Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Донесоа во битола во еден дуќан рамирези, надвор жешко што да ти зборувам и на сета жештина слегов со такси по 15 до кај селската и зедов 2 рамирези. Се вратив назад накај дома , испив едно кафе и реков доста му е аклиматинициризирање на рамирезиве, и ги претурив во аквариум а водата му ја дадов на фикусот што ми стои во претсобјето.Се распливаа шо се распливаа, им дадов малце храна,се накркаа да можеа цигарите да горат под вода, и ќе запалеа по една цигара. И се беше во ред дента, се рушија од пливање, де грбно, де ватерполо изиграа па ја дупнаа топката, па плехостамусот бранеше ама цело време голчина му даваја, па платициве демек навивачи многу бучава правеа му ја зедов топката, и нешто се нанервираја рибиве и не беа баш весели... И другио ден станувам, го глеам едниов рамирез, бели точки фатил на опашката, ко 15 годишно дете ф`ски ко ќе се нареди на сурато, од пубертето демек.Ме фати нерва за рамирезите и реков сеа ќе те фрлам на мачката, таман го извадов, да и го даам на мачката, гледам друга риба и таа бела точка фатила, шо значи не е само овој и го вратив, спаси жива глава. Им плеснав еден лек, протоекс, ја напрае водата плаво, ко течноста на реклама за влошки шо е. Помина брзо дејството точкиве си стојат, и другиот ден им ставив друго средство против бактериолошки болести и ред други финти , се вика ПРОТОБАК. Го турив внатре, поминаа белите точки и рибите се супер. Е сеа прашањево ми е, абе водава е уште зелена, од лекот, да заменам 50 % вода ќе ја исчисти или само јагленот ќе ја избистри како што треба?
禪
Author
Topic: Хитна помош.. (Read 1605 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|