Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Конечно денес повторно стартувавме. Еве и повеќе информации: Димензии-40*25*30(д*ш*в) Волумен-30литри (24ефективни+12лит.надворешен филтер) Температура- 24*с Филтрирање-надворешен стаклен филтер (40*10*30) со потопна пумпа 500лит./час исполнет со биокугли, керамички прстени и 2-3вреќи Греач-200W Осветлување-2 штедливи сијалици од 18w Подлога-земја florabella изварена 10-15 мин. Песок-црна ризла 2-4мм Позадина темноплава самолеплива фолија ЦО2-во изработка од квасец Капак-diy(од дома што се нашло) комструкција од летвички на кои се прицврстени сијалиците,сето обложено со алу-фолија,па лесонит и од надвор сива самолеплива фолиија.Моментално се циклира со вода и бактерии од созреан аквариум и за неколку дена треба да се населат и првите жители за почеток (paracheirodon inessi, red chery shrimp, ancistrus), а понатаму здравје. Наното сакаме да биде уредено по iwaqumi, меѓутоа моментално сме во барање на соодветни камења и растенија. Кога сме кај растенијата моментално по аква шоповите е тапа со ситнолисни ниски растенија па доколку некој знае каде може да се најдат нека не упати, или пак некој да продава или ако има вишок нешто (glosso,cuba,eleocharis,richia fluitans ) или нешто слично па може и некоја мов за почеток. Сликите ке бидат поставени за некој ден.
禪
Author
Topic: нашиот нано 30 литри (Read 5508 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|