Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Гледајки дека доста членови започнуваат да садат билки и се среќаваат со првите проблеми,а доста од нив и лутаат во информациите кои ги имаат што е нормална појава,решив да го презентирам текстов кои ги содржи накратко круцијалните правила за започнување на еден ваков аквариум(иако доста работи се повторуваат).
Стартување на нов засаден аквариум
Кога започнувате нов билен аквариум аквариум од нула,прво мора да го исциклирате аквариумот со цел да се развие корисната бактериа.За време на овој период после додавање на субстратот и водата,не пуштаме ни ветла,ниту додаваме риби,ни растенија.Чекаме околу 2-3 дена да водата исциркулира и да се избиат гасовите.
Додавање на риби
Зависно од големината на аквариумот,пуштаме мал број на рибиза почеток за да го почнеме процесот на циклирање.
Стадиуми на Азотно Циклирање
Има 3 стадиуми и секое од нив претставува предизвик сам за себе.
ИНИЦИЈАЛЕН СТАДИУМ:Почнува кога рибата ќе допре во аквариумот.Нејзиниот фецес и урина,како и неизедената храна брзо се разложуваат на јонизиран или нејонизиран амоњак.Јонозираната форма Амониум(NH4) е присутна во водата со pH помало од 7 и не е токсичен за рибите.Нејонизираната форма Амонијак(NH3) е токсична за рибите во било која количина.Штом ке се достигне ниво до 2ppm,рибите се во голема опасност.Амонијакот обично почнува да расте на третиот ден од пуштањето на рибите. ВТОР СТАДУИМ: За време на овој стадиум Nitrosomonas бактеријата го оксидира и на тој начин го елиминира амонијакот.Нус-продукт на оксидацијата на амонијакот е нитритот кој е исто така високо токсичен за рибите.Нивото до 1 mg/l може да биде смртоносно за некои видови.Нитритот обично почнува да расте на крајот на првата недела по внесувањето на рибите. ТРЕТ СТАДИУМ:Во последниот стадиум Nitrobacter бактеријата ги претвора нитритите во нитрате.Нитратите не се високо токсични за рибите во ниски до средни нивоа.Сега можете да додадете повеќе риби.Рутинското працијално менување на вода еднаш неделно ќе ги држи нитратите на безбедно ниво.Стабилизирани аквариуми би требало да ги тестираме на нитрати на неколку месеци за да се осигураму дека нивоата не се високи.
Додавање и одржување на растенија во нов аквариум
Сега сме спремни за додавање на растенија за што не мора да се одстрануваат рибите,само одстранување на вода од 25% пред садењето и повторно вратете ја назад.Препорачливо е менување на водата на 3-4 дена во првите 2 недели,измивање на филтер материјал во одстранетата вода при промената,светлата во траење до 8 часа и додавање на половина доза од ѓубивата.10 часа вотората недела и третата недела со полна доза на ѓубрива.Потоа 12 часа осветлување.Користете колку што е можно био-материјал во филтерот,користет потопна пумпа и покрај филтерот за движење на водата.Нахранете ги рибите па после 1 час проверете го нивото на фосфати и нитрати(фосфатите треба да бидат 0.25мг/л до 0.3мг/л,нитратите 3-6мг/л.Подесувајте ја исхраната на рибите за да ги достигнете овие нивоа.Во високо засадени аквариуми обично се става активен јаглен во првиот месец
禪
Author
Topic: Стартување на нов засаден аквариум (Read 1803 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|