Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
КРАЛОТ НА ПОПОТ ОСТАНА БЕЗ СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕТО ВО СКОПЈЕ Украдена спомен-плочата на Мајкл Џексон во Шутка?! Четириесет години живеам во Шутка и овде немам видено споменик на пејачот Мајкл Џексон. Општината и нејзиниот совет имаат неколку предлози за поставување на споменици на наши заслужни граѓани, но на Мајкл Џексон се уште немаме. Ние како општина го цениме делото на Мајкл Џексон и доколку има иницијатива од граѓаните, ќе ја изгласаме и ќе направиме споменик на поп-иконата. Досега имаме предлог да поставиме споменик на нашиот заслужен сограѓанин Фаик Абди, но тој е жив, чекаме да почине па да му поставиме - изјави Аднан Мемет, шеф на Кабинетот на градоначалникот на општина Шуто Оризари Спомен-обележјето поставено во чест на најголемата светска поп-ѕвезда легендарниот Мајк Џексон од граѓаните на Шутка пред повеќе од една година неодамна е украдена или тргната од локалните власти. Спомен-обележјето кои жителите и фановите на поп-легендата постхумно му го подигнаа на улицата "Шуто Оризари" на потегот меѓу училиштето "Браќа Рамиз- Хамид" и Затворот во Шутка, до неодамна беше симбол за нивната непребол. Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам вчера не беше достапен за одговор дали спомен-плочата е тргната од страна на општината или истата е украдена. Но неговиот шеф на кабинет Аднан Мемет вели дека нема таква информација дека воопшто таков споменик има на територијата на општина Шуто Оризари. - Информациите ви се неточни дека овде има такво нешто. Четириесет години живеам во Шутка и овде немам видено споменик на пејачот Мајкл Џексон. Општината и нејзиниот совет имаат неколку предлози за поставување на споменици на заслужни наши граѓани но на Мајкл Џексон се уште немаме. Ние како општина го цениме делото на Мајкл Џексон и доколку има иницијатива од граѓаните, ќе ја изгласаме и направиме споменик на поп-иконата. Досега имаме предлог да поставиме споменик на нашиот заслужен сограѓанин Фаик Абди, но тој е жив чекаме да почине па да му поставиме, изјави Мемет. Големите фанови на поп-легендата, како што сами се нарекуваат жителите на Шутка, велат дека после неговата смрт ова со бистата многу ги погодило. Тие не знаат каде е спомен-плочата на нивниот миленик, кралот на попот Мајкл Џексон. Според изјавите на дел од нив, најпрво мермерната плоча била исклесана од локален мајстор кој за работата не зел пари. Истата била поставена и стоела до пред некое време на ул. "Шуто Оризари", од каде пред извесно време ја снемало. Според жителите кај спомен-обележјето неретко знаело спонтано да се соберат имитатори, колекционери па дури и деца кои го носат неговото име и во негова чест да одиграат и отпеат некоја од неговите светски познати песни. Превземено од [Login or Register]
禪
Author
Topic: Vest na mileniumot:)))))) (Read 1095 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|