Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Во Штип откриена мрежа на малолетничка проституција
Има ли организирана мрежа на малолетничка проституција во Штип. Во акцијата што ја почна полицијата досега се приведени тројца бизнисмени на возраст од 42 до 65 години, двајца од Штип и еден од Кочани.
Се сомничат дека од јануари наваму на повеќе релации имале сексуални односи со две осмоодделенки од Штип. За услугите богато ги наградувале со пари, сим картичи и кредити за истите.
Со согласност од Центарот за социјални работи во Штип, девојчињата се предадени на нивните родители, а бизнисмените од синоќа се во 30-сет дневен притвор во Прилеп.
„Сторителите на делото се приватни бизнисмени и материјално добро ситуирани. Не можам да кажам дека случајот е целосно завршен и се работи се уште, ќе се проверуваат и ќе се утврдуваат сознанијата со кои располагаме“
Полицијата не открива повеќе бидејќи се претпоставува дека во овој случај се инволвирани и други малолетнички и бизнисмени од источна Македонија.
Неофицијално овој случај го открил и пријавил, вработен во еден од охридските хотели каде биле забележани двете осмоодделенки и осомничените.
禪
Author
Topic: sto sve nema da doziveeme (Read 3548 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|