Prebaruvanje
Posledni Postovi
|
The first post content
Ете, после многу размислувања, многу прашување и учење, тормозење на членовите од mkreef, дојде и тој момент, да соберам некоја паричка и да го почнам проектот за кој оддамна мечтаев.
Идејата беше децава малку да навлезат и во дој дел од еко системите, оваа слатководната веќе им станува банална, плус и многу е живо, се нешто мрда, шарено е, илјада чуда има внатре.
Бидејќи живеам во мал стан од 40м2, голем морски аквариум не доаѓа в предвид, остана да се разгледува најмалата опција, малечок морски, пико или како веќе ќе го викаме.
Значи 30-тина литри, колку што може поедноставно. Дополнително, сакам да поднаучам нешто пред сериозно да инвестирам, па си реков да пробам за што е можно помали пари да направам ексеримент, и да докажам, се надевам успешно, дека воопшто не е скапо да се има мал морски биотоп дома.
Идејата е секако да се популаризира овој прекрасен дел од акваристиката кај нас, гледате дека веќе не тресе морска грозница, иако цената на бензиот отиде во небо, сепак мислам дека би било прекрасно секој да проба и да види како се плива во солени води.
Морам да напоменам дека ништо од ова не ќе можеше да виде реалност, да не се тука секогаш расположени да не израдуваат, нашите увозници на аквариумски добра, поздрав, до Боро и Мики, сила сте !
И така, мора уште на почеток да се каже кој ќе бидат очекувањата од вака мали аквариуми.
Главната водилка ми беше:
- Што е можно поедноставна комбинација. - Да не е претерано скапа и за инвестиција и за одржување. - Ќе има само еден аквариум, главен, нема да има сумп, рефугиум, скимер и останати помагала за биолошка филтрација. - Целата био - филтрација ќе биде на живиот камен. - Нема активен јаглен, одстранувачи на фосфат и нитрати, ќе има некоја макро алга, chaete, на пример, ставена во филтерот, кој ќе се гриши да троши нитрати и фосфати. - Нема да има додавања на trace елементи или слично, ќе има само редовна замена на вода 15% неделно како надополна на се што им недостасува од елементи. - Нема чување на риби, ракчиња или било што поголемо, што би го теретело био системот. - Ќе има само обичи и отпорни корали, кои не се премногу захтевни. - Светлото ќе биде штедлица сијалица , покасно може да се надополни / замени со LED. - Ќе има hang-on филтер, каде ќе биде греачот и алгата. - ќе има мала пумпа за циркулација, а за истата ќе допринесува и самиот hang-on.
Тоа е главната идеја, си мислев во канцеларија да го носам, ама не дава душа, си го ставив во дневна на маса, барем децава ме поддржаа за тоа.
Следува дополнителна доза на гнавење, прашување, досаѓање, така да се извинувам однапред ...
Поздрав, Анровла
禪
Author
Topic: малечок морски аквариум на анровла (Read 69014 times)
0 Members and 1 Guest are viewing this topic.
Tags:
|