана со нерамнотежата помеѓу светлината и CO2.
Треба да проверите дали CO2 е доволно. Прочитајте го CO2 поглавјето за да дознаете како да ја достигнете максималната доза што можете да ја додавате, без да се ризикува фауната. Ако не постои начин да додавате повеќе CO2,тогаш треба да се намали светлината. Ова е невообичаено и се случува само кога користите природна светлина во летните периоди.
Можете да ги користите Excel за да ја убиете оваа алга, 4 пати на препорачаната доза.
Ако имате ракчиња и не сакате да ризикувате со додавање повеќе CO2, ќе треба да компензирате со додавање на Excell и CO2.
Riccia, Egeria densa и hemianthus micrantemoides страдаат многу со предозирање на Excell.
 
Протокол
 
1. Проверете го CO2 нивото.
2. Користете го Kno3 генеричкиот протокол
3. Додадете ја 4 пати препорачаната доза за Excel

Б. BGA: CIANOBACTERIA (OSCILLIOTA SPLENDENS)

[Login or Register]
 


Cianobacter е поврзана со нерамнотежата меѓу No3 и Po4. Секогаш значи дека има премногу Po4, може да се случи бидејќи нема No3.

Ако имаш дискуси  проблемот веројатно е премногу Po4.
Ако во аквариумот има ливада или glossostigma elatinoides, тогаш проблемот најверојатно е недостигот на No3.

Cianobacter може да се убие на ист начин како и бактериите. Можете да додадете веднаш над алгата со шприц без игла 10 ml/100 литри на водород пероксид еднаш дневно. Еритромицин може да се користи само кога имате премногу ciano.

Протокол 1.

Мала количина на ciano, веројатно е предизвикана поради недостаток на No3. Ова обично се случува кога имате glossostigma elatinoides или многу брзорастечки растенија.:

1. Користете го Kno3 генеричкиот протокол.
2. Вакуумирање на cianobacter или употреба на водород пероксид.

Протокол 2.

1. Користете Kno3 генерички протокол, но додавајќи двоен износ од Kno3.
2. Затемнето го аквариумот 3 дена.
3. По 3 дена, стартувајте го повторно Kno3 генеричкиот протокол со стандардна количина од Kno3 додека не се појави GSA.

Протокол 3

1. Користете Kno3 генерички протокол, но додавајќи двоен износ од Kno3.
2. Затемнето го аквариумот  3 дена.
3. Додади 500 mg на еритромицин секои 100 литри еднаш дневно.
4. По 3 дена, стартувајте го повторно Kno3 генеричкиот протокол со стандардна количина од Kno3 додека не се појави GSA.

В. GREEN DUST ALGAE (GDA)

[Login or Register]
 
 

Има многу забуни за оваа алга. EI укажуваат на тоа дека треба да се почека животниот циклус на овaa алгa да заврши (3 недели).
Меѓутоа, еден мој пријател чекаше 6 месеци, сликата е од неговиот аквариум.
Ја тестирав водата и открив комплексна нерамнотежа поврзана со: 1) CA: Mg, премногу Ca и 2) No3: Po4, премногу Po4.
Три дена подоцна, откако ги решивме овие нерамнотежи, проблемот беше решен.


Протокол:

1. Користете Kno3 генерички протокол плус:
2. Чистење на стаклото секој ден додека GDA не престане да се појавува повеќе.
3. Во иднина, треба да се користат CA: Mg сооднос  1:4.
4. Ако додадете Po4, прочитајте го поглавјето за ѓубрење на Po4.
5. Прочитајте го поглавјето за квалитетот на водата,околу вишокот на Po4 и Ca во вода од чешма.

Д.1. RODOPHYTA SP.1

Оваа алга е поврзана со вишок на Fе.

[Login or Register]

 

1. Користете Kno3 генерички протокол плус:
2. додадете над алгата со шприц без игла 10 ml/100 литри на водород пероксид еднаш дневно. Excell може да се употреби исто така, 4 пати на препорачаната доза.
3. Во иднина, треба да додадете 1/3 од Fе што сте го користеле.

Д.2. RODOPHYTA SP. 2

[Login or Register]
 

Оваа алга е поврзана со комплексna нерамнотежа, каде има премногу Ca во релација со Mg и има вишок на Fе исто така.

1. Користете Kno3 генерички протокол плус:
2. додадете над алгата со шприц без игла 10 ml/100 литри на водород пероксид еднаш дневно. Excell може да се употреби исто така, 4 пати на препорачаната доза .
3. Во иднина, треба да додадете 1/3 од Fе што сте го користеле.
4. Во иднина, промена на CA: Mg соодносот. Ве молиме прочитајте го поглавјето за CA: Mg.

Д.3. RODOPHYTAS SP. 3

[Login or Register]
 



Оваа алга е поврзана со нерамнотежата меѓу Ca: Mg, каде што има премногу Мg.
Ако имате мермер во вашиот аквариум, треба да го отстраните.

1. Користете Kno3 генерички протокол плус:
2. Во иднина, намалете го додавањето на Mg .

Д.4. RODOPHYTA LEMANEA (BBA):

[Login or Register]
 

Недостаток на CO2 и Ca е поврзана со оваа алга.Понекогаш висок KH е причина.

1. Користете Kno3 генерички протокол плус:
2. Проверете KH, евентуално,намалете го KH користејки RO вода.
3. Проверете го СО2. Прочитајте го поглавјето за СО2.

Д.5. RODOPHYTA SP. 5

[Login or Register]
 

Оваа алга е поврзана со нерамнотежата меѓу No3: Po4 каде што е вишок на Po4 и недостаток на СО2.

1. Користете Kno3 генерички протокол плус:
2. Проверете KH, евентуално,намалете го KH користејки RO вода.
3. Проверете го СО2. Прочитајте го поглавјето за СО2.
4. Престанете со додавање Po4,прочитајте за Po4 во поглавјето за ѓубрење.

Ѓ. DIATOMEAS

Зголемете ја светлината !!!!!! Не трошете залудно време на силикати.

Е. BROWN HAIR ALGAE

[Login or Register]
 

Оваа алга е поврзана со вишок на сулфур. Тоа обично се случува кога вашата вода од чешма веќе содржи премногу сулфур.

1. Користете Kno3 генерички протокол плус:
2. Обидете се да добиете анализа на водата.
3. Намалете ја или елиминирајте ја употребата на сулфати (potasium, mg, итн)

Ж. Различни алги во исто време

Треба да го изберете најлошото и да почнете да работите на тоа. Ciano е најлошото секогаш затоа што убива растенија.
Ако ја достигнете GSA, оваа хемија на водата ќе ви помогне да започнете изнаоѓање на долгорочен баланс.

-------------------------------------------------- -------------------------------------------
 
Ви благодариме





« Last Edit: September 12, 2010, 12:13:40 PM by Admin »

Offline Uran

  • BigUran - Osnivac
  • SeaWolf
  • *******
  • Join Date: May 2008
  • Posts: 12154
  • Activity:
    0%
  • Karma: 469
Re: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« Reply #13 on: September 12, 2010, 12:16:48 PM »
So ova ja zaklucuvam temata, site postovi se iscisteni.

GOLEMA OGROMNA POTPOLNA zasluga za ova mu pripaga na Viktor koj potrosi vreme i trud za realizacija.

Uste ednas, tekstot e prevzemen i postiran so soglasnost od Avtorot, argentinecot Christijan.


Offline nenad66

  • SeaWolf
  • *******
  • Join Date: Dec 2008
  • Location: Rio- "pena"
  • Age: 58
  • Posts: 6244
  • Activity:
    0%
  • Karma: 226
Re: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« Reply #14 on: September 12, 2010, 12:30:43 PM »
Celat5a temae ja  postriranv i vo tekstovui. i tamu e zaklucena,taka da tuka moze da se komentira
se ke bide samo na cosiot brada nema da mu nikne

vsutarov

  • Guest
Re: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« Reply #15 on: September 12, 2010, 12:40:26 PM »
Odlicno, vi  55655.

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 46
  • Posts: 7551
  • Activity:
    0%
  • Country: mk
  • Karma: 91
Re: MCI(Method of Controlled Imbalances) metod za kontrola na alga
« Reply #16 on: January 30, 2017, 10:04:24 AM »
Invalid Tweet ID

Tags:
 

Users Online Users Online (73)
Members Google (3)
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2024, SimplePortal