Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Да ви го представам мојот малечок аквариум, кој сега изгледа како џунгла Аквариумот е почнат од пред 5 месеци, а од тогаш е 2 пати ре-стартуван, и многу пати преуредуван. Малце подетално објаснување за аквариумот: Спецификации: - Димензии 48x26x36cm, 6mm стакло (има околу 40 литра вода) - Филтрација со надворешен филтер, 600L/h со 3 нивоа на филтрација - Внесување на CO2, со CO2 Glass Nano defuser - Пумпа за воздух, со 2 распрскувачи на ситни меурчиња - Осветлување околу 1WPL (44W) (неонка 10W - 6500K, неонка 8W - 5000K, аквариумска неонка 10W (red color) - 20000K, и 2 штедливи сијалици од 8W - 6500K) - Греач (што баш не се користи во моментов) и клима во соба за да не направам рибља чорба (во план ми е да земам water chiller систем) - pH drop checker - Грд мерач на температура кој ќе го заменам со дигитален Риби: - 1 Xiphophorus helleri - ми остана од првите риби и несакам да ја отстранам - 15 Guppy - 5 големи и 10 мали од нив (во план ми е да ги тргнам сите) - 10 Zebra danio - 10 Chili rasbora - 10 Spotted gertrudae - 3 Corydoras - мислам дека се paleatus не сум сигурен - 1 Bicolor црн со црвено - 1 чистач за стакло, како ли му беше името незнам - 1 алар (ни овој незнам како се вика), сив со црна линија на средина - 1 Botia, бела со црни шари и 2-3 полжави што ботиата најверојатно ги остава намерно (незнам дали да ги извадам) ? Растенија: Не ги знам баш имињава, некои се гледаат на сликите, некои што ги знам ќе ги пишам: - Vallisneria spiralis - Vallisneria nana - Anubias nana - Java moss - Амазонка класична - Лист за намалување на pH и има уште 8 други типови кои стварно не ги памтам.. Дрва: - 2 поголеми мопан - 1 мало мангрованово Останати информации: - Подлога од Sera за растенија - Dajana Plant root таблети - Кварцен песок (1mm), ситен песок (под 1mm), и друг песок (од 1mm до 4mm гранулација) - Sera bio nitrivec - Sera aquatan - pH е 7.5 - gH се движи од 11 до 15 - Осветлувањето е уклучено 10 саати во текот на 24 часа. - Температурата се движи од 25 до 29 во летниве горештини, предходно беше на 24 цело време (а од септември ќе биде стабилна сo системoт за ладење) И на крај еве ги сликите, и чекам ваше мислење, предлози, критики, итн Поздрав.
禪
Author
Topic: Dimitar 40L (Read 3521 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|